Предходно најчесто Рексона користев, сега си го зедов Nivea Stress Protect спрејот. Ми се допага како штити, а мирисот е прекрасен нежен, киселкав како на портокал. Следно ми е Nivea Powder Touch.
^^За заштитата се согласувам,ама некако мирисот ме потсеќа на бугарски парфем,некако тешко ми мириса...Иако од парфемот многу не го чувствувам,но сепак,мирисот му е слаба страна.Според мене,барем.
Има ли некој користено од Авон тие што се за под пазуви Onduty ама спрејовите не ролончињата? Задоволни сте?
Имам користено секакви. Порано користев рол-он На Авон и Орифлем катартофа не заштитуваат ич Потоа течен гел на Ладу Спеед Стик Но имав непријатно чуство на лизгање под пазува во првите минути. Потоа се префлив на стик Нивеа и Lady speed stik но заклучив дека не се добри за летно време стиковите - некако оставаат бело и по некое време се заурдува и многу лошо изгледа и од пред 3-4 години редовно си користам дезодоранси бидејќи добро ми дојдоа и за волетои за во зима кога сум наоблечена многу не ми ги шлакаат толку блузите како стиковите прво пробав со ФА и никако не ви ги препорачува џабе фрлени пари потоа со Адидас исто мнгу незадоволна Поселднава година ги користам следниве зависи како ќе ги начекам на акција најчесто така ги зимам и си правам залиха секако ги трошам за неполн месец и топло ги препорачувам на Рексона, Нивеа а послебно на Гарниер преубави се.
Може да ти речат убави се само некој кој што е зачленет. Реално за таа цена и поевтини имаш на Нивеа што се знае е германски квалитет, а овие на авон имаат само напумпани цени и на таа цена ќарат 30 луѓе во нивната пирамидална структура и кога ќе видиш реалната цена ќе и дојде 30-40 ден, што мислиш какви може да произведат за тие пари?
Спојлер Не можам да најдам соодветна слика од спрејот, но дизајнот на шишето е ист како овој на ролонот. On Duty од АVON го вбројувам во листата на најлоши антиперспиранти на сите времиња. Не поради својата заштита (искрено не ни забележав), туку поради неговиот невообичаен и за мене доста непријатен мирис кој потсетува на некој хидроген, на фарба, на колор шампон, не знам, на некој продукт за коса, да не речам ама ми мириса како кога ќе влезеш во фризерница. Доста одбивен мирис ми има. Големо не.
А само што се двоумев дали да си го порачам ама јас тоа со црвенкото го сакав исто така спрејчето. Инаку ретко кој ќе ги пофали ролончињата од Авон или Орифлеим. Инаку јас работам со Авон од други производи сум задоволна ама ролончињата не. Исто и тие од орифлеим. МОментално дома имам едно од Авон машко и едно од орифлеим. Тоа од Авон ако ставам по 1 саат да се испотам малку непријатен мирис се чуствува. А тоа па од орифлеим лепи нешто.
^ Не знам за друго, јас ова го имам, сестра ми го имаше порачано па нејзе не и се допадна, а богами ни мене.
Мене веќе ништо не ми помага... ни рексона ни нивеа. Незнам што се случува дали е до мене или или до новите антиперспиранти. Се туширам сабајлечки ставам од чудово и до 13h на работа можам да осетам гаден мирис на антиперспирантот. Не премногу но мене ми пречи никогаш не сум имала ваков проблем.Сега прочитав за содата па обавезно ќе пробам. Нешто ми се врти во глава некој камен кристален или слично против потење имате нешто чуено?
Joelle, претпоставувам прашуваш за ова: http://en.wikipedia.org/wiki/Alum Користам ваков камен веќе некое време. 100% е природен (единствена состојка е potassium alum т.е калиум алуминиум сулфат), едноставен за употреба, не остава дамки на облеката и најважно - ефикасен е. Спојлер Еве го
Јас воопшто не сум задоволна од стикот на нивеа stress protect.. Ни штити од пот, ни од миризба.. Џабе го купував А го имам и тој од Дав со краставица, и само од миризба штити а од пот ич.. Ај препорачајте некој стварно добар стик или дезодоранс што можам да го најдам во аптека/маркет.
Летово го купив и сум скроз задоволна. Има пријатен мирис, не остава траги на облеката и најбитно штити од потење.