Алоето? Го има тука Forever Living Products е производителот, јас преку дистрибутер го земам, 400 денари , а во малопродажба незнам каде го има и колку чини Може да се распрашам... Американски се производите и јас лично сум презадоволна, од Aloe Lips-от и Антиперспирантов... Незаменливи се
Рексона стиковите се најдобри кога станува збор за непотење. Дефинитивно најмногу заштитуваат. Ама, кога сакам целосно чувство на свежина си ставам Дове. Обично имам и од едните и од другите, па ги комбинирам во зависност од расположението
знам дека не е здраво, ама ја понекад шлапам и машки рексона зашто имаат подолготраен мирис. а за тие што се паметни и се грижат за здравјето има добар антиперспирант без алуминиум (што е смрт за потните жлезди и е многу нездрав, на второ место после депилацијата под пазуви) и се вика sebamed. го има во cosmo tinex околу 350 ден е негде, машки и женски има.
Порано користев Дове, па преминав на рексона, некако не ми се допаѓаше, па сега го користам Ниве, оној жолтиот. Прекрасен е и дава прекрасна свежина.
Нешто околу дилемата за антиперспирантите: http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?1277-Антиперспиранти-–-Да-или-Не
Rexona зелената.Нема подобро. Џабе ви се антиперспиранти,ако не сте се истуширале пред тоа.. Како онаа поговорката одозгоре џиџано,одоздоле какано
Прво тоа е глупост дека болката под пазувите и била од стикот, едноставно можеби бил некој подистегнат мускул или случајно во сон превртена жила која нормално по извесно време се губи таа болка сама од себе. Стикот е идеална работа за таа цел исто така и ролонот , затоа што не остава траги како стикот додека се растопи, но морам да признаам дека помладава генерација незнае бас како да ги употребува тие работи туку само ке налепат на себе и не е битно дали се познава, бело па дури цесто и цели парцинја под пазувите од стикот, најлесно е да се каже дека нешто не е добро а потешко е да се потрудиш да наушиш како се користат одредени работи. Најнапред пред да се нанесе, стик или ролон потребно е добро да се измијат пазувите, и тоа со чиста вода а не со влажни марамици, кои потоа уште повеке ке придонесат за непријатен мирис, значи два пати нанесување на стик или ролон без да се измијат пазувите е катастрофа а што се однесува до користење на дезодоранс под пазуви е тотална глупост затоа што се знае резодоранс и парфем каде се нанесува на вратните жили и на рацете на зглобовите кај шаката од внатрешната, страна. значи за миризбата на пота не обвинувајте ги стикот, и ролонот туку посветете малку повеке внимание на личната хигиена и резултатите неам да изостанат.
тие брумчинја немаат врска со сикот туку тоа се поткожни влакна од бричењето кои поминуваат за 2 дена.
Леле почнав да се нервирам веќе со нивеа стиковиве, многу се убави ама па ми останува бело кога носам нешто црно , многу е гадно , морам да го сменам, Dove остава бело?
Сите оставаат бело,освен оние проѕирните кои рака на срце,воопшто не се ефикасни.Мене не ми пречи белата трага (која не е воочлива ама баш ич,бар не ми се случило такво нешто до сега),се додека добро си ја вршат работата.
Моментално го користам дезодорансот од Dove Hair minimizing-Wild rose.. Преубаво мириса! Затоа и го купив само поради мирисот бидејки не ни верував дека стварно ги минимизира влакната.. Но знаете што? Имам се помалку и помалку влакна испод пазувите Пред едно месец дена приметив дека влакната ми се имаат проретчено и некако послаби&потенки ми изгледаа и се чудев што ли се случува никако да ми текне на дезодорансот кога еден ден го гледам шишето и читам hair minimizing и тогаш ми светна дека може дезодорансот е виновен за тоа! Препрепресрекна сум што го најдов овој дезодоранс. Има се што барам трае долго(барем кај мене), ефикасен е, најубаво мириса и плус ми ги минимизира влакната кои btw мразам најмногу на свет
Јас користам Фа дезодоранси. Оној новиот му е е посув и затоа и го сакам. Се вика Active Pearls и има два мириса. Сега користам еден од нивната гламур колекција . Мирисаат како парфем и затоа ми се убави. Малку се по влажни од овој другиот само. Не користам стикови бидејќи еднаш се изгребав многу од еден таков. Многу болеше. А за оние кои користат спреј и ги штипи после бричење кога ставаат дезодоранс земете си влажни марамчиња и пред да си ставите дезодоранс избришете ги пазувите. Мене ми помага.
Моментално користам Bu Trendy, но некако веќе ми досади подолго време го користам и планирам да го сменам. За полуматура имав поклон Fa дезедоранс, и премногу ми се свиѓаше. А иде и комплет со гел (млеко) за тело што моментално го користам. Од секогаш сум преферирала како гел, таков дезедоранс да користам, за да не ги мешам мирисите. Па затоа планирам за следното купување, Fa.
А зошто не пробаш со дезодоранс? Зошто секој стик остава бело... Рол-оните јас лично не можам да ги смислам зошто се такви лигави никакви, а и не ме држат многу
јас користам стик од лејди спид стик и не ми остава бело за прв пат сум задоволна од некој стик, пробај купи си малечко од 65 денари па ќе видиш
Јас нивеа стиковите ги користам. Порано сите ги имам испробано и рексона, и лејди спид стик, и дав, ама мене сите ми оставаат бело. Мислам и дека нема стикови кои не оставаат бело. Инаку имам користено и од ролоните и дезодорансите, ама некако мислам дека не се толку ефикасни. Спореед мене стиковите се најефикасни, само проблем е белото што го оставаат
и јас неможам ролони да користам а и не ми траат долго. обично користам стикови на rexona, lady speed stick i adidas и сум задоволна од сите и дезодорансот на adidas active3 го имам моментално и супер е многу убава мириса.