Јас сум задоволна од антиперспирантите на Нивеа. Солидна заштита. Еден од нив ми е во омилените продукти на месецов.
Гледаш дека навистина помага.Е сега има една недоумница.Велат дека во оваа обичнава сода имало алуминиум,кој нели не е здрав,затоа за таа цел почнав да купувам од биохрана посебна.Цената е некаде 250 ден за кг.И нагласено е на етикетата дека не содржи алуминиум.Со онаа од кг ќе имам до кај 50 година да се мачкам.
Јас со сода бикарбона уште не сум пробала, ама денес го сефтосав део кристалот на Балеа, и како за прв ден резултатите се зачудувачки. Јас ич не поднесувам мириси на антиперспиранти, ги ставам затоа што морам, а ми се гади од нив. Ова чудово сабајле го ставив и еве до сега нема никаков мирис. А само што вежбав, што значи и дека сум се испотила.
Со години го користам, според мене најдобар антиперспирант! Штити од пот, нежно мириса, не остава траги на облеката.
Од сите антиперспиранти што ги имам користено до сега (претежно спрејови) најзадоволна сум од Нивеа и Дав. Последно што купив од Нивеа е sensitive&pure спрејот. Искрено по грешка го земав, не прочитав дека е без мирис (битно видов дека е сензитив а во моментот токму некој таков ми требаше заради лишаите што ми ги предизвика спрејот од Гарниер) и бев многу скептична ама супер се покажа. Заштитува од непријатна миризба и не остава траги по облеката.
Elanor, мојот го купив од локален супермаркет, марката е Deliplus. Не верувам дека се увезува во Мкд. Но, еве гледам погоре и Ариел споменала за ист таков продукт, на Балеа и претпоставувам го има во ДМ. Исто така и Sante има ваков кристален камен, а и многу други марки што произведуваат природна козметика. Во спојлер линк околу наводната штетност и на овие продукти. Колку што сум читала на темава, мислев дека алуминиумот од овие продукти не се апсорбира во кожата, ама изгледа темата е доста дискутабилна. Не ги пропуштајте и комантарите - има интересни искуства. Спојлер http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2010/02/16/aluminum-lurks-in-crystal-deodorants.aspx
Благодарам за одговорот. Конкретно ме интересираше тој кристал што ти го имаше постирано затоа што е со калиум алум, кој како соединение се наоѓа во природата. Оној на Балеа е со амониум алум, кој се произведува синтетички. Иако и кристалите содржат алиминиум. Точно, мислењата за нивната штетност се поделени. Соединението од кристалот создава тенок филм под пазувата кој не дозволува размножување на бактериите кои се причинители за непријатниот мирис. Не постои задоволителна студија која покажува колку од алуминиумот кој алум соединенијата го содржат се апсорбира во кожата. Внимавајте на содата бикарбона која ја користите. Обичната сода бикарбона содржи алуминиум. Онаа која не содржи се продава во делот за здрава исхрана и е далеку поскапа.
^ До сега нема ниеден задоволителен факт со што ќе се потврди штетноста на алуминиум како состојка во антиперспирантите. Со оглед на неговата застапеност (трет најзастапен!) логично е дека телото е научено и да го впива но во исто време и да го отстранува заедно со други токсини. Мене повеќе би ме загрижиле останатите состојки како на пример пропилен гликол, пропилен карбонат, бензил алкохол,... Не сакам тешки мириси и затоа се задржав со користење на Rexona од алое вера. Има многу нежен мирис, не ми има оставено ниедна дамка на црна облека, може и зошто го оставам да се исуши на мене пред да облечам било што. Исто така користам и стик на GARNIER, intensive 72H maximum protection.
Морам да го пофалам мојот нов антиперспирант од Гарниер. Нуди одлична заштита од пот, има некоја нежна пудреста нота во мирисот што ме фасцинира. Не ми ја суши кожата под пазувите, напротив како да ја негува и прави уште помека и миризлива. Антиперспирантното дејство трае баш 48 часа како што е наведено. Се работи за Garnier Mineral Skin 5 protection, со виолетово капаче. Плус одличен е за цената.
Повеќе ролоните од Нивеа не ми помагаат. Се одлучив за Нивеа во спреј форма, искрено се двоумев помеѓу неколку, но на крај се одлучив за stress protect. Го користам само неколку дена, па уште не сум донела заклучок дали ми се допаѓа или не.
последно го купив овој и ми се допага и мирис и заштита и досега сите сум ги пробала и од никој не сум се разочарала
Јас веќе неколку години користам антиперспирант Rexona,само тоа ми помага со оглед на тоа дека многу се потам..А најчесто користам Rexona Oxygen зошто ми е едноставен.
Предлог за анти-перспирант кој навистина заштитува? Ни Нивеа во спреј форма не ми помага повеќе. Ќе се обидам со Rexona, па ќе видам.