Се сомневам дека некој ја гледа серијава, ама морам да прашам. Јас имам изгледано една епизода и ми се допадна. Серијава е Ted Lasso ама замислете дека сите се женски, спортот е бејзбол и годината е 1943. Шала на страна, серијава е во врска со формирање на првиот професионален женски бејзбол тим во Америка за време на Втора светска војна. Хумористично и интересно сега за сега. Се надевам некој кој нема што друго да гледа ќе ја почне.
Оваа ко за @RainBow, зашто кога ќе се спомне Тед Ласо на неа ми текнува. Јас би ја гледала, завршив скоро сè што имав, уште Only murders in the building да ја решам ми остана и може да се фати некоја нова. Нема многу епизоди, така?
Епа одлично, таман од понеделник да ја почнам и ќе пишам како ќе ми се допадне. Не ми смета ако траат подолго епизодите, само да не се многу. 8 се таман.
Ја изгледав целата сезона и ми се многу допаѓа. Да знаете дека едно од главните нешта во серијава се лезбејки и како тие се снаоѓале и живееле во тоа време. Требаше да знам пошто се работи за цел женски бејзбол тим. Дефинитивно и втора сезона сакам, ми се свиѓаат ликовите.