Оф, штета. Ајде ќе барам некој без алуминиум, сигурно имаат. Многу ми е шубе од алуминиумот. Не дека којзнае колку внимавам на состав, ама за ова ептен ми фуфка.
Да ми препорачате од искуство некој добар дезодоранс, без алкохол и алуминиумови соли? Јас не толку, ама мајка ми има многу осетливи кожа и жлезди, па последно двете користевме Nivea double effect но во составот има алуминиум, па сакам да пробам нешто друго. Би препорачале нешто од Алверде, или?
А навистина ли нема некој од класичните антиперспиранти во спреј без алуминиум во составот? Мене рол-он и стик не ми се баш најпогоден избор. Преферирам спреј, а спрејчињата за тело од Алверде па и не ми вршат баш некоја работа, ги пробав речиси сите. Овој Балеа Сензитив плавиот не е лош (мислам дека нема алуминиум), ама нема некој долготраен ефект. Нешто друго нема? Нивеа, Гарниер, дури евентуално Дав? Мислам дека Нивеа имаат изданија без алуминиум ама не знам дали се достапни кај нас.
Баш го имам пробано, ама не ми се допадна. Сепак фала ти за предлогот, ако не најдам ништо од некоја друга марка, ќе му се вратам на овој
И јас не сум многу задоволна од него, но само на него ми текнува секој пат кога ќе помислам на антиперспирант без алуминиум и алкохол. Инаку и јас сум во потрага по спреј без алуминиум барем, но да не остава бели траги и да има задоволителен период на заштита, во случај да најдеш нешто, а да не е алверде, информирај ме.
@MagsDestiny, види ги дезодорансите на Балеа, повеќето се без алуминиум но јас не би ги препорачала за вака топло време. Спојлер: Состав Едит: А сте пробале ли со кристален камен?
Не можам животов да си го замислам без конкретно овој мирис. Го користам малтене 10 години. Презадоволна. Со доста покушаи во меѓувреме да најдам друг. Сепак останувам верна. Ролонот само за на плажа.
Јас го пробав тој од Балеа, ама не ми се виде некако практичен за употреба. Навика е сигурно, ама ете.
@Mishela, јас овој го имам добиен ми е подарок ама не се осмелувам да го пробам. Јас сум човек што многу се поти а имав едно хорор смрдливо искуство во јавност со дезодоранс на Алверде и од тогаш ама ич немам желба а ни храброст да експериментирам.
@Mishela има кај нас на нивеа без алуминиум неколку бои се сериите со различни мириси ги има по маркетите, космо, ДМ. Искористив два, зелен и плав но, не сум задоволна јас лично. Нивеа од секогаш ми биле катастрофа, дури и кога сум користела со алуминиум производи. Но, пробај. Може тебе ќе ти одговараат се е индивидуално
Фала ти многу за информацијава, читам и коментари од погоре па ќе ги побарам и покрај коментарите дека оставаат бела трага. Шизик на ризик. Сите кои сум ги пробала од Нивеа ми биле ок. Не идеални, ама подносливи да кажам. Па ајде ќе дадам шанса да видам. Фала ти.
@Mishela предлог и од мене Не содржи алуминиум, нема некој посебен мирис, но траен е многу и штити. Го има во аптеките на Зегин.
@GoldenRose. овој на Санте нема буквално никаков мирис, или има ама е нежен, што дури не се ни приметува? Ми фати око, ама не сакам да нема баш никаков мирис Барем малку да има некоја нота на нешто, тоа ме прави да се осеќам посвежа И цена ако сакаш да ми кажеш. Инаку, немаше ли некој штанд во Сити Мол кај што продаваат Санте козметика? Како да имам видено некаде на приземје, имаше и пудри и свашта од брендов
Има штанд на приземје (и јас така знам), ќе одам деновиве да проверам и јас, иако веќе купив и Нивеа без алуминиум. Пак ме интересира цена и какви други видови има. Мислам дека овој го има во ДМ, ама цената не ја знам за жал.
@Mishela го барав вчера Санте во неколку локални Зегин, го немаа. Го имало само во Зегин Буњаковец и ГТЦ. Планирам и јас деновиве да тркнам до Сити Мол да го побарам, ако во меѓувреме одиш и го најдеш, пиши што цена е. А од Нивеата како си задоволна? И може ли сликиче ако не ти е мака? Инаку, многу сум скептична за природниве антиперспиранти, имам пробано неколку, ама не сум нашла ниеден што се мери со “нормален“ антиперспирант што содржи алуминиум. А очајно сакам да се преориентирам кон природен Санте ми е следен на список, се надевам нема да ме разочара.
@Mishela ако го немаш користено овој на Дав пробај го. Јас сум многу задоволна. Свежо мириса, трае и не остава бели траги. Нема алуминиум во составот.