Оваа е најдоброто нешто до сега што сум го користела ! Мирисот и не ми е нешто посебен но најважно е што не ме пече и максимално ме штити од непријатни мириси летниот период !
Дали сте ги пробале новите дезодоранси од Nivea? Во Zegin се на попуст, па сакам да ги пробам за прв пат. Кој ви се допадна најмногу?
Јас го користам вториот и од сите дезодоранси без алуминиум само од овој на Нивеа сум задоволна.Баш убаво мириса
Ми треба ролон кој навистина помага против потење и мириса убаво. Од дезодоранси најзадоволна сум од Дав оригинал (тој со плаво капаче), но сакам за во чанта нешто. Купив Нивеа фреш, но се излепив целата.
А овој има алуминиум? Во што го чувате Аромако? Посебна сапуњерка треба да купам изгледа. Или пак во кесиче некако непрактично ми изгледа, а и често патувам за транспорт исто мислам место зафаќа
Било какво кутиче врши работа. Кога го користев во чував во едни мали пластични што се дел од сет од Икеа. Ама и старо кутивче од крема ќе заврши работа на пример, посебно ако е симпатично
Овој го користам веќе неколку месеци, многу сум задоволна. Не ми остава никакви траги врз облеката и помага во стресни ситуации
Ќе ве молам за совет. Неодамна некој ѓавол ме натера и од проклетиот кам за прв пат купив la ligne спреј. Дома ми снема дезодоранс и набрзина го зедов тој за жал. Кога го нанесував почувствував пржење и во огледало видов црвенило на местото. Од тогаш поминаа две недели и остана кафеаво како удрено. Дали е ова хиперпигментација и дали има лек? Кажете дека ке се повлече..Од здрава кожа убава ми се упропасти, ми иде да експлодирам.. Дали ви се познати вакви средства и кои? Користете производи за осветлување на кожата За понезначајните случаи на промена на бојата на кожата под пазувите, може да се употребуваат производи за осветлување на кожата дури и во овој дел од телото. Тие содржат состојки како којова киселина, околу 4-12% хидрокинон, екстракт од корен на сладунец и некои форми на витамин Ц. „Овие состојки го блокираат производството на меланин од различни агли“ – истакнува д-р Стил.
Прашав и јас баш на форумов за хидрокинон, но ми кажаа дека не бил одобрен кај нас. Може да помогнат хемиски пилинзи, вит Ц и ретинол. Ако не ти се брза нарачај си од Ординери, ако ти се брза види на страната на Белина производи со овие состојки.
@Elence93, заборавив да ти споменам претходно, но можеш да користиш alpha arbutin од ТО, која е помалку иритирачка верзија од hydroquinone, т.е. alpha arbutin се разградува на hydroquinone. @bambina carina, ова се однесува и на тебе: покрај тие што ти ги наброи Еленче, можеш да го користиш и ова.