@ванилала овој ролон на Нивеа не остава бели дамки, освен при нанесувањето, додека е мокар. Откако ќе се исуши станува проѕирен и немам проблем со алиштата. Клучно е само да се остави да се исуши комплетно пред да се облече било што, инаку нема спас. Во поглед на бели флеки сум многу позадоволна од овој ролон отколку од било кој стик што го имам користено. Далеку поголем проблем сум имала со стикови, а користев само стик цел живот. Така да, го препорачувам ролонов и во тој поглед
@Sexybaby86 и јас ја користев оваа линија на pure&natural на нивеа во спреј форма, но не бев задоволна. Дали го тестираше на жештини? Се сеќава потта? Да знам дали да и дадам втора шанса на нивеава?
@Babyby ако сакаш да пробаш нешто од Нивеа во облик на спреј, топло ти го препорачувам овој кој го спомнав пред некој ден (fresh natural/ocean extracts). На акција е во ДМ до крајот на месецот и чини 109 денари. Мирисот му е фантазија! Микс од свежо и нежно, не остава бели или жолти траги и се покажа одличен на повисоки температури. Од Нивеа ретко нешто да ме разочара, антиперспирантот ми е одличен навистина.
@Mishela и овој и розовиот ги користев. Е сега незнам може овој што го имаш ставено содржи алуминиум, јас го користев тој без алуминиум Воопшто не ми беа ефективни за жал кај секого различно. Па да си прашав ролонов може е подобар, да знам дали да му дадам шанса
Пишува дека е и без алуминиум, мислам дека спомнав во претходниот пост, не можев да ја најдам точната фотографија. Без алкохол и без алуминиум и фин ненападен мирис ко за мој вкус. Баш штета што си имала лошо искуство, ете кај секого е различно значи. Јас со ролоните имам ужасно искуство и без разлика што чекам да се исуши скроз пред да се облечам, си ги уништив сите маички. Стиковите ми предизвикуваат чешање, а кристалниот камен имам чувство дека не функционира воопшто кај мене. Спреј му е мајката.
Само Дав признавам и рексона.Но не се споредува со Дав, трае премногу долгоооо, и премногу штити. Дав најдобро
Дезодорансите на Dove ви оставаат бели траги на алиштата? Освен invisible? Пс. Дали се негде на акција нивните дезодоранси и на Нивеа?
Jас го имам користено спрејчето од десно од лаванда, но не бев нешто многу задоволна. Штити но не доволно, треба повеќе пати да прскаш од него. Јас го користев у текот на летниот период. Дали има на Нивеа стик ( не дезедоранс) без алуминиум? Има некој користено?
И овие содржеле алуминиум за жал. Прочитај во темата за декларации. И јас сум по потрага по дезодоранс или стик кој не содржи алуминиум. Ги имам користено на Алверде, ни спречуваат потење, а ни мирис. Ептен мириса на пот и се чувствувам како небањата со години. И плус оставаат жолти траги, многу блузи си расипав.
@shining_star мајка ми имаше од тие на сликата погоре , во вид на спреј ама не беше задоволна воопшто
Убедливо најдобриот од Рексона е овој,има убава миризба и трае за разлика од некои други кои се исто од Рексона.
Јас имам дел од нив, супер природни се, само не држат долго. Држат одвај 4 часа можеби... И сите кои ги користеле ја имаат истата забелешка.
Јас сега го користам овој дезодоранс моментално , но за жал иако пишува дека не содржи алуминиум , пишува на четврта позиција potassium aluminium ќе отидам утре да го земам на Лаш - Aromaco , да не го има некоја користено? Се надевам ќе биде добар и ќе спречи непријатна миризба
Најчесто користам Rexona и задоволна сум од трајноста и од миризбата. Моментално ја користам оваа: By the way, за вас што користите Rexona, во аптеките Зегин можете да си ги купите за 95 денари што е поефтино за 15-20 денари отколку во маркетите. Некогаш се на намаление по 84 денари.
Дојдов на темава да го пофалам дезодорансот во вид на плочка Аромако. Почнав да го користам пред неколку недели , нешто подобро немам користено и тоа со одлични состојки. Мирисот не му е нешто посебно ( содржи масло од пачули , див лешник и оцет од камилица) , но од кога ќе го нанесете не се чувствува воопшто и не се појавува непријатна миризба цел ден. Јас го купив 6 евра - 100 грама