Го користам Rexona pure silver и сум задоволна, не ми остава траги, не мириса силно и значително ми го намалува потењето
Ова Рексонава у последно време ми има контра ефекти.. Кога ќе си ставам од неа и кога ќе се испотам тоа е неподносливо луѓе! Tаква реа се шири.. аууу, никогаш не сум мирисала така.. Затоа престанав да ја користам и неа и сите антиперспиранти што ги користев, и сеа си користам дезодоранс и супер ми е
Убав е, не остава бели траги, заштитата е солидна - зависи која како и колку се поти, но мене ми е солидна и мирисот е нежен и доста долготраен. Дали би го купила повторно? - Да, затоа што покрај убавиот ефект се заљубив во мирисот.
Да така нешто по здрава варијанта барам Слушав исто и за некој си камен.Па дали некој го користи и дали е задоволен?
Сода бикaрбона на влажни пазуви, неколку месеци веќе само тоа користам, ниту се потам , ниту има непријатна миризба
Така прашеста на навлажнети пазуви ја нанесуваш Анастасијаки? Мислам дека сум забегана со хигиената, по 10 пати дневно се туширам, мачкам, ама пазувите ги умирам со еден тон антиперспирант ( сега моментално користам дури 3 на Dove), и сакам да олабавам со овие "заштити" зошто осеќам ги гушам. Сум чула за сода бикарбона, ама скептична сум и не сум пробала. Баш ќе пробам, само дали сува или измешана со нешто ја ставаш...
Да, ќе ги навлажнам пазувите и со суви раце само истурам од ќесичката сода и нанесувам на пазувите, мора да се мокри тие за да упие содата, мене многу ми помогна верувај воопшто не мириса. Сега како за свадба демек зедов еден антиперспирант и ставив пред некој ден од него пак се запотив и некако тешко мирисаше, а со содата мириса на чисто на убаво, и башка што на пример денес ставам и утредента исто има дејство не мириса потта Пробај сигурно ќе делува и кај тебе
Од Дав сум најзадоволна, сите ги имам пробано и сите ми се поденадво добри, највеќе ми се свиѓа Дав Ориџинал. Рексона ми се тапа сите, само Showe Clean ми е ок, ама многу јако мириса ко парфем да си ставила... Нивеа ми се исто ок, ама зависи кој, Double Effect и Pearl beauty ми се фаворит. Гарниер катастрофа, Буржоа многу убави мириси имаат ама заштита еднаква на нула. Од стиковите од сите сум задоволна, поголема заштите нудат од дезодорансите дефинитивно и тука ми се сите подеднакво добри и Дав и Нивеа и Рексона се сите тука некаде. Рол они не користам, ме нервира кога ми е ладно под пазувата
Како антипреспирант користам стик од рексона и навистина сум задоволна од нив . Од сите други стикови и на нивеа ми остануваа жолти дамки на сите блузи , дуксери . Еве овој го користам од рексона и не би го сменила а и мене убаво ми мириса :
Спрејот го користам моментално,убаво мириса,не ме пече по прскање и подобар ми од Дав,го земав 139 ден од Гиго
Има прекрасен нежен мирис, заедно со антиперспирант на нивеа мене ми е супер погодок. Нов ми е, па немам добро испробано дали остава бело на црна облека, зашто јас го пробав на бела. Веројатно не остава, од нивеа оваа „линија“ антиперспиранти не ми направиле досега проблем.