Сменет е составот на дезодорансов,земав пред месец дена на брзање и после забележав дека има алуминиум и во новиот виолетов.
користев на авон рол он ама во составот имало aluminium не ми правеше проблем ама ете многумина ме советуваа да не земам такви производи. Прашав што е подобро дали рол он или дезодоранс довив одговор дезодоранс. Одам денес вo маркет сите дезодоранси на b.u. и dove се со алуниниум бутан изобутан.... Исто и на рексона. нешто да препорачате што не ги содржи тие состојки?
Има некои на Нивеа без алуминиум. Не се лоши но мене ми замирисуваше кожата чудно по некое време и тоа по месеци употреба. На почеток беше супер. Кај мајка ми нема таква појава, можеби дека таа одамна не користи антиперспиранти со алуминиум па затоа. Имаш од Алверде, од Балеа без алуминиум, Гамарде мислам имаа убав рол он исто така. Друго не ми текнува навистина.
во претходните станици имаше за овој на балеа дека е без алуминиум. Ќе побарам повеќе производи па ќе одлучам.
На Дав има дезедоранс без алуминиумски соли и алкохол во составот. Јас го купив пред некоја недела но не ми се допадна, не ме штити ич.
Јас го користам овој на препорака од @didi1982. Мене многу ми одговара, ама не знаев дека го донеле кај нас, затоа не го спомнав. Го купував од Германија.
Пробај го ролонот Dr.Hauschka, не содржи алуминиум и парабени. Ролонот е органски и содржи етерични масла. Јас сум многу задоволна.
@Mishela мило ми е што ти се допаднала препораката . Ова им се сите без алуминум мислам, и освен неутралниот, како што подзатопли овде, би го препорачала и овој со краставица и зелен чај, доста држи. Овој со праска, така така.
Не е сменет, баш напротив старите изданија имаа алуминиум, сега и тој е исфрлен. Вчера бев во Кам, баш зедов за да прочитам состав и во виолетовиот немаше никакви алуминиумови соли, а зелениот имаше.
Јас да, сите мирисаат преубаво и не оставаат траги по облеката. Не продолжив да ги употребувам затоа што сметав дека ми треба поголема заштита, имав чувство дека не штитат доволно. Планирам пак да им дадам шанса, тогаш прв пат употребив таков рол-он без алуминиум, па можеби уште организмот се „чистел“ од штетните состојки, можеби сега ќе биде поинаку, не знам.
Да, и ниту еден не ме заштити од непријатна миризба. Поточно кога користев од нивните ролони добивав некоја чудна миризба, ама не како да не сум ставила никаква заштита, туку некој ептен непријатен мирис. Немам време, а претпоставувам потребни се месец- два за да се исчисти организмот, а ни можност да мирисам непријатно и да го 'чистам' организмот. Купив и еден спреј на Балеа, и тој не беше ништо подобар, а плус ме печеа пазувите од него, веројатно поради голема количина алкохол.
Ејј супер, баш ќе пробам и јас некој без алуминиум. Од спрејчињата користев еден со лимон, и супер ми беше се, само што имаше алкохол на прва позиција ако не се лажам па ми искочија неколку мозолчиња и имав печење понекогаш. А воопшто не ми правеше никаква миризба и држеше сигурно неколку часови без потење. Инаку @Rebecca_R и мене ми се појавува таква непријатна миризба од Нивеа и Балеа што се без алуминиум. Јас еве веќе цел месец користам дезодоранси без алуминиум, па се надевам дека ќе се губи миризбата постепено, ако е воопшто до организамот