Пато и Барбара раскинале... Можам да предвидам кој е следен на листата за продавање на Берлускони.. :geek:
Некако тивко овде .. Слушам Аталанта солидна екипа била .. ПС: Нема љутиш, малку навивачко пецкање не е лошо ..
Па тивко ќе е. Уште и читам кој ќе ја сносел одговорноста поради катастрофалниот почеток на сезоната? Мислам нека го продадат ако не цел тим, па кој ќе ја сносел. Бог да чува! Јас ги учам фудбалериве, СВЕ нови се. А кога има нов тим, додека се соединат, научат, тактики ова она треба време. Јас уште кога прочитав колку се пензионираа, колку отидоа низ Америкине, колку продадовме знаев дека сезонава отиде јабана... У реду е помлад освежен тим, ама треба време за тој да покаже резултати.
Да ви кажам срам ми е што навивам за ваков тим. Ова беше ужасно лоша игра. Катастрофален меч. А лошото е што не е мечов само, ова една лоша сезона очигледно на Милан. Многу лоша игра, многу, многу, многу...
Според тоа јас што го гледав вие имавте многу шансиии а судиите премногу ве оштетија срамота мислам дека не го заслуживте тоа
Нема смисла, почнавме се почесто да губиме од градскиот ривал срамота еј се плашам дека стварно може да им станеме пациенти вака ако продолжи
Како порано не сум ја видела темава за мојот фаворит За Милан ме зарази брат ми уште во 2ро одделение и одтогаш си почнав и јас ајде Милан,напред Милан инаку тогаш само за Шевченко и за Кака гледав фудбал кога играше Милан сега ги нема ни двајцата ама прочитав дека Кака изгледа ќе се врати во Милан
^ Welcome home baby Дај боже да е така. Од скоро му го манијачам твитер профилот, али не разбирам кога си пошува на португалски https://twitter.com/KAKA
БАЛОТЕЛИИИИИ Добро го искористивме изгледа зимскиот преоден рок. Балотели ти е играчиште, само да игра дисциплинирано и ништо друго не барам.
Се надевам ќе славиме утре. Штета што Балотели нема право да настапи, да беше он растур ќе направевме. Иначе читав пред некоја минута и Ел Шарави е неизвесен за утре