Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Aнтиперспиранти

Дискусија во 'Тело' започната од OrdinaryGirl, 11 април 2010.

  1. GoldenRose.

    GoldenRose. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2016
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Па има некој мирис ама не знам ни јас како да го дефинирам, трае само додека да го нанесеш после се наутрализира и не се осеќа ништо. За во Скопје не знам пошо не сум од таму, кај нас го наоѓам во Зегин и кошта некаде околу 450 ден.
    Исто има и едни на Crystal Essence , ги има како спрејчиња и во облик на стик, во повеќе мириси.
    [​IMG]
    Јас конкретно го имам користено спрејот од лаванда и бел чај и многу убаво и свежо мириса , но не бев нешто посебно задоволна. А со овој погоре, еднаш да ставам и мака немам цел ден, ни со потење, ни со миризба.
    Кај нас овие јас само во Зегин ги наоѓам, ако не ти е тешко дзирни им на страната може имаат и друг избор :)
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Како се употребува? Се мокри со вода прво?
     
  3. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    На попуст се Дав во Зегин,сега гледав состав на овој што го спомнавте погоре има алуминиум и тоа на 3 или 4 место.
     
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Официјалниот сајт на Дав наведува алуминиум во составот на овој антиперспирант.
    Butane, Isobutane, Propane, Cyclopentasiloxane, PPG-14 Butyl Ether, Aluminum Chlorohydrate, Perfume, Disteardimonium Hectorite, Octyldodecanol, BHT, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, Propylene Carbonate, Dimethiconol, Tocopheryl Acetate, Alpha-Isomethyl Ionone, Benzyl Alcohol, Benzyl Salicylate, Butylphenyl Methylpropional, Cinnamyl Alcohol, Citronellol, Coumarin, Geraniol, Hexyl Cinnamal, Hydroxycitronellal, Limonene, Linalool

    @Mishela @Оленка* јас го зедов последно Nivea fresh comfort, нема алуминиум, има некој нежен, неутрален мирис, не е нападен, и плус трае, е сега за тврдокорни дамки дали остава допрва ќе видам, иако реално очекувам да остава, впрочем како и секој друг :?:
     
    На Оленка* и Mishela им се допаѓа ова.
  5. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    23.140
    Пол:
    Женски
    @MagsDestiny сега видов. (facepalm)На местото кај што е составот имаше лепенка и изгледа не сум прочитала добро.
    Сега ја одлепив и видов.
     
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е битен составот, колку што ми е битно дали антипреспирантот остава траги на облека и ја неутрализира потта.

    Најзадоволна сум од овој на Рексона спрејот што е моушн сенс инвисибл пјур. Не остава траги на облеката воопшто. Е сега што во лето не ми го први ќефот кога се потам ненормално на топлово и се прскам по 3-4 пати, е друга приказна. Ама не се откажувам од него веќе трета година и не го менувам за ништо.
    Кога е поладно не се прскам толку често, но сепак не трае 48 часа да не се лажеме.
    Заборавив да пишам, мене прекрсно ми мириса. И иако еднаш го земав синиот, аква, од истата линија затоа што го немаше розевиот, и исто дејство имаше, сепак одвратно ми мирисаше.[​IMG]
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    @Mishela Моментално ги имам овие два без алуминиум
    dezodorant-balea-meeres-rauschen-myata-i-laym-200ml_d4c937c4bf45c22_800x600_1.jpg download.jpg
    Зелениов лимета и нане преубав освежителен мирис,не е траен ама мене ми е супер за по дома (секогаш барам некоја по "лајт" варијанта за дома и онака може да се истушираш било кое време)
    Другиов пријатно ме изненади,ризикував и го пробав минатата недела на +50 степени:DСе случуваше да ставам само сабајле и 5-6 часа немаш гајле што ми е сосема солидно за разлика од другиве Балеа што не се толку трајни.Плус на работа постојано сум во трчање,материјалот на униформата катастрофа невидена ама јас пак не приметив да мирисам на пот.Кога ќе тестирам некој производ најмногу од тоа ми е страв:Dи цело време се мирисам:rofl:Цената е околу 120 денари,мислам не губиш ништо ако ги пробаш:)
     
    На Babyby, sorbet, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.631
    Пол:
    Женски
    @Mishela за овој на Балеа розевиот што го ставила @kala21 се согласувам , предобар антипреспирант, нема алуминиум и штити од непријана миризба , јас втор пат го купувам , првиот пат го добив на поклон преку фб од ДМ, толку ми се допадна што сега втор пат го земам. Од истата линија , зелениот го имам пробано , но овој е подобар
     
    На Babyby и Mishela им се допаѓа ова.
  9. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Заборавив и бели траги не оставаат ни двата:)уште еден плус од мене за тоа.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.006
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Фала ви. :)
    Јас на крај сепак купив Nivea ocean extracts. Многу ми се допаѓа, нежен е.
    Без алуминиум и без алкохол, во ДМ е на акција и чини 109 мкд.
     
    На sorbet и kala21 им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Овие не се антиперспиранти, овие се дезодоранси. Има разлика меѓу антиперспирант (спречува потење) и дезодоранс (само спречува непријатни мириси).

    Јас лично, веќе две години го користам кристалниот рол-он на Балеа. Значи две години како го имам купено, уште трае, истото пакување, а секојдневно се мачкам, само наутро. Мирис нема никаков, а што е најважно спречува непријатни мириси. Забележав дека без него се потам повеќе, со него помалку, ама она што е најбитно, колку и да потам, потта нема никаков мирис. Ама буквално. А со оглед на тоа што скоро пред година се породив, за тие што не сте поминале низ тоа се уште, потта знае многу да мириса ако не користиш никакво средство, особено веднаш после породувањето, кога почнува да надоаѓа млекото, односно поради се уште несредените нивоа на хормони во организмот, и од друга страна, потта повеќе мириса поради тоа што доенчето мајката ја препознава по мирисот. Овој кристален ролон спречува секаков мирис. Јас најтопло го препорачувам.

    Колку пати го употребив зборот мирис? :^) :wasntme: :rofl:
     
    На Sexybaby86, kala21 и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    @Mishela и јас го имам овој розовиот на Балеа. Само да напоменам мене многу подобар ми беше синиот од истата линија.:)
    Се имам сетено дека розовиов попушта со заштитата. :D
    Инаку купив сега на Fa дезодоранс без алуминиум, баш на акција беа во дм за 99 денари, па ќе видиме како ќе се покаже.:D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Сега ме предомислуваш да почнам да го употребувам:DГо имам три пати ставив и еве го стои од лани летото.Дали треба редовна употреба,а јас одма очекувам резултати не знам:Dама не помага.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Не знам да ти кажам, може зависи од човек до човек, може нема ист ефект кај сите. Од прв ден имаше ефект кај мене, јас сум презадоволна. А можеби и немаме исти очекувања :D
    Потење не спречува, во никој случај.
     
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Не жено не очекувам да спречува потење,само да го неутрализира мирисот.Ај ќе го пробам кога ќе бидам дома,за надвор не ми се ризикува:Dако ме чита некој ќе мисли којзнае колку се потам,се туширам еднаш месечно па барам заштита за меѓувреме:rofl:
     
    На Annath и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  16. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Го има ли некој користено на Еуцерин што спречува потење и да имаш дамки под пазувите?
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    upload_2017-8-16_20-12-27.jpeg
    Овој го имам користено и освем високата цена немам замерка.Нема дамки на облеката и има дискретен мирис.
     
  18. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Колку е?
     
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас го земав Pure&Natural ролонот на Нивеа без алуминиум и засега сум презадоволна. Убаво и свежо мириса, воопшто ненападно, и штити сосема доволно. И да се испотам, нема мирис воопшто, што беше токму тоа што го барав. Со Алверде спрејот од нане на пример ми се случуваше да замирисам до толку што не ни знаев дека е можно :D бидејќи претходно ми се немаше случено ништо слично. Страшна работа, го фрлив одма.

    Нивеава е супер, мирисот не трае многу, меѓутоа заштитата е долготрајна. И најбитно, нема никаков непријатен мирис ни покрај потење. Знам дека има и део стик од истава линија, ама кај нас го нема, нормално |(, инаку секогаш преферирам стик заради посувата формула. Сепак, не се жалам, освен што губам 5 мин. плус додека се исуши :)

    [​IMG]
     
    На emmacool му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    А со дамките како се справуваш? Колку блузи имаат во канта отидено заради избледувањето од стикови...:sweat: