најчесто овие три, пред се бидејќи мирисите им се нанападни и нежни ама најубав мирис има дефинитивно вториов, башка е наменет и за нега на пазуви после бричење/депилирање
Како антиперспиранти најчесто избирам рол - он. До сега задоволна бев од Fa спреј но со последното лошо искуство од Fa - стик, не ми се зема повторно од нив. Искуства од летово: Го дотрошувам рол - он варијантата на Nivea - pearl and beauty. Не сум голем фан на Nivea, а го земав по препорака. Малку поголема физичка активност или малку повеќе време на сонце и заштитата престанува овде. Што се случи со рол - оните на Reksona? Одамна барав нивна рол - он варијанта. После толку време конечно си пронајдов еден кој за мене и немаше толку добар мирис но бидејќи претходно имав користено рол - он на Rexona сепак го земав (после сите превртени маркети, конечно пронајдов и беше едно од последните 2 на рафтот). Се надевам дека го има истиот квалитет од пред неколку години. B.U. - освен делот кој доколку не се нанесе внимателно остава бела трага, немам посебна забелешка. Понекогаш знаеше да попушти.
Да ми препорачате антиперспирант што не содржи соли на алуминиум. Има ли такво нешто?Знам едно време имаше некоја реклама за антиперспирант со сребрени јони,само никако не можам да се сетам кој беше.
Го користам веќе некое време ова од Dove и ми се допаѓа . Има јак мирис кој не ми се допадна но кога ќе се нанесе на кожа е понежен и поубаво мириса. Добро штити, не остава бело
Во последно време се префрлив на антиперспирантите од Кам. Засега сум задоволна, ги користев скоро цело лето. Е сега јас немам некој голем проблем со потењето и ми вршат работа. Исто имаат и супер цени.
Моментално овој го користам. Добар е,убаво мириса,свежо,не многу нападно и не ми се меша со парфемите.
Користам само дезодоранси, за Антиперспирантите имам слушнато дека се многу штетни, бидејќи го спречуваат потењето и штетните материи кои треба да излезат преку потта од организмот остануваат, што е особено штетно и опасно за градите.
Не е аш така, Анти перспирантите, стиковите и рол-оните содржат алуминиум што ги затвора порите и не дозволува потење, но во никој случај не се штетни. Но и тоа е релативна работа колку навистина можат да го спречат потењето 100% како на рекламите. Можеби во во нормални услови да но при напор или при пеколни температури, стресни ситуации, тешко дека ќе може 100% да те заштити. Знам дека се непријатни и оние кругови под пазувите но битно е да се спречи непријатниот мирис. Моментално користам Нивеа, стик, и задоволна сум од мирисната нота која им ја дава на моите пазуви.
Си ги менувам овие 3 антипреспиранта ама ке го издвојам Rexona Sexy бидејќи е подобар од овие два. Исто така го користам и B.U. плавиот.И овој е добар. Но се разбира дека ни еден не е 24h ефикасен.
Дезодорасни, нешто најштетно што можеме да го ставиме на телото!Првин се штетни по нашето здравје, а потоа и по околината, плус не штитат никако, ми се чини повеке се знојам кога ке ставам, единствено што мирисот им е траен. Воопшто не ги користам строго рол-они.На Гарниер ми се најефикасни, ме штитат доволно од потење, од непријатна миризба, не ми ја иритираат кожата, се на се 5ка од мене, не планирам да ги менувам.
http://www.thefind.com/beauty/browse-re ... -deodorant од овој стик на Rexona ми потекоа лимфните жлезди и никогап веќе нема да користам било кој производ на rexona. Сега користам дезодоранс на НИВЕА