Aко не пуштите солза на видеово, значи не сте росонерки http://www.youtube.com/watch?v=NmlE-o9v ... ure=colike
По одвратен клуб од АС Мilan не постои. Од самите играчи преку играта до тренерот никого не го поднесувам
Милан - синоним за фудбалски клуб. Откако знам за фудбал навивам за Милан, кој дефинитивно ми е омилен клуб. Со нетрпение чекам да почне сезоната во Серија А, годинава одиме на титула а истото важи и за Лига на шампиони. Очекувам дека новиот подмладен состав ќе покаже одлична игра. Но, тука се и Инзаги, Малдини, Неста, Гатузо, Замброта, Сидорф, Бомел кои ќе ни недостасуваат на теренот, но секогаш ќе бидат запомнети како легенди на Милан и воопшто во фудбалот.
Ако овој Берлукони стварно ги продаде Ибра и Тијаго Силва на ПСЖ не знам... па многу пари им барал Ибрахимовиќ, па ќе бара бе . Нека не си одат, преговорите се во тек, значи не се продадени, се надевам нема да се разочараат сите навивачи на Милан.
Се надевам дека не е вистина тоа, ама ако веќе се случи тоа можат слободно да кажат чао чао на местото на врвот во Серија А. Ќе треба време додека се вклопи новиот состав. Но, секако дека тоа нема да ја намали мојата љубов кон Милан
И информацијата за трансфер на Ибрахимович и Силва во ПСЖ е потврдена од страна на Берлускони, кој со тоа заштедил 150 милиони евра. За пари се се прави. Се извинувам за двете мислења едно по друго, но не може да се редактира.
А на Интер им се смеев... ништо поарни нема да бидеме, се надевам нема да гледаме како Јувентус ни ја зема титулата пак. А за ова трансфериве не знам што да верувам, глеав на Алфа вестите демек вистина било, ама не ми се верува да прифатиле бе.
Ај да ве видам набројте 11 фудбалери на Милан? Сите ни отидоа, јас додуше не знам ни дали имаме на располагање 11 првотимци Ок ќе земеме младинци и ќе составиме тим некој си. Значи сите си отидоа, ај постариве ги сваќам, пред пензија нека отидат да спечалат, така прават речиси сите фудбалери со одлични кариери. За Ибра не се зачудив, Ибра оди секоја втора сезона во нов клуб. Ама и Силва кога прочитав е тогаш останав без здив. И да земеме нови фудбалери, а не верувам дека Берлу ќе се раздаде со пари (нема ги поеба се на курветини) и со нови и со младинци ќе ни треба време да се запознае тимот. Не се прави од денес за утре тим. Затоа најдобро играат тимови со фудбалери кои бар неколку сезони играат заедно. Тие секојдневно играат заедно, се знаат како дишат. А повеќе од 10 нови фудбалери и готово каша попара. Е такви ќе бидеме изгледа сезонава, каша попара
Ма дури она копиле Берлускони раководи со Милан нема да видиме арно, жеден за пари е кутриот ко божем малце ги има, дали се продава Силва бе ненормален еден ? Па и Ибра , сигурна сум и за двајцата дека не е по нивна желба туку овој изиграва нешто па ќе си го добие дупло како и во случајот со Кака. Сега прочитав но не е сигурна веста, дека и Касано е на продажба. Не ќе да е ова добра сезона за Милан ..
Силва е еден од најдобрите дефанзивци моментално во светот. Пред некое време му беше доделена и капитенската лента, и сега ова? Со кој мозок, со кој? Ајде за Ибра се прифаќа некако, иако мислам дека не е најдобар потег. Касано сака да оди во Џенова, старата гарда си отиде, и што остана?! Ништо. Сакаат да го купат Чаби Алонсо, ама треба да го одврзат ќесето, ама како што ми стои работата овие ни денар нема да потрошат плус. Му требаше освежување на клубот, ама не вакво. Си заминаа најдобрите фудбалери. Шлагот би бил да го продадат и Боатенг. Не би ме изненадило .
Само ќе те поправам Силва е најдобриот дефанзивец на светот,не еден од најдобрите.. Незнам стварно кај им е паметот...
Мене ми е мило што нема да го гледам Ибрахимовиќ повеќе во дресот на Милан- ептен одвратно човече ми е, се виде тоа и на Европското првенство, а што да се каже по оваа изјава
На тема Гатзуо, еден од моите омилени играчи на сите времиња дефинитивно, независно играл за Милан или било кој тим. Али сепак е легенда на нашиот клуб фала Богу.
http://www.themen.mk/index.php/sport/fu ... -kaka.html И дали ќе дојде тој ден и конечно да му простиме сите што си отиде и да се врати таму од каде што никогаш не требаше да си замине? Baby come back home, да се насмееме сите веќе конечно Мене ми беше омилен играч, и заради него почнав интензивно да гледам фудбал. Со неговото враќање, дај боже да се случи ќе бидам пресреќна, ПРЕ!
Kako незнам дека имаа тема за Милан Голем фан сум на Милан, но морам искрено да прокоментирам дека ако остане ваков тимот оваа сезона во 3та лига ќе одиме. Редно е Берлускони да го отвори ќесето малце повеќе. Прво ни треба добар голман (со Абијати ништо и оној младиот од Бразил што е ), Кака би требало да дојде и повторно да се докаже како играч, бидејќи во Реал е семо втора класа (бидејќи Мурињо воопшто и не го форсира повеќе го форсира Кристијано ). Денес бедно изгубивме од Сампдориа . Овој состав беше најдобриот што го имаа , со него освоија се.
Што се деси со агонијата на Кака, имате ли информации дали се реши конечно? Неможам да најдам никаква нова информација. Абре работава, Леси врати ни се дома Ама со душа го чекам, и мора малце да се живне тимов, зашто искрено загрижена сум малку со оваа состојба
Денеска е денот Х и се до 7 саат денеска е активен трансфер пазарот и до тогаш може да се купува, после тоа сите тргувања престануваат, па се поизвесно е дека Кака уште 6 месеци ќе преседи на клупата и на трибините во Мадрид .. Шо се секираш сега Кркиќ ќе ве опраи .. И мислам дека Милан со купувањето на Нианг и Кркиќ го затвори тимот за оваа полусезона, не дава Берло повеќе пари ..