Пред 2-3 години го користев тој од Балеа ама не бев задоволна, може дека многу се потам и зиме а особено нели на лето, па ако имав поголема активност или нешто брзање знаеше да дозволи замирисување. После тоа од страв не пробав без алуминиум. Сега добив на поклон сет Фа и гледам дека спрејот е без алуминиум го пробувам за по дома само сега за сега и има прилично интензивен мирис така да можеби и ќе биде добар и за надвор ама не сум сигурна иако далеку појак е од тие на Балеа. Инаку користам или Дав оној со калинка мислам дека е или Нивеа антистрес зависно кој начекам на попуст по маркетите.
И јас долго долго користев Дав, или класичниот или со краставица и никогаш не ми се беше случило да замирисам, се до последниот месец - два, онака, како на застоено мирисаше, не баш на пот, ама некако грдичко. Алверде дефинитивно најголем промашај, додека напрскам и заборавам дека сум ставила. И јас преферирам спрејови пред гелови и ролони, ама баш ќе подразмислам за промена на преференциите
Да не испадне ко да ме плаќаат од Дав, ама чисто како информација Овој без алуминиум е на попуст во ДМ овие две недели, 115 денари е.
Си го купив новиот Дав без алуминиум, original тој што е, ама многу ми мириса бабски Очекував ист мирис како класичниот original, кој ми е all time favourite, на чисто, ама овој на тетка/баба ми мириса (без навреда). Сладуњаво и тешко. Тој со краставица го немаше, па ме интересира дали мириса свежо? Стикот Дав со краставица мене ужасно ми засмрдува по некое време, па не го сакам, ама гледам новиве се со поразличен мирис, па ме интересира како мириса краставичката без алуминиум?
Дечки, а дали го имате користено стикот од Forever што е од алое вера? Демек без алуминиуми, парабени...Некој коментар за него?
Години наназад сум исклучиво на дав. Прво менував измеѓу краставица и калинка, сепак си останав на краставицата, некако посвежо ми мириса.
Моментално го имам дав и тоа неколку такви, во Кам скоро беа на акција на 95 денари па купив 4. Убави се и убаво замерисувам и јас а и облеката, а и трајноста им е солидна за таа цена. Инаку постојано ги менувам се различни купувам. Оној од кам што е 75 денари еднаш купив и го баталив не го бива. Балеа исто катастрофа.
Кажете антипреспирант што не остава жолто на бели маички? Сум ги користела рексона, нивеа, дав и гарниер и за жал сите остваат (дури и тие што пишува дека не оставаат)....
Мене пак овој Дав ѓубре невидено ми е Нивеа користев црно-белата, после ја купив без алуминум, не ми оставаше најбитно жолти дамки на белите маички и кошули, на црно немав пробано дали остава бело. Дав се сеќавам средно кога користев обичен и тогаш ми имаше уништено една омилена блуза кончана Ама пак и пак му давав шанси и еве.. наместо да отидам да купам од нивеата без алуминум, видов на касата Дав на акција со мирис на круша и калинка, реков да сменам. Земав од тој со круша, убав мирис има, свеж, пријатен, ама кошулата ми е пожолтена каде се допирала на пазувите @nadelinka пробај ја нивеата без алуминиум и јас истиов проблем го имам со антиперспирантите
Само ова, ништо друго. И утоп да сум направена, ич не смирисувам. Напротив, мириса на свежо и убаво. Пробав едно време да сменам, зедов рексона, одвратно смрдев. И јас а и облеката ми труеше на пот. Се гадев, мислев подобро би било да не ставам ништо на мене, него од тоа. И сега само со лидера, не би ја менувала за ништо.
Нежен е, со пријатен мирис но мене ми е само за низ дома. Зимно време може и ќе поминам излегување само со него но не кога е потопло. Некогаш и откако ќе го нанесам, врз него ставам и некој друг рол-он за тој (најчесто појак) да не е директно врз кожа.
Мислам дека не е повеќе од 200 денари, цената и варира од 150 - 180. Конкретно јас никогаш ја немам користено, но ако е толку добра може да ја пробам. Јас сум презадоволна од овој Дав дезодоранс и после толку многу експерименти не би го менувала за ништо. Има пријатен мирис , што не дозволува да сомирисаш. И овој ролон е добар, без хемикали. Само што во екстремно топли температури мислам дека замирисуваш или може само кај мене имаше таков ефект. Цената му е околу 400 денари, во секој случај - препорачувам
Да да, во тој поглед сум немала проблеми. И цената му е околу 150-200 не знам точно али трае прилично долго.
Ја пробав Нивеа без алуминиум пред некој период, не е лоша ама Рексона мене ми е незаменлива, па се вратив на неа. Немам проблем со потење, ни со миризба, туку Рексона имаат посебен мирис, обожавам кога мирисам на Рексона, па и целата облека убаво си мириса на неа. Се друго ми е некако теткински/бапски мирис, безвезален. Знам дека содржеле алуминиум и триста чуда ама еднаш се живее, бар ќе мирисам убаво. *си прска Рексона уште појше*
Се сложувам за рексона. Дефинитивно се најдобри јас имам пробано секакви ама ништо од тоа не ми одговара толку. И јас знам дека се штетни но тоа е сепак се најдобри
Здраво девојки, дали имате информација што се случува со стикчињата за машки од Нивеа, ми се жали дечко ми дека неможе веќе да си го најде омиленото стикче односно ги нема повеќе по продавници и аптеки - црвеното и плавото стикче....