Crystal roll-on-от содржи алуминиум, ако е од кристален камен. Сите кристални антиперспиранти се алуминиумови соли. Види што пишува на декларацијата, дали е potassium alum.
Јас денес од dm (градски ѕид) го купив новиот Dove без алуминиум, оној основниот. А инаку го имаат и зелениот со краставичка.
Женски помош, очајна сум. Премногу потам под пазуви, не можам едно обично блузе во боја да ставам веднаш кругови ми се појавуваат. И на фустанот за матура лом бев само дека беше мастило боја. Коса ми се крена кога видов. Користам лидера, и фала богу нема никаква лоша миризба, али ми треба нешто за да не потам толку многу( по можност да не потам ич оти нерви искинав) Постои нешто такво?
Сода бикарбона и вода..само не знам колку е здраво да се користи постојано пошо ги затнува порите и не се потиш ич од ова.
Ја тријам сода бикарбоната само така? Не би да го користам ова постојано, само кога носам нешто во боја бидејќи лом се правам.
Па реално побезбедно е да ставаш квалитетна сода бикарбона секој ден, отколку класичен антиперспирант полн со алуминиумови соли...
И јас го имам проблемов, и страшно ме нервира. Се потам кога се нервирам, кога сум под стрес, се потам кога дишам! Се потам кога ми е ладно?! Ми иде да си ги затнам жлездите со нешто. За миризба не се замарам, не сум имала проблем ако ставам дезедоранс(барем се надевам ), ама коа ќе се видам мокра...
Еве еден совет од дечко што го има истиот проблем како ти! Јас користам секоја вечер пред легнување Еуцерин + Одорех заедно! Ефектот е супер..Почнав да ставам и друга боја на блузи освен црна...А без црна не излегував од дома..Имав страшен проблем...Дерматолог ми препорача Течна пудра за сушеше на кожата под пазувите по име Уротропин на месец дена но залудно...2та антиперспиранти на почетокот ги користев еден по друг затоа што Одорех го немаше во државата и мораше да се порача од интернет или некој да ти го донеси пред 2 години..Сега го има само во една аптека во градот кај што седам од можни 10...Помислив дека на Еуцерин ефектот е слаб па го додадов и другиот..Наредните дена пазувите се суви барут..Секое сабајле миење на пазувите одкако ке се напрскаш пред легнување и во никој Случај немој да ставаш Roll-on или Дезодоранс..Тие 2 избегнувај ги затоа што освен пријатна миризба предизвикуа додатно потење!! Кај нас тоа е така..Моја препорака пред да користиш било кој од тие 3 прво закажи еден преглед кај дерматолог и консултирај се или пробај ја прво пудрата Уротропин па Еуцерин..како џокер нека ти биди Одорех..Користењето на 2те заедно е моја одлука сепак на своја рака ги користам и мие супер засега се надевам за долготраен ефект.Има и други решениа кои ги немам пробано а сум ги читал на интернет а ке ги напишам ако стварно немаш ефект од све ова горе наведеното..Позз
Ботокс на потни жлезди и ич нема да потиш. Ама не е здраво тоа, сите отрови ги задржуваш во телото на тој начин. Во тинејџерските години е нормално прекумерно потење поради хормоните, со тек на време ќе се стабилизира.
Не, содата ќе ја раствориш во вода , и течноста стави ја во некое шишенце ако имаш по можност со прскалка , и така нанесувај под пазувите. Јас така правев. Со ова многу се затнуваат порите па затоа и пишав дали е здраво да се користи постојано, а со антиперспирантот е подруго.
Го гледав во Рамстор скап 220 ден, ако е како тие на Балеа без алуминиум не вреди. @Mishela може да ги споредиш
@Luminary мене ми се допаѓа, јас претходно долго време го користев оној на Балеа пошто реално нема многу избор околу антиперспиранти без алуминиум, па кога го донесоа Дав одма го купив. Дав било каков дезодоранс немам користено никогаш (можеби евентуално во тинејџерските години кога ми носеле колекции за роденден), така што не би можела да направам споредба со другите Дав, ама мене овој повеќе ми се допаѓа од Балеа. Потраен е, башка мирисот ми е поубав, оној класичен Дав мирис на чисто
Мене ни еден дезодоранс без алуминиум не ми се погоди до сега тргнав последниот пат пак да купам некој без алуминиум и ми текна дека ќе бидам постојано со луѓе и веројатно под доста стрес, па одма ми падна на памет како се потам од нервоза и смрткам, па одма купив со алуминиум, и тоа апла со алуминиум. Гледам и Фа имаат некои без алуминиум, ама мене од Фа и оние со не ми се добри. Се мислам да пробам Олд Спајс, оној со волците, го мириснав гелот, свежо мириса и унисекс према женски дури. Шиме со години whitewater го користи, ептен ми е секси мирисот, , ама тој вика другите не му се погодиле. Дав без алуминиум не сум го пробала, ама со алуминиум користев доста долго, и како да ми се презасити кожата од Дав, па ни тој не ми е добар веќе.
Јас додека бев тинејџерка цело време користев Нивеа, потоа на факултет преминав на Дав, пробав Ив Роше, Алверде, Балеа, Лаш... Најмногу ми одговара Дав класичниот, не ми се случило да замирисам некогаш, ама тој си има алуминиум во него па го тргнав од употреба одамна. Овој без алуминиум го користам од минатиот септември или октомври, не се сеќавам најдобро, но го набавував од Германија. Го имам пробано само најобичниот мирис и тој со краставичка - без алуминиум. И двата ми одговараат и не мирисам. Ниту пак кожата ми мириса на испотено или на застоено, како што беше случај со Нивеа без алуминиум. Нивеа без алуминиум ми беше супер. Искористив една доза, купив второ шише и по некое време почна да ми мириса самата кожа некако чудно, баш како на нешто застоено. Се префрлив на виолетовиот од Кам, па потоа на Дав без алуминиум. Од нив не мирисам. Супер е засега, не мириса ништо, а не го користам кратко време. Досега веројатно ќе покажеше ако не ми одговара. Препарати во стик или рол-он не сакам да користам за под пазуви, не ми се практични. Спреј повеќе ми одговара.