Го порачав овој рол он од Орифлејм! Ми кажаа дека не е штетен како другите! Ако некоја има користено ваков, нека каже искуство?!
сите ги имам пробано долго време бев верна на многу убав мирис но не ми држеше се препотував затоа сега се префрлив пак на старата добра рексона и не се жалам.
Девојки навистина имате ли пробано од овие антипресперанти од Орифлејм или Авон?Сакам да порачам ама се мислам мислам дека немаат ефект
Сега го користам . Преубаво мириса, мирисот долго трае (некогаш и да немам парфем се осеќа) и + најважно - има ЕФЕКТ.
Девојки ја имате ли користено кремата од Лидера против потење?Сега ја купив да ја пробам да видам дали ќе има ефект..на нема пишува дека е доволно само два дена во неделата да се става и дека ја апсорбира непријатната миризба..Совет?
Моментално користам Nivea angel star и сум многу задоволна, имам користено Rexona Lady speed stick и сум била задоволна од сите
Мене гинеколог ми има речено никако да не се користат антиперспиранти, тоа го спречува потењето и може да предизвика разни инфекции и компликации со жлездите и ред други работи. Наместо тоа, се препорачува да се користат СПРЕЈОВИ ЗА ТЕЛО кои не се антиперспиранти и нема да го спречат потењето туку ќе ја оневозможат непријатната мириза, што е и целта за која ги користиме истите. Јас користам спреј за тело од цреши и оревчиња од авон на пример и супер ми е.
Веќе 1 година прекумерно се потам под пазувите. Пробав Гарниер, Нивеа и 24. лејди стик. И ништо не помага. Сега се мислам дали да земам Рексона, па што би ми препорачале вие?
Јас го користам гелот од Lady Speed Stick, и воопшто не остава траги на црна облека а и преубаво мириса, трае. Исто понекогаш и ролонот од Фа, розевиот. Инаку стикови не користам, помалку траат од геловите и ролоните, а и остваат бели траги. Добро, зависии кои, ама повеќето да.
Јас веќе долго време користам Рексона и сум презадоволна. Пробав да ја сменам, чисто да видам дали нешто друго ќе ми помогне, земав Адидас дезодоранс, ама и го дадов на сестра ми - не ми вршеше работа. Пробав Нивеа прл, ама и таа не ми помогна. Така што си останав на Рексона и не го менувам којзнае колку години.
не сум користела стикови никогаш, па мајка ми ми купила lady speed stick стикче фреш фјужн мислам дека беше и одлично е не остава траги и многу убаво мириса
а спрејот е за под пазуви? било како било ништо не е задраво поготово спреј за под пазуви имам слушнато дека предизвикува поголеми инфекции од самиот стик. Знам дека антиперспирантите предизвикуваат инфекции но во денешно време со ова брзо темпо на живеење посебно во жешките денови како ќе се ослободиш од непријатната миризба, поготово оние кои прекумерно се потат?
Јас користам Rexona aloe vera стик, имам користено и crystal и тоа виолетовото, заборавив како се вика Тоа се само различни мириси, ефектот е ист, јас сум презадоволна ! Пробав со Nivea и LadySpeedStick... Не би пак Rexona-та си ја користам ехехееееее, свежа е, ефективна. А дека е штетно, да. Ама нема шанси да не го користам, прво за мене лично. Хигиена е тоа.
Со години наназад го користам овој, и сум презадоволна. Можеби е скап но знам дека сум покриена 24часа и долго трае, тешко се троши Имам во чанта обавезно мало стикче за секој случај, но најчесто немам потреба да го користам