Користев подолго време Rexona зелена. Кожата толку многу ми се презасити што после капење се потев и имаше непријатна миризба,буквално после капење! Земав антиперспирант од Гарниер и премногу сум задоволна! Искрено го препорачувам на сите!
И мене гарниер ми е незаменлив. Нит мириса тешко како дезедоранс (нивеа користи сестра ми и ме гуши со мирисот), ни ме поти (што е најважно) и не помнам кога некогаш сум мирисала лошо од кога го користам а и трае многу, никогаш не сум носела дезедоранс со мене, немало потреба..
Имате кристален камен од Ројал (околу 10 евра, ама трае 2 год.), а во Зегин има од Кристал (има повеќе видови: камен, рол он и спреј со мирис-лаванда, камилица, лимон и др.). Кристалниот камен е чист, природен, се потите нормално, не запушува ништо, нема мирис, не остава бели траги. Малку е поскап, но исплатлив зошто бавно се троши. Јас го користам со години наназад и го препорачувам. Сите кои го купиле се задоволни. (Само може да не им држи многу време на некои кои имаат проблеми со потење, посебно на лето).
Ме интересира дали некогаш имате чешање под пазувите како последица на користење на антиперспиранти? Баш во последно време ми се случува тоа а не знам зошто. Го користам тој на BU лилавиот и баш ми е супер ама многу чеша. И зедов на сестрами за да пробам друг ама и од него исто.
Да Анина, мене истото ми се има случено со стик Рексона. Нанесувам на чисти пазуви, кожата ми се перути и ужасно ме чеша и црвенее. Ми се случи и со антиперспирант на Гарниер, еден со зелено капаче, не памтам каква слика имаше на амбалажата. Решение - не знам, јас ги баталив и двата, сега ги имам Рексона алое вера кој си го користам со години и овој твојов BU , меѓутоа еве мене ми е во ред, немам ваква реакција од него.
Со користењето на разни антиперспиранти одвреме на време ми се јавуваат флеки на пазувите. Ме интересира како би можела да се ослободам од истите?
Voopsto ne sum zadovolna od bezbojniot na nivea,nasproti tie od oriflame.Mi se cini edinsven dobar proizvod im se tie. Pogotovo tie so poneparfimirani i poneutralni stos e.Znaci zboram za stikcinja. Istoto go predlagam i na @anina i @Mishela pa i site koi ne probale. Mada sekpja koza razlicno deluva na razlicni raboti.
Само да те известам, земав кристал. Не е нешто посебно јас го пробав добар е, но мажето не го бендиса. Он сака да му мириса на убаво а ова е без мирис, башка му смета сега на ладничково да се топи со вода
И мене истoтo ми се случувa. Oд секoј aнтиперспирaнт ме чешaaт пaзувите. Сегa кoристaм еден кaмен и oд негo се стaвa пoд пaзувите. Oткaкo гo кoристaм кaменoт, пoвеќе гo немaм прoблемoт сo чешaњетo.
Здраво на сите, гледам сте отвориле тема за деодоранси, рол он и антиперспиранти, па доколку ве интересира, штотуку напишав една статија на оваа тема на мојот блог http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_22.html. Кои состојки треба да се избегнуваат, зошто е важно да се користи природно, а оставив и два лесни рецепти за деодоранси во спреј и стик доколку сте љубители на проектите направи сам. Се надевам ќе ви биде од корист. Пријатно читање и благодарам за вниманието. Поздрав
Неколку години активно го користам антипреспирантот на Гарниер, па би сакала да го сменам за некој добар.. Предлог?
незнам дали некоја друга користи ФА нутри скин.... и сите ФА стикови...? јас сум мењала од сите ама секогаш се вракам на нив,најмногу ми одговараат оти само со нив сум сува под пазувите.
Јас користам Гарниер, веќе подолго време. Презадоволна сум, а и никогаш не сум имала повеќе проблеми со мирисот (имам чудна кожа, многу се потам, и често антипреспирантите целосно не ми го прекриваат мирисот, се измешува мирисот на антипреспирантот и потта). Така да, не го менам