90 минути се игра фудбалот. Не ни дадоа судиите секунди па да се буните 24 секунди на почеток и 24 секунди пред крај гол )) Хепииии! Ако некој е виновен во случајов тоа е Барселона за големите пропусти и за прераното славење кое им го наплативме, иако изиграа подобро
Честитки од мене . Реми на Камп Ноу не е мала работа Инаку ова е коменатар на англискиот коментатор кај што го гледав финишот на натпреварот . Milan There are any chansess for Milan ? posle kornerot ....Ooooo Jeee Milan skore wauuuuu , briliant goal ... That is Italian Job !!!
Па тоа де ние си се отпуштивме и почнавме да славиме и оп вас ви падна среќна ѕвезда од небо Мака ми е бе мака ми е но таа е што да се прави ајде дајте рака Сепак ферски натпревар
Ах Милан, што ти стана вечерва . Бев убедена дека ќе газите. 2-0 Два гола во рок од 2 минути . Ајмо наредна недела на поправен. Победа сакам!
превземено од спортлајф Најдобриот навива за најдобрите Со последнава реченица ме доби до крај на живот!
На врвот на листата на Италија . Во недела е значајна утакмица, особено за нас навивачите, ќе ги бодриме црвено-црните до победа
Тежок ден. Ни на крај памет денес не ми беше борбата за титула, ниту пак жал за второто место. Тешко е да се збогуваш, а уште потешко е тоа збогување да е во множина и тоа со лица кои ти биле омилени. Го помнам моментот и плачењето дома по заминувањето на Кака, срце ми се кинеше кога Малдини се пензионира, ама денес мислам дека ми е најтешко. Шесторица ама нема да ги наречам само фудбалери, тоа не се обични фудбалери, посебно неколкумина од нив, тоа се легенди, тоа се мајстори на фудбалот. Тоа се луѓе кои титули ни носеа. Тоа се луѓе со 100тици голови постигнати за Милан. Тоа се луѓе кои одбраниле 100тици голови кои би ги дале противниците. Тоа се луѓе со кои сме славеле титули, сме тагувале за порази. Дури еден од нив прв пат денес го видов со солзи во очите, ма не беа солзи, тоа беше липање на најдобриот одбрамбен играч и најцврстиот карактер во Милан, страв и трепет за секој противнички фудбалер. Големиот Гатузо, мене омилениот откако си отидоа Кака и Малдини. И денес се простивме и од него. Големиот Сидорф, со неговиот шут кој кинеше мрежички за головите на Милан. Големиот Неста, ах Неста. Имаше една изјава од противничките напаѓачи која ми остана врежанаЧ ,,Човек да не посака Неста да му диши во врат покрај голот". Најдобриот одбрамбен играч наш. А Пипо, Гранде Пипо, мало брзо човече кое не го боли брига за офсајди, ама затоа ја има најсилната глава на свет со која постигна 43 гола. И денес се прости гордо, со гол, еми како Замброта, еден од најсилните одбрамбени играчи, a кога ќе шутираше слободен, тоа беа голови за паметење. A и нашата средина нема да е иста без Ван Бомел, цврст јак голем играч. Навистина тимот не се менува, играчите си доаѓаат и си одат, ама да се збогуваш со 6 легенди во ист ден е тешко. Им посакувам се најубаво и на тие што ќе се пензионираат и на останатите речиси пензионерчиња кои решија последната сезона да спечалат некое доларче низ Америкине. Не е лесно калчото ги разбирам, не отидоа како Пирло кај противникот, туку со срце се опростија од навивачите. Солзи, тагување, опростување денес Сан Сиро жалеше но и се радува што има такви играчи. Поздрав момци. Ќе ми фалите
Само можам да кажам дека во вакви моменти, гордост е да си Росоњер. Не многу тимови можат да се пофалат дека имаат толку легенди кои играле толку долго време за Милан и тука ја завршиле кариерата. Не знам колку пари да фрлаат Сити, колку титули да освојуваат Барселона, тие немаат една работа што има Милан. Легенди. Сликава Гатузо кај што плаче не можам да ја гледам. Не можам.
Видеото сега ме расплака, http://kurir.mk/sport/fudbal/70817-Video-Milan-se-prosti-od-svoite-legendi тешко ми беше кога замина Кака, Дида, кога се пензионира Малдини кој што беше симбол на клубот, човек кој страшно многу го почитувам, ама и сега со заминувањето на овие шест играчи ми е исто толку тешко (за Ван Бомел и Ѕамброта не толку, ама за другите четири, премногу), затоа што тие беа Милан, тие беа моите играчи- Инзаги кој никогаш не се откажуваше, го гледаш како цело време се матка во шеснаесетникот, пробува да даде гол, си викаш ова ли е играч, ама не може да те нервира, таква ѕвезда има , и одеднаш бам- гледаш гол од Инзаги. Џенаро Гатузо, Алесандро Неста, Кларенс Сидорф се играчи со кои растев навивајќи за Милан, и тешко ми е сега да го гледам тимот, мислам дека остана уште Амброзини од старата гарда. Ама мило ми е што се пензионираа, а не направија како Андре Пирло, кој после 10 години во Милан замина да игра во Јувентус Се надевам дека ќе се создаде една нова таква генерација, која ќе созрева со Милан, која ќе ги надмине рекордите на Јувентус и која ќе ги освои исто толку нашите симпатии, како што ги освои оваа генарација
Кога мислеш на Милан тогаш мислеш на Малдини, Пипо, на Гатузо, Сидорф, Неста, Замброта, Ван Бомел. Ќе помислиш на овие легенди, на фудбалерите кои срцето и душата ја оставија во Милан. Тие се Росонери, тие засекогаш ќе останат Росонери. Вакви играчи кои со години се лојални на својот клуб не ги има секој. Во овие моменти чуствувам и тага но и среќа. Заминуваат, но како легенди, како херои. На момциве може само да им се за се што сторија за Милан. Нека учат од нив новите генерации што значи да се сака еден клуб. Роси се расплачав на твојот пост .