Баш влегов пред некој ден,имаше прекрасни ланчиња со привезоци како ајфелова кула,фото апарат,ллондонски автобус црвен..ептен штосни ама 1200 ден едно такво..многу е скапо а квалитетот не е којзнае што!
Јас имам купено еден прстен со едно големо камче, после 2 несења одстрана тоа што е како сребрено цело се излижа и светло розево стана Џабе 650 денари дадени. Прстенот за убав убав е, ама квалитетот никаков. За два пати носење да дадам 650 денари фала, не. Памет во глава за друг пат. Е сега незнам за ланчињата и другите работи што квалитет се или само мојот прстен така се погодил.. Исто видов една алка со чармс гледам цена 1200, отварам на страната 400 денари истата беше. (британската страна) Незнам што е со цените кај нас во Македонијава ама секаде надвор аксесорајз е поефтино.
Имаат многу многу интересни работи, ама цените им се вансериски бе! За едно мизерно несесерче (ако можам така да го наречам, толку беше тесно, колку една монета да собере), повеќе како за приврзок со димензии 8х5 сантими да дадам 500 денари?! И тоа на попуст беше. Само и‘ се насмеав на продавачката и си заминав. Па тоа не е хумано бре!
Има многу убави работи,ама се многу скапи!Ама,така е кај нас,сите странски брендови највисоки цени имаат во Македонија.
Во било кој бутик да влезете на Accessorize има прекрасни работи,има доста попусти,и внатре се е шик (под кај пак шик) како и да е :up: Accessorize д бест
мислам дека треба да ми стават слика во accessorize зашто сите пари ги имам оставено таму!!! За работитe какави се нема да заборувам многу сами знаете, дека апсолутно се им е ПРЕУБАВО Но нависитна квалитетот не е нешто посебен, имам работи кој ептен ми се погодиле, но имам и мн алки и ланчиња кои одма ја изгубиле бојата или им се скинале а цените кај нас се overrated не само за нашиот стнадат, туку општо. во грчка дека само таму сум видела друг accessoize е мн поветино од кај особено кога има попуст, еднаш имаше се по 2, 3 евра! тоа беше лудило! за неколку саати се се потроши! ама се И така ние среќни задоволни си дојдовме дома со полни вреќи а инаку исти работи носат ко кај нас во солун Во скопје се ислатеше купи 2, третото гратис, стварно имашее доста ќар пресметав и попустиве по 70 посто и по 50 имаше доста добри работи за прифатливи цени(не ефтени, но ајде некако ок да се рече) Мене accessorize ми е матична куќа за накит, дефитивно ми се #1
има прексрасни работи, немам влезено одамна, зашто е скапо. кога и да влезиш ќе најдиш нешто убаво, ако ништо друго барем да си ги наполниш очите
Уф имам еден куп работи од аксесорајз Ептен ми се допааѓаат работите, многу убави ланчиња, алки, менѓуши, ташни, марами има, абе се им е убаво внатре.. а тоа дека се скапички, се, али за нешто што стварно ми се допаѓа и што сигурна сум дека ке го носам, давам пари А накитот им е стварно прекрасен
Преубави работи има. Најубави ! Spoiler Сега што е малку скапечко, скапечко е. Јас си купив едно венче со голем цвет, циклама цвет ! 360 денари Но не се жалам ! На кој му е страв од високи цени или од цени мааалку повисоки ... Многу убави работи има !
Оваа брезлетна и набиле цена од 780 денари , две-три ластичиња и малку привезоче нема шанси бе да дадам толку, има убави работи кои вредат за парите иако сметам дека е прескапо, но има што не вредат за цената, како на пример оваа брезлетна. оваа иста цена како и горната, малку конопче купи си, некој шик привезок и ете ти брезлетна Аксесорајз.
Ќе се сложам со останатите дека навистина има преубави работи ,ама цените....мислам дека стварно претеруваат
Во продавниците низ Македонија немам влезено и не знам како се двишат цените,но кога бев во Париз случајно налетавме на нивна продавница и моравме да влезиме со другарка ми,купевме неколку ситници за поклони и секако си купив и преубава бизутерија за мене но дадовме многу пари мислам дека таму дадов најмногу пари а најмалце купив. Деца па ти баш од таму подароци кај ни беше умот не знам
има ептен убави работи модерни и уникатни со цените претеруваат често одам во продавницата во Веро и морам нешто да си купам омилени ми се !
обично не купувам накит ама кога и да влезам во продавницава подзинувам од што има убави работи ама па кога ќе ја видам и цената па уште повеке подзинувам, до сега од овде не сум купила ништо само сум рагледувала ама последен пат кога влегов многу ми се допадна едно ланче во вид на паун па може некој ќе ми го купи
Имаат интересни и преубави парчиња, но има и такви што не се по мој вкус, се разбира сегде е така, нешто ќе ти биде убаво друго не. Но сепак прескапи се за мојот џеб и сега моментално не можам да си дозволам да си купам, можеби некогаш и тоа ќе се случи ако дојдат подобри времиња.
Во аксесорајз само на попуст се купува и тоа во странство, тука попустот е никаков! Секогаш кога ќе влезам внатре си наоѓам нешто и чекам до попуст.
Ма имаат прекрасни работи, ама цените се малку соленки кај нас.Имам неколку ланчиња, ги начекав на попуст во Солун и еден прстен од тука.
има убави работи, но споед мене е скапо за такви работи, сметам дека истите и скоро слични можат да се најдат и на други места за поевтини пари