Јас печење имам и од Рексона и сите други во спреј ми ја горат кожата. Со години од страв не користам такви антиперспиранти, само рол-он или стик. Би требало да ти се повлече.
Ги има испробано некоја од вас? Прв пат ги приметувам и би сакала да им дадам шанса доколку се со пристапна цена и добар квалитет.
Дали имате видено некаде ролони на Old Spice конкретно Wolfthorn или Bearglove? Ги пофали другарка вчера, па појдов да барам, ама нигде нема, ни во ДМ, ни во Рамстор, ни во Тинекс....
Имам проблем со потење под пазувите и тоа се прават големи кругови неможам ништо во боја да облечам. Дајте некој совет
Девојки препорачајте ми добар антиперспирант што не остава траги на облека и е траен. Само не Dove и Rexona, мислам се презаситив од нив. Без разлика дали е стик, ролон или спреј. Фала ви однапред.
Дали некој го користел од ИноваМед производот во ДМ гледам го има? Малку е скапичок па не знам дали вреди за парите? Да кажам дека се потам и има мирис интензивен.
Dove,Rexona,Nivea.. Ништо друго не ми годи. Ама само тие што се прска, рол он не е баш ефикасен за мене.
Помагајте другарице.. Дали воопшто некаде уште го има овај антиперспирант? На повеќе места што прашав низ Ск,повлечен е А,баш ми годеше..
До скоро све беше со алуминиум па никому ништо, мислам дека сеа малце се претерува. Балеа дезодорансите од дм без алуминиум не штитат воопшто а имаат убави мирисни ноти. Последно откритие ми е Бороталково, мирисот му е како крема за сончање, не можам да му се изнамирисам
Моментално користам рол он на Dove (обичен со алуминиум) Презадоволна сум од Ben&Anna , цело лето нивни антипреспиранти користев и не замирисав лошо дури и во нај топлите денови. Штета што ги нема кај нас. Исто и Aromaco на Lush останува помеѓу фаворитите. За жал на мене од Urtekram, Balea, Pharmasept, Dove (без алуминиум) не ми одговараа т.е брзо замирисував.