Отварам тема за eден од најтрофејните клубови, тема која верувам ќе е посетувана и активна од многу феминки, мислам дека не има доста кои навиваме за овој тим. Ќе коментираме за омилените фудбалери, ќе ги анализираме натпреварите, фалиме, критикуваме, споделуваме импресии итн. Нашиот тим за 2010-11 со кој се гордееме и со кој сме на врвот на Италија Oва се нашите најголеми успеси досегашни Серија А (1: 1901, 1906, 1907, 1950–51, 1954–55, 1956–57, 1958–59, 1961–62, 1967–68, 1978–79, 1987–88, 1991–92, 1992–93, 1993–94, 1995–96, 1998–99, 2003–04, 2010–11 Куп Италија (5): 1966–67, 1971–72, 1972–73, 1976–77, 2002–03 Супер Куп Италија (6): 1988, 1992, 1993, 1994, 2004, 2011 Лига на шампиони (7): 1962–63, 1968–69, 1988–89, 1989–90, 1993–94, 2002–03, 2006–07 УЕФА Куп (2): 1967–68, 1972–73 УЕФА Супер Куп (5): 1989, 1990, 1994, 2003, 2007 Интернационален Куп (3): 1969, 1989, 1990 ФИФА светски куп (1): 2007 Oва е нашиот состав за 2011/12. Голмани: Christian Abbiati, Marco Amelia, Flavio Roma Oдбрана: Massimo Oddo, Alessandro Nesta, Thiago Silva, Ignazio Abate, Daniele Bonera, Gianluca Zambrotta, Mario Yepes, Luca Antonini, Philippe Mexes, Taye Taiwo Среден ред: Alberto Aquilani, Massimo Ambrosini, Gennaro Ivan Gattuso, Mark Van Bommel, Mathieu Flamini, Urby Emanuelson, Clarence Seedorf, Kevin-Prince Boateng Напад: Pato, Zlatan Ibrahimovic, Filippo Inzaghi, Robinho, Antonio Cassano, Stephan El Shaarawy И за крај нашата химна http://www.youtube.com/watch?v=vTepGSJqd2k
Опааа ај јас да ја сефтисам... Конечно и посебни теми , па јас ви предвидувам одбрана на титула зошто конкуренцијава ви е слаба ... Ќе си отворам за Челзи да не останеме покусо . Ви посакувам мнооогу победи освен ако не се паднете со нас во ЛШ
Ете ја Што да кажам за тимов, освен дека навивам за истиот уште откако почнав да гледам фудбал. Милан е тим за кој душата си ја давам, сум била, сум и ќе бидам еден од најверните фанови и кога губи и кога е во никаква форма. Животна желба ми е да отидам на Сан Сиро, да ги гледам како играат. Омилен играч ми е Малдини, моја дефиниција за тоа како треба да изгледа еден фудбалер. Кака го сакав и почитував премногу, ноктите си ги изедов и се пренервирав кога ми замина во Реал, ама гледам дека она што го има тоа, го нема никој друг. Зборувам за натпреварот со Барса кога сите се степаа а тој стоеше настрана. Најмногу се имам изнервирано кога Ливерпул израмни на 3-3 и победи, таа вечер не знам колку работи скршив дома, мислам можев да убијам навивач на Ливерпул тогаш Имам дрес од Малдини, штета што не купив од Кака, но што е тука е. Пато го сакам многу, мислам дека има потенцијал во него. И бај д веј сакам дечко што навива за Милан, се фанови на Интер се погодува да бендисувам и тогаш следуваат најголемите тепачки за време на натпревари Сакам да имам со некој заедно да навиваме а не очите да си ги вадиме секогаш кога се прави муабет за фудбал
Јас сум си за Милан од кога знам за себе. Од кога бев прцул прцлест. Од секогаш си ги сакав и ќе ги сакам и да губат и да победуваат. Не ги следам ептен многу ама тук таму го потпрашувам татко ми, како стојат на табела .. до кај се, што се. Љубовта за Милан не згаснува. Го сакам Кака' иако веќе не ми е во Милан, и да тоа што го има овој човек ретко кој го има. Мене ми е Кака совршенство од фудбалер ... како човек не го знам инаку и така сигурно е совршен ... а како помала ептен ама ептен го сакав и Шевченко. И кога беа тука на натпревар му пекав на татко ми да ме носи и памтам ми викаше ќерка ми пека да одиме на стадион а син ми фудбалерот дома дреме И му ги скршија забите и јас плачееев и му викав на тато ајде дома ајде дома и си отидовме Росоњери. Ди бест.
Знаев дека си фан на милан, и кога ќе те видам по темиве ама одма ми текнува на МИлан Најдобри се, од дете ги пратам и со деде мој најгомеми фанови им бевме Во времето на кака ми беа неуништливи. Forca MILAN!!! уште си имам фолдерче со нив у којутер, ако не ги пратам овие 2 години.
Милан 2-2 Лацио Ја гледав цела утакмица со другари леле врискање , добро бе НЕСТА ШТО БАРА У ОДБРАНА СТАРЕЦ ГЛУП , кај нашол него да го игра ОМГ имаме срека првата можеше лесно 4-0 за Лацио ... тој па аквилани првата шанса како не ја погоди .... сепак на крај успеавме да се вратиме , честито 1 поен како по обичај на почеток на сезона тапа и на крај се засилуваме
Ах Милан што да кажам вчера убаво изиграја можеше и подобро , алегри понекогаш ме нервира го става Пато во 70 минута често му се случува ова .. Јас го сметам за клучен играч во милан не е битно со каков тим се игра треба да е секогаш прва постава и да игра од прва минута... друго в срце ме погоди кога го видов Дида на трибините омилен голман на сите времиња ... За историјата незнам што да зборувам кога се знај дека сме најаКи Останува да ве поздравам http://www.youtube.com/watch?v=Bqi0UESGsDM
http://www.facebook.com/#!/FanClubAcMilan оваа е добра страна на милан во македонија, за сите кои се заинтересирани за најновите случувања на клубот можат да се обратат тука
Ќе ги мачкаме ли вечер Барса на нивни терен? Ајмо нааааааааапред Е сега има еден гооооолем голем проблем. Ибра отпатувал во Барселона и на тренинг се повредил па вечер нема да игра
ајде росонеркичке да се надеваме на фантастична игра на нашите голема штета за Златан каков тандем ќе беа со Пато.. то е то :/
Многу затворена игра .. не е ова италија неможеме да го браниме голот 90 мин.. мора малце тактика.. ајде второво со среќа ..и подитно касано аут ..... ForzaMILAN!!
hahahhahaha lelele totalno bev razocarana ... sega sum presrekna ne tolku za golot kolku za tiago silva .. 20tata sekunda na pocetokot i 20tata sekunda pred krajot hahahhhahah ludnici ...