И покоен Мајкл Џексон да можеше да оживее и да не представи на Евровизија пак последно место не ни бегаше. Секоја година ќе се најде некоја група која ќе си го прошета задникот на туѓа сметка. Не гледам поента во тоа ние да учествуваме, џабе само арчење пари. Еднаш барем да догуравме до некое повисоко место па да не ни е криво.
Фини се Eye Cue, не дека тоа има некоја голема улога во нашиот пласман. Нити песната, нити групата. Ама ајде, и онака со години назад мото ни е важно е да се учествува.
Од она (не баш многу ) македонско што го слушам, 80% е Ај Кју Супер се, се надевам солидна песна им спремиле. Политика си е Евровизијата и нема баш надеж дека имаме шанси за некаков успех, ама супер е што се напредна со посвежи изведувачи и модерни песни. Не ги бира народ ама и лани со Јана и оваа година со дечкиве – не сме можеле и ние подобар избор да направиме Don't be so negative people
Нели требаше фолкеркана од Битола да оди Јас така слушнав. Таман бев во исчекување на Евровизија - Валандово 2019, и сега излегуваат со вакво нешто.
Имам нешто слушнато од нив и воопшто не сум воодушевена. Уште тој некој призвук од Макфест од 90тите, ништо ново, ништо поинакво.
Хаха, обавезно, овој период од годината ми е омилен Чекам да ја слушнам песната, да не ја има веќе на Youtube?
Ај кју е одличен избор.Ги обожавам,вокалот е одличен.За разлика од ланската претставничка чија песна не ми се допадна (колку беше исфлимано,извештачено),мислам дека ај кју нема да потфрлат
Преѓе ги слушнав за прв пат. Не ми оставија некој "вау" впечаток ама мислам дека се огромен напредок за нас. Мислам дека ќе направат добро за разлика од последните неколку години. Песната не им е излезена? Следно, порано гледав многу евровизија, а сега ради реда. Не вреди да се трошат пари на неа, ама кога веќе одиме, нека биди некој поасолен. Иако не би биле мој избор за слушање, навистина се можеби и нешто подобро кое имаме пуштено на евровизија.
Анета од Молика Он топик: ако не ги пратеа Ај Кју мислам дека немаше кој да пратат... Сите се поминати... Ми се допаѓаат, но општо им фали промоција Омилена ми е Колку сакав (Зборови)
Овде немаме шоу-бизнис за домашно конзумерство (ако не се вбројува политика), арно ама, кога доаѓа време за Евровизија, целата домашна публика е загрижена каква понуда ќе доставиме. Она типичното, што ќе кажат другите.
Кога сме кај Анета-Молика. http://infocentar.mk/aneta-molika-so-skrsheno-dostoinstvo-od-smrt Типичен фолкерски примерок.
Кoпрoв и Дaркo Димитрoв, дo крaј, oти други немa И пoсле зoштo песните зaстaнaти вo еднo време се. Јaс бев зa Анетa
Тоа не го негирам, ама однесувањево не можам да го сварам. Реминисценции на едни времиња со Калиопи, посебно да се запази делот со special snowflake. Највеќе поради тоа го ставив извадоков тука.
И онака нашиве ѕвездички не заработуваат многу, за да можат да си приуштат разно-разни луксузи, евровизија е совршениот изговор како од државна каса да се извлечат пари за патувања во странство. Некои од нив си земаат роднини/пријатели, за искуството да биде поавтентично. После долгогодишните неуспеси, дури ни самите изведувачи не си веруваат дека ќе постигнат нешто. Битно е да се искористи нешто од татковината, впрочем таа и за тоа служи. Аман, нека се откажат од Евровизија, крајно време е.
Не мoрa дa знaчи декa зa тoa се рaбoти, сигурнo им ветувaле нештo, штoм и вo јaвнoст излезе декa oни ќе oдaт, не е зa џaбе. Некoј рaскинaл дoгoвoр, a зoштo, oни си знaaт кaкo бирaaт и штo е вo игрa. Мене нa изигрaни ми делувaaт, не нa снегулки пoсебни.
Леле, дај молим те...„заборавете на нас во иднина, бла бла бла“. Исто ко Калиопи со „Македонија да го заборави моето име“, како и да беше. Типичен простачки муабет ко пред селска чешма. Ако она била баш таква каква што се опишува, немало да се глупира вака со такви изјави. Ако пак имала малку доследност до себе, немало ни да се замара со Евровизија - и онака никој не се замара со фестивалов. Што се потресла толку. Револт или не, смешно и безврска звучи. Јас никаде не прочитав дека Молика одат на Евровизија, шпекулации како и обично. Чудно ми е што го прекинаа оној фестивалон на кој бираа претставник, ама со оглед на глупостите со купени гласови и квази-скандали, подобро што не го одржуваат повеќе.