Ништо од Nivea без алуминиум. На почеток по нанесувањето е океј, мирисот е свеж, но потоа како да се менува и како да замирисува на неубаво. Одвај го извадив мирисот од маичките, а не се потам, никогаш не ми се правеле кругови или слично. Со тешко срце го купив пак Dove класичниот, а не смеам да користам антиперспиранти со алуминиум. Ќе гледам да го набавам овој од Lush што го фалевте неодамна, се надевам дека барем нема да ми прави непријатен мирис на кожата, само тоа ме плаши.
@Mishela јас од кога кажав дека не ги бива на Нивеа без алуминиум пробај на Балеа исто без алуминиум јас сум задоволна од нив серијата 200ml=400ml
За жал, со Nivea, тоа е маката. Овој конкретно за лето не би бил, може да засити, од Dove барем моето искуство е дека не држат баш, зависи нормално од многу фактори, тип кожа, хормони, храна итн. И без алиминум, Dove ми се чини остава флеки, посебно на бели маичи, кои за жива глава не се перат. Може треба тие на Lush да се пробаат, се плашам да не се многу интензивни.
Dove има алуминиум во составот. Има мислам и алкохол. Ако имаат издание без тие две состојки кажете, јас не сум сретнала досега такво за жал.
@Mishela Земи го на Lush Aromаco (да можам би ти ја дала другата половина , неискористена да ја пробаш) , откритие на годината ми е , никогаш нема да го сменам
Јас едно време редовно го користев кристалов и задоволна сум.Нема мирис некој кристалов ама затоа не ни остава мирис. Само обавезно на чисти пазуви мора да се нанесе за да има ефект.И трае година дена и више.
Не директно се нанесува на пазувите триејќи. https://uk.lush.com/products/aromaco - на странава има едно видео можеш да видиш како се нанесува
И јас го препорачувам. Лесно се нанесува, само да го чуваш завиткан да не се суши. Лесно лизга на сува кожа, оти во составот има масла. Како сапунче е. Ама мирис, убавина. После веќе не осеќаш ништо. Јас многу си го сакав кристалниот камен, ама кога видов дека е алуминиумова сол, го фрлив. Иако го користев долго време, ни до пола не ми беше потрошен. Прилично ефикасен, ама штетен, за жал.
На другарка ми кристалниот и делуваше доста лошо па поучена од тоа искуство не купив. Ќе одам после до Лаш ќе видам како ќе ми се допадне овој.
Не остава дамки на облеката ванилала инаку го користам уште , во меѓувреме пред некоја недела го земав ролонот на Лавера , ама нема врска воопшто не штити. Аромако го користам од крај на октомври и сега еве колку има останато Ова е нормалноѕо парче А ова моето скоро потрошено
Јас користев Dove и Garnier, и супер си ја вршеа работата. Прочитав за тој на Балеа Сензитив, дека е со добра декларација, и решив да го пробам. Добрата страна е убавиот мирис и добриот состав, а лошата е што воопшто не штити од потење, и мириса многу лошо, поготово ако се носи маичка која не е памучна. Привремено се вратив на Dove додека не најдам нешто друго. Би можела да го пробам овој на Lush, иако сум навикната на спрејови. Секако добредојдени се и други предлози.