Јас се крстам во Бороталко. Прво го користев зелниот дезодоранс, па ролонот. Најзадоволен сум од invisible, а мирисот на зелениот го обожавам. Сега последно зедов и ролон neutro roberts delicate и ниту од едно од овие не сум се замирисал.
Да видиш дали ќе начекаш во стокомак од овие. Околу 100 денари се мене многу ми се погоди. И мм дури го користи. Има вакво (на камилица свежо) и едно плаво со ананас.
Препорачајте нешто за против потење за дете од полни 11 год. Многу се поти деновиве, и штое најлошо ептен гаднп мириса. Може нешто и на природна база, ама да е ефективно.
Добро ако може некој да препорача ДОБАР стик. До сега сум ги користела на Rexona и Dove и црните маици под мишки ми се бели, а белите жолти. Преку глава ми е пошто не се ни перат.
Остава ли стикот на Бороталко бели траги на црни маици? Го користев ролонот и минимално оставаше, па дали да сменам или да си продолжам со него евентуално дезедорансот?
Јас и тука ќе пишам за овој на Ben&Anna Голем ужас, почнаа под пазуви да ми излегуваат поткожни бубулици од него. Кај 400 денари коштаат па уште и тоа, пазувите ужас ми беа, толку ме болеа. Голема нула.
Само овој дм го користи го користев и јас ама сакав нешто што спречува демек потење и го земав бороталко ролонот иако не видов ефект. Така да ќе си се вратам пак на овој
Јас од овие два сум многу задоволна. Бели се кога ги нанесуваш ама не оставаат траги на алиштата воопшто. Алверде има послаб мирис, скоро и да нема никаков, а Балеа е малку појак во мирисот ама пријатни мирис имаат двата. Единствена маана им е што мора со прсти да нанесуваш.
Garnier Action Control ролонот со сини букви и црвен крст Не остава бело на црна облека ама пожолтува бела облека што мислам дека не постои антиперспирант кој не го прави тоа. Засега не ме издал ни при вежбање ни на високи температури. Се надевам нема да го заречам