Jas ne se potam, ama osekam vlazno, taka da ne sprecuva. I spored mene nekogas e potrebno da se nanese 2x na den Mislam okolu 500 deka bese. Imas na stranata na lush
Овој прекрасен антитранспирант го зедов од ДМ пред две недели Искрено не очекував голема заштита бидејки не сум главно задоволна од антитранспирантите на Балеа па си реков да му дадам шанса и стварно вредело . За цената е прекрасен , мирисот му е фантастичен и прекрасен и ветува 5 работи од кои ми ги исполни . 48 часовна заштита, не остава дамки на облека ниту на црна ниту на бела , не содржи етанол и алкохол , под пазувите немам реакција на пецкање. Би го купила повторно За цената не сум сигурна мислам дека беше до 90 денари некаде
Го имам користено и зелениот. За него не сум сигурна, но мислам дека имаше алуминиумови соли во составот. Виолетовиот нема, па затоа го зедов него. Убаво мирисаат и двата, не оставаат флеки и океј е заштитата. Па за таа цена и количина, нема подобро.
Не сум го прочитала составот. Го добив на поклон и баш се изненадив од ефикасноста, со оглед на тоа колку е евтин. Да го потрошам па ќе го купам љиљаковиот. Еднаш купив Фа стик и никогаш повеќе. Не го биваше. Исто како да не сум ставила антиперспирант. Истото се однесува и за Би Ју.
Истиот проблем го имав со сензитив дезодорансот на Балеа, најверојатно бидејќи нема алкохол во составот па не делува како што треба...можеш да пробаш со било кој друг дезедоранс на Балеа, од оние кои се без алуминиум но со алкохол, а јас убедливо сум најзадоволна и не го менувам веќе две години спрејчето на Алверде со лимон и жалфија...полн погодок е. Исто и виолетовиот дезодоранс од кам е многу солиден за цената, го користам повремено кога сакам да сменам. Поздрав
Ееј имам читано за спрејчето на Алверде. Да не знаеш која цена е? Баш сакам да го пробам. Ако може и слика.
Накај 140 денари е, има повеќе видови,ама јас од ова сум најзадоволна. Дефинитивно најдобро од сите спрејчиња/дезодоранси без алуминиум што ги имам пробано
Мислам дека зелениот содржи алуминиум, а виолетовиот не. Сепак не сум нешто премногу задоволна, но за разлика од некои други дезодоранси добар е.
Не е природен, но е без алуминиумови соли и без потасиум алум. И мене зелениот не ми држи воопшто. Овој ми е подобар од него, но не е како Дав на пример. Дав никогаш не ми потфрлил, но верзијата без алуминиум ја нема кај нас, па кога ми снемува од залиха се префрлам на тој од Кам. Не е како Алверде на пример, сепак штити и не замирисува грдо на крајот од денот.
Сега го прочитав составот. Пишува дека има алуминиум. Солиден е за тие пари. И од Дав и Нивеа сум задоволна. Најмногу од Рексона.