Здраво девојки, дали знаете каде во Македонија може да се најде оваа антиперспирант крема од Ego? Фала ви однапред
Лидера деф. бр. 1 ми е . Нема што не сум зела, нема. Ама, пишува дека 2 пати неделно само смее да се става. А јас ставав секој ден. Земав Аромако. Лупнав 600 и кусур денари па ај да видиме. Се си мислам и тој нема да има ефект
Ако очекуваш да не потиш од Аромако, ќе се разочараш. Ама мирис нема, а мене тоа ми е најважно. Потењето не сакам да го спречам, само да не мириса непријатно. Со години го користам и досега не ме разочарал.
Искрено побитен ми е мирисот , не се трпам. И со син ми вака ми беше после се стабилизира (ваљда е поврзано со доењето и хормоните). Денес го пробав, ми мирисаше преубаво, свежо цел ден. Инаку, овој ко дополнително да поти , ама барем не мириса
Со години користев Рексона и до пред неколку месеци ми беше супер, но како кожата да ми се засити од него и почна чудно да мириса кога ќе се испотев. Пробав разни Дав, Балеа, Нивеа Фа.. никој не ми држеше добро на поголеми жештини. Го земав Бороталко и презадоволна сум конечно нешто што ми одговара.
Порано дав ми одговараше сега ич не ми држи.. што мислите за користење на машки дезодоранс? И дали рексона се добри?
Баш сега ги пофалив во соодветната тема. Имаат ново пакување, нова мека формула лесна за нанесување и нови мириси
Јас откако го открив Borotalco, шанса нема да го сменам. Единствен што е долготраен и врши работа и после долги саати во движење и високи температури. Јас го користам тој со светло сино капаче, најубаво ми мириса, ама претпоставувам и другите се исти.