Го користам со години аромако, се согласувам дека знае брзо да се суши, но доколку го складирате во тегла, ќе издржи, ништо не му е. Лично, во просек знае да ми трае од 2 до 3 месеци едно парче, се разбира земам поголемо, го чувам во тегла и е свеж како и првиот ден кога е купен.
Дали некоја успеала да најде добар производ без алуминиум? Аромако мене воопшто не ми се допадна, ај што се суши брзо туку воопшто не спречува ниту мирис ниту потење. Спрејот на Бороталко ми е супер ефикасен, но за жал составот е катастрофа. Во потрага сум по нешто ефикасно, а сепак на поприродна база...
Сами направете си. Не сум сигурна за составот , но мислам дека: сода бикарбона , кокосово масло и енергично масло по желба . Ноже да се додаде и пчелин восок , пченкарно брашно, но немора. Ефикасно а на природна основа.
Аромако се чува во ќесичка и така не се суши. Мене ми правеше црвенило и престанав да го користам. Јас ги користам био кремите на Алверде и Балеа имаат таква. Ги имаш пробано?
Не е целта да спречи потење, туку да нема мирис. А тој ефект го има. Не го чуваш правилно штом ти се суши. Од него сум најзадоволна, ниеден друг антиперспирант на природна база не бил вака ефикасен.
Бороталко се на попуст моментално во Веро, ама чим викаш дека составот е катастрофа, тогаш не го зимам за да не ми направи некоја штета.
Го имав ролонот со лимета, не би го купила пак. Леплив слој остава под пазувата, како воопшто да не се суши. Не знам дали е до мене, ама колку и да ставев истото беше. @popa17 Не може да го чуваш Аромако незаштитен. Најдобро ми се покажало чувањето во хартијата што ти го даваат плус затворен во мало тегличе или кутија од крем/путер за тело, што било битно поголемко кутивче да е.
Дефинитивно нема подобар. После користење на Dove, Nivea при потење пак чувствувам непријатна миризба. Од ова, не сум почувствувала ништо.
Има лек и за тоа има крема лидера се вика обично јас ја купувам во зегин аптеки во веро ја има исто ја има ама малку е поскапа после бричење под пазува се нанесува мал дел од кремата ако одите ќе речете лидера део крема за под пазува зошто има и за нозе против мирис од пот еве слика неколку дена ќе немате проблем со мирис од пот 4 дена отприлика
Секој е различен. Јас многу дезедоранси имам испробано од ефтини до најскапи но не ме штитат, па си се вратив на антиперспиранти пак. Подобро ли е на пот да мирисам. Ако реално гледаме многу работи што ги внесуваме се штетни, па за антиперспирантите сме се фатиле ( не зборам само за тебе лично ).