Најзадоволна сум од Рексоната која ја прктикувам во лето, посвежо ми мириса (зборувам за таа со плавите шари, не го знам точно името). Во зима Гарниер, за мој вкус малце потежок мирис има. Како и да е и од двата сум презадоволна, заштитата им трае долго, цената им е нормална не напумпана, никогаш не ми направиле бели флеки на облеката и слично. Само пофалби и за двата типа!
ми треба стик/рол-он што навистина ја остава кожата сува. значи има многу производи кои ги рекламираат како dry/extra dry ама од искуство прашувам да ми препорачате. имам крем фустан со спуштени ракави и од потта се прават како полумесечини некако од напред на рамото. инаку сум против производи кои го спречуваат потењето и користам кристален камен ама еве за овој фустан и само во случаевите кога него го носам ми треба друг антиперспирант. некој предлог?
Сакам да ве прашам дали некој од вас ги има користено производите на Crystal има различни антиперспиранти како стик, ролон и спреј. Лични искуства, кој од тие е најдобар?
Dove dezodoransite se nezamenlivi,gi imam koristeno site boi i sekogas si kupuvam razlicni,od site sum zadovolna
Ме интересира дали некој го има користено Crystal Essence Body Spray - Lavender & White Tea, И импресии? Во ДМ 345 ден.
Нивеа, имав користено на Рексона и Балеа, ама ете сега Нивеа користам и задоволна сум не мирисам на пот. Поточно на кожата под мишките не и треба толкава нега. Не можам да се оставам така да мирисам иако не се медицински препорачливи.
Нивеа. Од Рексоната кога прскав одма почнував да кашлам, да се гушам ми го дразнеше грлото мислиш ќе повратам секој момент. Дали ова му се десило и на друг од Рексоната или само мене?! Дај кажете како сте задоволни вие кои ги користите део спрејовите на алверде? Секоја препорака за добар антипреспиран без алкохол и алуминиум е повеќе од добредојдена.
@Biodevojka ќе можеш да ми препорачаш рол он без штетни состојки кој ќе го неутрализира мирисот и нема да ми го спречува потењето?
од поевтините дефинитивно на алверде сите рол он се убави особено оној кој моментално го користам со алги проѕирен е (единствен кој не е бел како производ) околу 150 денари беа не ми текнува точно, потоа на ла сој околу 280 убав е оној со лаванда, другите што ги имам користено се поскапи од 600 денари па нагоре, не знам до која цена те интересира. Поздрав.
Мене ме интересира колку ефикасно си ја вршат работата? На пример после тренинг со ниту еден од антиперспирантите на Нивеа,Рексона и сличните(што за жал се полни со штетни состојки) не ми се јавува непријатна миризба. Дали тоа се случува со овие кои се на поприродна база? Дали ги имаш тестирано во топли услови,во денови кога си повеќе во движење и сл.?
Здраво драга, ги користев цело лето и тоа наизменично многу марки. За мене се ок, јас се потам многу, и можам да речам дека го неутрализираат мирисот ама продолжуваш да се потиш значи нема да го спречат потењето. Потоа ова многу зависи од организам до организам, не сме сите исти и различно се потиме. Јас на пример летно време ставав еднаш наутро и еднаш попладне и ок ми беше, тебе може и од три ставања да ти биде ок или само од едно. Затоа треба да се проба. Поздрав.
Сакав да почнам со користење на кристален камен бидејќи имам многу цисти во градите, а пазувите ми беа угушени од дезодорансите. Се мислев за рол-онот на Crystal но во декларацијата прочитав дека содржи Potassium Alum, односно еден вид алуминиум. Како што сите знаеме алуминиумот не се исфрла од телото и тој само се таложи. Прогуглав за да видам која би можела да биде замената за Potassium Alum и прочитав дека тоа е Ammonium Alum. За разлика од Potassium Alum, Ammonium Alum останува на површината на кожата и ги спречува бактериите да се размножуваат. Не ги блокира каналите и дозволува потта да се исфрла од телото. Единствена состојка во део-кристалот од Balea е Ammonium Alum и затоа решив да го купам. Самиот кристал нема мирис и на себе си повеќе не чувствувам мирис на пот. Ставам после туширање, а се корисисти како останатите кристални камења: се мокри и се поминува со него под пазувот. Цената му е 199 денари во ДМ.