Најпрво големо благодарам што го сподели рецептов. Една доза направив и сум презадоволна. Ми се смачи од купување дезодоранси што не траат. Направив по втор пат, а ми текна дека можев да купам есенцијално масло од лаванда и да му ставам внатре неколку капки за мирис. Сакав да прашам, дали тоа би ја пореметило структурата на стиков? Дали би имало ефект така или па можеби е штетно?
Не. Откако ги мешаш сите состојки, сето тоа се става во фрижидер да се стврдне, не се разлева. Во допир со кожата се топи, ама не прави неред. Ќе видиме како ќе биде на потопло време.
Го има некој користено да сподели искуство, во однос на трајност? Има пријатен мирис, ама да не се залажувам...
И мене ме заинтересира, но со оглед на тоа што се природни состојќи (и како такви се релативно јаки), не знам како би делувало на потните жлезди. (Најверојатно подобро од секаквите хемикалии во производите против потење, но сепак...)
Алое вера на Forever living како поприродна варијанта, инаку задоволна сум и од Lady speed stick гелот.