@Luminary навистина не знам, јас се откажав од таа идеја. Дадов шанса на неколку ролони од Алверде, Балеа спреј, Нивеа, па дури и тој од Кам го пробав (прво време бев задоволна, ама по месец-два почнав да забележувам непријатна миризба) и не бива. Е ги немам пробано скапите опции, dr. Hauschka, Gamarde и сличните, ама штом ниту еден производ без алимуниум не штити од непријатна миризба, не очекувам ни овие да направат некоја магија.
Што е штетноста на алуминиумот, може некој/а попрецизно да каже? Инаку јас овој го користам мислам дека содржи алуминиум, но супер е ништо непријатно не се чувствува 2-3 дена, многу сум задоволен...
Алуминиумот се таложи во организмот и не постои начин да се извади. Исто така ги запушува потните канали. Најризична група се жените поради можноста за развивање рак на дојка, иако постојат малку истражувања на ова поле. Јас одамна се имам префрлено на дезодоранси/ролони без алуминиум. Моментално го користам овој: Иако е за мажи мирисот му е овошен, ептен унисекс. Штити од непријатна миризба, но не штити од потење. Јас задоволна сум, си се потам и не се усмрдувам. Пробав секакви органски ролони/стикови и ниту еден не ми беше добар како овој.
Види на декларацијата, доколку пишува aluminium chlorohydrate значи дека содржи. Овој со волкот што ставив слика нема алуминиум.
И јас користам без алкохол и алуминиум. Прво користев од Локситан ама не бев задоволна. Сега ги користам новите Crystal ролони ,амерички се,ги има во аптеките и дм и 350 ден се и ептен ми се погодија. Исто имаат и Dr.Haushka таков 600-700 ден е, и има нов некој Seba med.
Pishav ednas ovie bez aluminium ok se za sezona oktomvri-april,ama za 45 °C nema shansi.Iako gi koristam i letno vreme ama samo za po doma i koga sum izlezena na saat,dva.
А што ќе кажете за спрејовите на Алверде? Имаше повеќе видови во стаклени шишенца, со проѕирна течност
Имаат алкохол на многу висока позиција. Ако имаш чувствителна кожа ќе ти ја спржат, поготово ако ставаш по бричење (don’t do it sis) . Јас користев ролон и не бев задоволна, не знам дали да им дадам шанса сега како што е претопло.
Мене ни тогаш не ми се океј, штом се испотиш почнува да мириса. Е овие без алуминиум би биле океј ако лежам само и ако температурата е под 20 степени. Инаку и во октомври се потам, пример доцнам некаде и ако брзам - ете ти проблем. А пробав да носам и памучни маици, си реков да не е до синтетика проблемот, ама не е, до ролоните е. И спреј пробав, со некакви треви беше, не сум сигурна каков. А пробав и спреј од Балеа, тој со розово капаче. Крајниот ефект ист - непријатна миризба.
А овие на Dove што се новиве без алуминиум? И тие создаваат чудна миризба? Ги гледав во Рамстор, околу 220ден. се, се мислев но не земав.
го најдов на инстаграм кај една која се бави со проучување на декларациите и препорачува што е можно поприродни производи. За овај пишува дека има добар состав. Јас ќе го пробам доколку некој има желба да проба нешто ново еве моја препорака.
Dove без алуминиум, нов е и мислам дека само еден имаат донесено, тој основниот. Како што разбрав го има само во Рамстор, а јас не го купував од тука па не сум баш информирана кај е достапен овде.
Јас тотално ги изоставив антиперспирантите, веќе неколку месеци ја користам кремата на Лидера за пазуви и тотално ја неутрализира миризбата во рок од 3,4 дена. Не содржи алуминиум.
Да не ти текнува од прилика која цена е? Иако е машки, би му дала шанса. Јас скоро сум откажана од секаков вид женски антиперспиранти општо, со и без алуминиум, зошто никој досега не ми помага со потењето, а оние без алуминиум воопшто не штитат ни од непријатна миризба. Веќе извесно време го користам Nivea men 48h stress protect дезодорансот, и иако има алуминиум, досега е единствен со кој не се појавува никаква миризба, а ме штити дури и од прекумерно потење. Иако има силен, машки мирис во моментот на нанесувањето, неколку минути по прснувањето истиот иззбледува и воопшто не се чувствува, па не се меша со парфем или било што друго. Сепак, уште сум надежна дека ќе најдам нешто без алуминиум кое ќе се покаже ефикасно
@MagsDestiny околу 130 денари е, само има пропилен гликол и не знам дали би ти одговарала таа состојка. Мене лично не ми смета, важно ми е да не содржи алуминиумови соли.