Очекував да е убава, многу интересен микс на стилови кои никогаш не би помислила дека би одговарале заедно, но Ај Кју многу успешно ги споиле, искрено многу ми се свиѓа
Првиот впечаток ми беше дека е малце конфузна, повеќе стилови измешани и некои делови ми се допаднаа, некои не. Ама на второ слушање ми легна, сега и на repeat ми е од вчера. Само се надевам на добар сценски настап да и даде малце повеќе енергија и да звучи помоќно. Коментарите на youtube ги читав, позитивна реакција има. Ама веќе години наназад, а најмногу после минатата година кога Јана со Dance alone не влезе во финале веќе не се надевам, само гледам Евровизија онака релаксирано и без замарање, јер сум #1 фан на целиот тој настан.
2рата песна не е воклот на Марија туку на Леа,претходната вокалистка во бендов. Нешто вакво да имаа пре-Убава. Или со Леа да беше нешто вакво,легендарно.
Просечен ми е спотот. Не ми се допаѓа ич... немам против ајс кјут ама по нивна верзија да било ќе било подобро.
Ја слушнав песната океј е само се прашувам кога ќе сфатат нашиве дека на Шитовизија се бара добар ентертејмент и јако шоу а не просечни песни
Да солидно евровизиско песниче. Не дека они не можат и боље, ама сакале да го запазат тој евровизиски стил кој и мнозинството македонци го очекуваат. Иначе и сестричката Дина се појавува од 24-27 секунда и ќе оди и она како пратечи вокал.
На тоа сите грешат-да го запазеле тој европски стил. Абре биди си тој што си и така на Европа око не и трепка за нас. Мене милион пати ми е поубав нивниот стил и правец.
Дина ти е сестра? Баш е срцка, песнава ептен ѝ ја сакам, a и онаа другата на англиски (Feel like). Може комотно да ја пратат и нејзе за некоја година, супер би било Така треба евровизиски да се промовира млади таленти, она што имаме од модерна музика кај нас... Фала богу што не се одлучија годинава за Анета Молика ко што се збореше
Преубава е песната и спотот исто ми се допаѓа. Колку повеќе ја слушаш, толку поубава и попријатна за уво станува. Особено ми се допаѓа што има повеќе стилови на музика во една песна, интересна е и певлива. Марија е преслатка и знам дека преубаво ќе отпее. Сега на ред се нашиве добро да ги финансираат, па да оставиме и добар сценски впечаток. ( кога веќе се предомислија повторно да одиме на Евровизија)
И песната и спотот се одлични. Не очекував дека ќе биде волку добра песната, баш се изненадив. Млади се, симпатични и годинава очекувам влез во финале. И коментарите под видеото на youtube се баш позитивни.
Најдобра песна од последните неколку години. И спотот е одличен. Се надевам дека и сценски одлично ќе се претстават. *Ако и сега не влеземе во финале нема потреба веќе да испраќаме претставници.
Не е лоша песната како и минатогодишнината. Но на Евровизија се е политика, така да не се многу надевам на победа бар во финале да влеземе.
Јaс сегa гo пуштив спoтoт oд лaптoп и јa зaбележaв. Тргнaв дa те прaшaм дaли е oнa, aмa ти веќе си пишaл. Инaче, oд вчерa сaмo oвaa песнa јa слушaм. Мнoгу интересен ритaм имa.
И мене ми се свиѓа песнава, од Црно и бело навака е најдобро што сме пратиле, лани на Јана ми беше страшно досадна песната и сценски настап ужас, се надевам во тој поглед ќе се поправиме, а и одличен вокал е Марија, иако не се надевам на некој пласман, и влез во финале е успех. Иако ме копка што ќе беше да отидеа стварно Молика, ќе бевме бар оригинал со етно мелос ко што се исти сите песни последниве години.
Многу ме возбудува моментот кога доле во коментари на евровизиските песни на јутуб ќе се дебатира за идентитет, име на држава, политика и кој на кого му е колонија Посебно егзотична дестинација е Македонија па Украина и сите остали .. edit: Ако ништо друго бар во ова победуваме !!! .
Песната е ок, ама не е ништо посебно. Не знам што се трудат со вакви ствари. Јас би пратила некоја ептен тешка балада, или некоја зафрканција. Ова е ок за слух, ама не е впечатливо
Песната ми е катастрофа во цел поглед. Не е за на Евровизија според мене. За споредба, ланската ми беше 100 пати поубава и позвучна.
Песната ми е онака. Ништо посебно, веќе видено. За лани оправдано е што не влеговме во финале зошто сценскиот настап на Јана беше... не баш добар. Се надевам во тој поглед повеќе ќе се потрудат зошто ако Марија таму игра вака како што игра на спотот , пак ништо.