1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Acid Wear

Дискусија во 'Мода и стил' започната од blueeparadise, 13 август 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Сте биле ли некогаш во оваа продавница? Како ви се допаѓа облеката од таму? Јас првпат бев во оваа продавница вчера и искрено некои парчиња облека не беа по мојот вкус, но може да се најде и нешто убаво и интересно и така шаренко. Јас си купив фармерки и дуксер од таму, раперски едни, баш по мој вкус. 8) Мислам дека оваа продавница држи облека која е наменета за psy, goa, trance, hip-hop стилот и можам да кажам punk до некоја мера. Цените мислам дека не се надувани како во другите продавници, туку се сосем нормални. (Дуксерот што го купив беше 900 денари а фармерките 1000.) Сега, можеби се на попуст како и се друго во градов, но незнам. Драго ми е што некој во Скопјево отворил продавница која се труди да биде поинаква од сите други и да ги задоволи вкусовите на младите и тинејџерите, иако се случува да се најде нешто и за повозрасни. Има вакви две продавници во Скопје, едната е карши Рамстор а другата во ГТЦ позади Југотон но јас таа не успеав да ја пронајдам, па затоа бев во таа што е спроти Рамстор. Малку тетката што продава таму е ПРЕмногу услужна, ама знаете тоа премногу што веќе ви оди на живци од што цело време трча по вас :D , но сепак тоа е подобро отколку да не се помрднува од столче како што е случајот во повеќето други продавници.. |(


    Еве ја страната на Ејсид Веар: www.acidwear.com.mk
    А еве го и фејсбукот на сопственичката на овој дуќан (мислам) каде што има слики на девојки што ги носат моделите на Ејсид Веар. http://www.facebook.com/group.php?gid=9 ... ?sk=photos


    Значи, јас искрено се радувам што дознав за оваа продавница и кажувам едно големо фала за таа феминка што ми ја препорача во темата 'Што да си купам, па и на попуст плус..?'
    И да, навистина ни требаше нешто вакво во Скопјево (иако продавницава постои одамна, ама можеби има и некои други што незнаеја за неа до сега, исто како мене.)
    Па, добредојдени се вашите мислења. :)
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Таа позади Југотон во мое време:)D) постоеше и се викаше Toxic, веќе ја нема така да не ја ни барај (освен ако не ја отвориле пак во скоро време, ама чим не си ја нашла значи не). Инаку имам купено две маички, едната ја изнаносев другата не ја облеков. Фармерки не би купила, не носам такви широки, а дуксерчиња на времето имаше доста добри, а и гледам со прифатлива цена. Инаку продавница слична на оваа, да кажеме, е SixPM има во Рамстор и во ГТЦ. Во 7мо, 8мо одд скоро сите низ град се шетаа со ќеси од Toxic :wasntme: , ама сега некако сум за посериозни работи :geek:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Од Токсик добив подарок шалвари кои се стварно предобри. Се надевам дека во брзо време ќе се подновам со нешто плус.
    Облеката е на некој начин посебна, шарена, едноставно преубава.
    Не ги посетувам често, бидејќи не се врткам многу низ ГТЦ, а ниту пак накај Рамстор.
    Цените се онака добри, не е нешто прескапо, но не е и со некои ниски цени.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ме натеравте да ги ископам единствените панталони што ги имам од Асид вер, мисијата беше успешна и уште ми се точни. :D

    Јас ги купив пред добри 6 години, во продавницата во Буњаковец. Не знам дали уште постои, ама има некои парчиња што ми се допаѓаат.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Шалварите им се топ! :) Сакав да си купам вчера ама се премислив зашто ми требаа фармерки за во школо. Дуксовите не им се нешто ептен убави, ама ајде некако избрзав и си купив еден зашто не ми се шеташе веќе, цел град го превртев. Ама, си купив битно широк и долг, ем удобен ем по пристапна цена. Мајка ми па ми викаше дека пливам во фармерките, па како не ми стоеле ич и да, стварно пливав ама ајде си купив каиш еден и сега ги спуштам на кукови и си фурам, фраерка си се праам. 8) Имаат убави ланчиња и интересни им се оние за раце, како се викаа де.
    Мада јас од вчера се премислив и сега сакам да сум рокерка :rock: , т.е јас отсекогаш сум сакала или раперка или рокерка :D , ама ајде сега ќе комбинирам иако ќе ми залепат етикета 'позер' ама ич не ме брига.

    P.S Фустаните и сукњите им се малце weird. о.О
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Да не знае некој отприлика колку чинат шалварите во Ејсид..? Пробав еден пар претходниот пат, ама заборавив колку беа.
     
  7. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Ехеее Toxic е закон, супер облека држат, како и ланчиња и патики...Имам неколку парчиња облека купено од таму уште во средно и уште ги носам :)
     
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Едво време бев опседната со таква гардероба. Пантолони со многу џебови, со некои престилки, друксери и блузи со јаки бои, а омилен ми беше капутот со вештерска капа. Кога бев основно сите носевме привезоци за клуч од Токсик.
    Еве некои интересни, несекојдневни модели

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Сме ја подзаборавиле темава. :)
    Бев пред некој ден во Ејсид, ама некако празничко им беше. Се им седат старите модели, единствен новитет им беа кожните јакни со нитни, интересни беа ама некако прегруби за мене. Среќа уште имаат од старите модели на шалвари, од претходната сезона - 1200 денари се па ако сака некој да си купи нека повели. :) Фармерките троа скапички им се, 1800-2000 денари. Ааах, и да имаат една преубава зимска јакничка, бело со црно, топла за мерак! Ако некој знае кога ќе донесат нова колекција, нека ми каже па пак да поминам да видам што-како има. :wasntme:
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ја нон стоп си купував од таму фармерки, само некако нови модели помалку има, додуше одамна немам отидено али како слушам немаат нешо ново донесено.

    Ама секоја чест за посебноста дефинитивно .
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    пола гардеробер ми е од ACID ама повекето ми се од постарите работи уште коа беше Токсик у ГТЦ сеа исто си е токсик ама има само за мужи а за жени е асид веар карши рамстор... од коа знам за себе си купувам од таму, имам панталони и маички од пред 6,7год до ден денес ги носам и уште ми се како нови...
     
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    хаха добра продавница на времето беше голем хит но некако со тек на време замреа.Во секој случај несекојдневна и креативна облека.Имам неколку работи од таму на времето купени од продавницата во трговски што беше позади Југотон и неможам да се пожалам од квалитетот мада тогаш некако ко покапи да беа(памтам панталоните им беа по 2100 ден).Сега веке не купувам од таму од едноставна причина што сум постара и повеке не се пронаогам во нивниот стил.
     
  13. Beatriche19

    Beatriche19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    89
    абе ајде нека не се фураат за шалвари да дадам 1800? тоа е сепак партал во однос на фармерки кои можеш да ги носиш пролет лето есен зима :)
    а и башка не е којзнае каков брендот,и онака е една продавница у ск со вакви партали треба да намалат на цените пошо не секој македонец има пари 1800 да даде за едни шалвари. тоа би му дошло просечно 7 дневници т.е 7 пати да иде на работа да крампа ко лудак за да си купи шалвари
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Облека за трансери. Единствена асоцијација :D
     
  15. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    agree :clap:
     
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Имаше период кога ептееен купував од Токсик :) големо хитче беше на времето :D хеланчиња некои со дупки, фустанчиња со мрежа одозгоре, панталони дречливи карирани, дуксери со шпицасти капи, корсети некои, ташни со костурски глави, ланчиња со печурки ехееее :D што се немав од продавницава, уште си ги чувам дома :D искрено како нови се уште иако поминале едни добри 4 години од тогаш. Веќе не купувам од таму, неможам веќе да се замислам такви дречливи бои да носам, неможам веќе да се пронајдам во тој стил :D
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Бев еден период во фазон кога се будалев и купував. Се наоѓав некаде помеѓу рок стилот и тоа што сум сега, ама западнав во погрешна насока и место неутрализација стигнав до дреч зелени панталони со портокалов дуксер до колена. :D
    Имав едни панталони кои мноооогу ги сакав. Беа крем, со црвен каиш и тие ми беа дотерувачки, само за посебни прилики. :!: