Па и не сум баш воодушевена. Од Јана многу ми се допадна, дури и фаворит беше песната, но перформансот беше лош, можеби тоа беше пречката за влез во финале, а можеби тоа што ние сме Македонија. После тоа, мислев дека нема уште да бидат толку надежни и да праќаат претставници на Евровизија ама тие пак... Не се надевам на влез во финале годинава.
И Dance Alone беше солидна па со евровизискава политика не видовме финале. Добри сме овие 2 години ама џабе кога сме ''малата'' Македонија
Добра е песнава,ама не знам што да очекуваме. Навикнати сме на разочарувања. Убаво би било да сме у финале.
Убава мелодија,певлива. Добар сценски настап уште да имаме и да се надеваме на успех. Научени секако да не се разочаруваме
Никако да сфатиме дека Евровизија не е за добри песни и пеачи... На Евровизија се праќаат тралалајки и пеачи што не знаат да пеат. Девојкава со овој глас не е за таму! Се знае за Евровизија е онаа што исфалшира: ЗА ДА ГО ПОТСЕТАААААМ! И ние да се потресеме што сме испратиле и тие да се потресат што слушнале.
Dodji i uzmi me Шала на страна, фина е песната, ама тоа "come and take me" Мораше на Сека Алексиќ да ме потсети
Дел од песнава ми се допаѓа, дел не. Аман бре со тоа рефрените! Мора ли скоро сите песни да имаат слични рефрени, еден тон пратечки вокали кои не се добро синхронизирани со главниот вокал, па е каша-попара, плус мене ми е старомодно, се вратив на Евровизија 80 и некоја. Второ, мора ли во сите спотови да имаме некаква кореографија, која апсолутно не е потребна. Прво бидејќи девојкава очигледно не знае да игра, второ оти кореографот е тапа. Им посакувам среќа, ама искрено очекував подобра песна со оглед на тоа што до сега имаат направено.
Песната е баш солидна, ги слушнав голем дел од другите , им парира на повеќето. Има баш популарен ритам, како хитовите што ги вртат насекаде по дискотеки. Само се надевам сценскиот настап ќе им биде добар, таму често зафркнуваме ние. Спотот не ми се допаѓа, Марија не изгледа воопшто опуштено, не верувам дека тоа е со намера. Во секој случај, знаете како оди Евровизија, барем вака не можеме да се жалиме од нашите, бидејќи лани и оваа година имаме добар претставник.
Песнава е типична репететивна лимонада. Досадно до ѓавола. На евровизија можеме да очекуваме некаков успех кога ќе испратиме песни од ваков калибар
Ок, симпатична е песната иако не те влечи да ја слушнеш пак, онака, просечно, колку да не се засрамиш. Ама нешто мора да штрчи како и обично, а тоа очигледно е мрдањето на пеачката во спотот. Аман заман, спот ќе снимаш кој треба цела Европа да го гледа и ти да не можеш неколку потези кои траат 30тина секунди да наштимаш како треба? Богдачува.
Штотуку ја слушнав Македонскава песна за евровизија и не сум воодушевен. Еве како една споредба: Песната од лани на Бурче како за спот на јутуб беше 10/10 а празна за на сцена, тоа и го видовте. Оваа сегашнава е исто така празна за на сцена, а за на јутуб е преку сила 8/10. Оцена моја за песнава е 7.5/10 #PeaceBeTheJourney
Катастрофална песна за вокалот на Марија. Ако споредам песна и стил на облекување и изведба на Убава и оваа како за 2тотално различни бенда да правам муабет. Марија нема тело за во боди што прават циркус од девојчево?
Ја слушнав песната, буквално ме остави без зборови, само незнам дали позитивно или негативно. Миксани стилови, споени во една песна. Незнам буквално што да мислам. Интересно, ама збунувачко.
Нема да влезат во финале, оваа година има одлични песни кои оставаат впечаток од прво слушање. Нашата е ОК за по дома, но средно-жалосна за таа конкуренција.