1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

A Song of Ice and Fire (George R. R. Martin)

Дискусија во 'Книги' започната од cinderella5, 22 октомври 2012.

  1. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    Барав, но немаше тема.

    Значи книгава е напишана од Мартин Р. Р. Џорџ. Во книгата се прикажани кралеви и кралици, витези и одметници, лажговци и благородници во нивниот натпревар за моќ. Доаѓа неволја во земјата каде летата траат со децении, а зимите може да траат цел живот...

    Инаку има пет дела, го пишува шестото. Одличен писател, одлична книга. Според книгава има и серија и според мене е фантастична.

    Ја има некој читано книгава? Јас ја почнав на српски, многу ми се допадна, скоро се е исто како на серијата. Ми е криво само што требаше прво да ја прочитам, па да ја гледам серијата, ама не знаев дека има и книги. Сакам да прашам дали можам и каде да ги најдам и другите 4 дела на српски? Барав секаде по книжариве нема...
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Види мислам дека ги имана интернет да си ги купиш....
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ги преведоа ли книгите на македонски? Ако не,ги има ли сите на српски или хрватски?
    Првите две ги читав на англиски ама ептен со маки,малку потежок англиски од обичните книги,и пола не разбирав.
    Во глобала,одлични книги се,уште да ги најдам на српски или македонски...
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Ги има пдф на српски ги симнав одамна на интернет бесплатно, само не знам од каде, а на македонски превод има само првата мислам, а колку што читам по интернетов, не се многу задоволни од преводот, иако не е лош, само фалат некои финеси за целосно уживање.
    Српскиот превод го фалат повеќе од македонскиов, ама сепак не е тоа што треба да биде.

    Повели:
    http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=35778
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    64
    Гледам дека темава е од 2012, но сега можеш да ги најдеш на македонски 1 и 2 дел. Јас откако ќе ги дочитам Хари Потер, имам во план да ги почнам игра на тронови. :D :D :D
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Мислам дека првите 4 сезони од серијата ги следат првите 4 книги.
    Петтата сезона е различна, на пример Санса не се врати во Winterfell.

    Последната книга Winds of Winter се уште не е ни допишана, затоа што писателот сака да ги држи фановите во неизвесност, а воедно и работеше на серијата.
    Убаво беше што ако ги прочиташ книгите можеш да ја пратиш серијата, но сега со душа ја чекам шестата сезона и последната книга се разбира.
     
    На TheQueenE и LollySky им се допаѓа ова.
  7. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Winds of Winter не е последна таа шеста треба да има и седма A Dream of Spring така барем пишува на официјалната страна на Џорџ РР Мартин
    многу бев импресионирана од книгите, од кога заврши првата сезона веднаш ги набавив првите книги , до тогаш беа 4 излезени во печатена форма а излагаше 5 во пдф ја читав и ми се допаѓаше кога сценариото на серијата одеше согласно со приказната во книгите и сега петата сезона од серијата не беше баш како во книгата и морав многу пати да пречитувам за да видам што е прескокнато а што додадено секако неспоредливо е книга со филм едвај чекам да излезат книгве последни
     
    На TheQueenE и ЈеленаЏиш им се допаѓа ова.
  8. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Да, ама кога реков последна, мислев на која книга последно треба да биде издадена :lol:
    Јас се мислам дека ги има напишано само фама крева беспотребно.
    Као демек, во случај на негова смрт, продуцентите знаат што треба да прават. Немој беееее...|(
     
    На Legadema му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    и јас мислам исто дека ги има напишано само чека да им расте рејтингот, првата мислам дека 95 излегла и немала некоја голема продаваност се додека не излезе серијава
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас имам заборавено да пишам во темата на серијата,ама како што знам писателот не го пишува сценариото,само првите 2,3 сезони има пишано по една,две епизоди.
    Сценариото го средуваат посебни луѓе,тој одвреме навреме проверува и им дава белешки,а далеку од тоа тој да пишува.

    Мартин сум стопосто сигурна дека ја има завршено,каде таков мозок ќе застане да твори :D
     
    На Legadema му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    да да сценариото други го пишуваат само сакав да кажам дека до четврта сезона одеа според книгите во петата малку скратија малку додадоа од тоа што немаме прочитано и искрено се надевам дека ги има напишано Мартин книгите, ех што мозок има човечето така добро да ги окарактеризира сите ликови
    книгиве му се безвременски
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Каде ги има книгиве на англиски и колку пари?
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Јас ги купив од странство околу 1500-1600 денари.
     
    На TheQueenE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    10.190
    Пол:
    Женски
    Многу ликови во книгата се различно прикажани во серијата.

    Џејми во книгата си останува истиот од почеток до крај додека во серијата добиваме впечаток дека од bad guy преминува во good guy. Епа јас не го доживеав така во книгата, sorry.

    Исто и Тирион. Во серијата е паметниот Тирион со решение за секој проблем кој има daddy issues очигледно, додека во книгите дури е претставен како доста нестабилен лик, нечуствителен па дури и подмолен.

    Санса. Санса ми е еден навистина потценет лик. Во серијата делува како навистина празноглава девојка, глупава која прави што ќе и се рече. А во книгите девојчево е толку исплашено на почетокот меѓутоа не толку празноглава како што е прикажана во серијата туку знае да ја користи главата онолку колку е доволно за да не и ја секнат.

    Лејди Кетлин во книгите колку ме нервирала нешто невозможно, најгорда, најпаметна, најмудра и најмајка во сите седум кралства.

    Арија, Џон, Роб, Нед, Серсеи, Тајвин па дури и Данерис се доловени исто како во книгите така и во серијата.

    Првата книга и првата сезона си течат паралелно, втората книга со втората сезона така така, додека во третата книга веќе почнува да се прави каша попара.

    Како и да е, ова се мои впечатоци до сега, ја читам моментално третата книга, некаде до средина сум., Дефинитивно се предобри книгите па и серијата а јас очигледно имам премногу слободно време, па си барам другарчиња за коментирање 8-|
     
    На TheQueenE и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Јас сум стигната некаде пред крајот на втората, A Clash of Kings, за неколку дена би требало да ја завршам. Туку, досега немав читано книга на англиски, ама не доаѓаше предвид на македонски да ги читам, уште кога го ѕирнав преводот видов дека не е тоа - тоа.
    Побавно отколку што очекував, по 30-50 страници на ден, а јас си мислев по 100. :D Првата ја прочитав за околу месец-дена, вторава побрзо оди бидејќи на распуст сум.

    Ако ги споредувам книгата и серијата, не можам да кажам дека едното е целосно подобро од другото, двете имаат предности и слаблости.

    Прејако е да ги читаш дијалозите, особено пак кога ќе се соберат на состанок да договараат стратегии, па и на мапата си гледаш каде планираат да одат. 8-| Така во првата книга при крајот беа опишани на Роб стратегиите и уште ми важат за едни од најдобрите глави. Ама за жал Кејтлин е наратор, а таа ми е благо неподнослива. :wasntme: Што не е случај со Тирион во втората книга. Состаноците на the Small Council ми се омилени, особено со комплексни ликови како Тирион, Серси, Варис, Литлфингр... На овие сцени некако не можев да се фокусирам во серијата, нешто ми го одвлекуваше вниманието постојано. :D Вака во книга, уживање ми е.

    Од тој аспект ми се книгите подобри, секако, на некој веројатно поинтересни делови му се акционите - борбите, змејовите, а и описите на градбите, природата, замоците... Тие делови ми се досадни некако, мислам океј е еден пасус, ама цела страница со описи ми го одвлекува вниманието и ме забавува.

    Во однос на разликите со серијата во текот на дејствата, ќе се согласам со членката погоре дека првата сезона е стриктно по првата книга, дури и сцените започнуваат и завршуваат како соодветните глави. Додека во втората, има многу работи додадено во серијата, а некои пак се скратени (за сенката и Станис), а и си мислам дека муабетите на Санса и Серси повеќе ги има во серијата отколку во книгата.

    Како и да е... книгиве ми се вистинско уживање да ги читам, ама сепак по вторава ќе читам нешто друго, некоја обична книга на македонски веројатно. А и се надевам дека кога ќе ги завршам сите 5 ќе ми бидат полесни за читање книгите на обичен англиски. :lol:
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Колку книги се од творецот на ГОТ ? Дали има најава дека ќе ја заврши трилогијата што ја има почнато ? Дали некој ги читал книгите и дали имаат смисол ?
    Се канам да ги купам сите (патем која цена се ?)но не сум сигурна дали ќе ми држат внимание ко серијава ?
    Англиската верзија.
     
  17. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Откако заврши серијата се фрлив во читање на книгите. Одлучив да ги прочитам на македонски за подобро да се внесам во целата приказна но преводот е благо кажано ужасен. Ги завршив за многу кратко време, ми остана уште Fire & Blood за која мислам дека сеуште нема превод на македонски, барем јас не сум наишла. Но дефинитивно во иднина сум во план да ги прочитам и на англиски.
     
  18. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене по повеќе од три години. :D Ми ја извадија душата книгиве жими сè. Не се за секој дефинитивно. И не би ги препорачала на сите љубители на серијата (иако по таков масакр на крај верувам дека многу луѓе ќе сакаат да прочитаат како ќе заврши приказната во книгите).

    Првата ја почнав во април 2017, последната ја завршив вчера. Многу посветеност бараат, една од нив цел месец ја читав. Дејството се одвива многу бавно, сè е опишано до најситен детаљ, дотолку што ќе почне да ти се бљуцка на моменти. Има многу моќни делови, и секако квалитетот на storywriting-от е многу подобар отколку серијата (дури и во првите сезони), ама сметам дека за книги од толкав обем не е тоа нешто за воодушевување. Мислам дека околу 30% од напишаното е вистински enjoyable и онака, да не можеш да ја дочекаш следната реченица.

    Што се однесува до ликовите што раскажуваат, најинтересен секако ми беше Тирион, а нај тиња Бран. Кога ќе видев следна глава со наслов Бран ми се превртуваа цревата од тоа колку факинг досаден е. Деловите каде е во кожата на волкот, не само кај него, туку и кај другите Старк деца, ми беа напор за читање. Сосема непотребно развекување имаше таму, ко океј е, сфативме дека се едно со волкот, дека мирисот им е стопати поизострен и дека им е убаво да трчаат во шумата. Потоа кога гледав интервју од Џорџ Р. Р. Мартин, кажа дека баш главите на Тирион му се најинтересни за пишување, а на Бран најтешки. Се познава.
    Серси и Џејми беа интересни, исто и Денерис. Други ликови што ми беа досадни за читање беа сите од Iron Islands, особено Виктарион во последните две книги. Во четврата книга толку ми беше досадна една негова глава што ја оставив на средина, а се вратив да ја дочитам дури по повеќе од една година. :D

    Како и да е, би рекла дека книгите може слободно да си ги прочита секој што е посериозно заинтересиран за серијата, бидејќи приказната е навистина интересна, со мапите, со фамилиите, со политиката, дијалозите... Тоа беше задоволство да се чита. Како што сум кажала погоре, акционите делови и нивните описи се повеќе за оние die-hard fantasy fans, а јас не сум една од нив. :D
     
    На stranger2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Серијата ми беше многу интересна иако се разочарав од последната сезона. Лани си реков да ги почнам книгите и симнав pdf на англиски. Но, многу ми е тешко да читам електронски. Не е исто како книга да си ја држеш во раце. :( Стигнав некаде до 300 страна. Сега сакам пак да ги почнам одново и да ги прочитам сите. Се надевам ќе се натерам да читам е-книга.:headbang:
     
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.308
    Ја на неколку години доаѓам да мрчам оти овој стариов уше книгите ги нема допишано!!!

    Пред 9,со букви Д Е В Е Т години ги прочитав сите книги за еден месец, факинг 3000 страни, уше памтам кои шокои ги доживеав, уше памтам последната реченица од последната книга...

    И еве, пројдоа 13 години од задњата книга, ја остарев, Мартин не можам ни да замислам...
    Мех.
     
    Последна измена: 14 март 2024