Чудно ми е што досега го нема во темиве,мислам дека еден од најпопуларните и најискомерцијализирани филмови последниве месеци..Режисерското деби на Бредли Купер,убава музика и неверојатна хемија меѓу Бредли и Лејди Гага..до толку што трачевите за нивната наводна афера сеуште не стивнуваат, посебно по раскинувањето со Ирина Шајак.После филмот,ај ем опсесд со Бредли..љубави ми е
Некое време го избегнував филмов Не очекував кој знае што Али искрено вредеше што го изгледав и Лејди Гага ја засакав од филмов а за Купер да не зборам Препорака за филмов, кој не го гледал вреди да го погледне
Не знам чија идеја било да снимат дури трет римејк на оригиналниот филм, т.е. четврта верзија, на Бредли Купер можеби. Филмот не ми беше ништо посебно ни кога го изгледав, ни сега кога се потсетувам, а постарите верзии со Барбара Стрејсенд и Џуди Гарланд може да се подобри, ги немам гледано.
Бредли Купер беше одличен во улогата, можеби тука покажа дека е спремен и дека одлично се носи со посериозни улоги наместо предходните негови бројни филмови со комични содржини. Лејди Гага не ми се допадна, не знам ни зошто ја избрале покрај толку талентирани млади актерки, според мене треба да се држи до ексентричниот нејзин изглед во музичката индустрија-добро и прилега.