Adolescence (2025)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од JuLleE, 25 март 2025.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.171
    Допаѓања:
    175.442
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако се речи „сите се виновни тука“ во ситуација каде има жртва, за мои уши е еднакво на „сама си го барала“. Инаку зошто би била виновна жртвата? Така да шо Кејти прај или не прај (се е рекла казала муабети, нахнадно инцел коментарите можи да се од кога Џејми укажва на застрашувачкото инцел однесување кое после се докажва дека е вистина присутно) се сосем нерелевантни во ситуацијата „убиство на Кејти“. Пошто ситуацијата „убивство на Кејти“ и ситуацијата „потенцијален булинг на Џејми“ се две посебни ситуации и ако Кејти е були - тогаш е виновна во втората ситуацијата, ама никако во правата и обратно, Џејми е убиец и е виновен во првата ситуација. И не можи да ги гледаме заедно ситуациите и да велиме дека „двата се виновни“. Така би значело дека „Кејти го натера Џејми“ да ја убие. Шо пак, директно оди во реториката дека си го барала.

    Ама шо е важно тука и која е поентата на серијата? - Маносверата (буквално кажано од страна на серијата, не беше нешто шо треба да се одгатни) и како влијае на младите машки деца и какви проблеми можи да напрај потака во животот и зошто мора да им обрниме внимание и да им вградиме љубов и колку можиме разум. Нашиот главен лик толку е длабоко во маносверата шо скроз можи да се види како гледа на жените особено во епизодата со психологот. Импресивна епзиода искрено. И боли ко ќе видиш однесување на поќето возрасни „алфа мажјаци“ - кај дете. И то не е резултат од булинг. То е резултат на општеството шо дозволи луѓе како Ендру Тејт да се популарни и да можат да моделират кревки мозоци на мали деца.

    Во поглед надзор или не на деца, мислам дека е полесно и прифатливо кога се помали. Како влегуваат во тин години во најмала рака е потешко. Пошто ако неќи нешто да знајш - ќе го скрие. А, дека мора да се има некаков надзор мора. Ова иди од дете растено на интернет и искрено радо би да не било така ама и на гла да застанеле моите јас пак ќе најдев начин. Така да би рекла тука поважно е да се збора на секакви теми и да се биди присутен онлајн за да видиме шо ги интересира младите за да бидиме точно присутни - и да можиме да ги збораме тие теми од поќе агли, поттикнувајќи критичка мисла и дискусија. Сигурно многу порано ќе постигнев љубов кон себе ако можев со мајка ми да зборам пример за пореметувања во исхрана (тие беа ин дур растев, особено проана движења на tumblr) ако знаела дека моментално сите тинејџери седат на Tumblr. Два клика ќе ѝ требаа да види која тема е актуелна. Дур растеше брат ми цело време гледав во тек да сум и со јазикот кој го користат и со активностите на тие негова возраст за да можам да се уфрлам кај шо треба. Вклучително Ендру Тејт и маносверата беше една од тие теми. Ама никогаш немам земено лаптоп негов или телефон да прошарам. Па искрено ко ќе го видам дома да дискутира на некоја од овие теми за кои јас го стимулирав да збора - се гордеам до која мисла стигнал од последно ко сме зборале и како ја сфатил првичната мисла за која сме зборале.

    Во глобала интересна серија. Не сум од оние шо се премногу импресионирани, а ни од оние кои ја хејтаат. Уба беше да се гледа, 8/10, не би ја прегледала ама би ја препорачала. Мислам дека поставува важни прашања и поттикнува важна дискусија.
     
    На DragonFly22, M.B., dunika и 9 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Поентата за гледањето на настаните како засебни ти е ептен на место.
    Џејми веќе беше во тие води, веќе му беше всадено тоа во главата, затоа и толку беше повреден кога го одбила, зашто сметал дека е она сега на дното и дури тогаш се дрзнала да го одбие.
    А, не мислев дека треба да им се отвора по телефони и лаптопи и да се гледа што прават. Туку да се задржи близината, да се разговара, да се биде присутен во нивниот живот, а не ќе дојде од школо, ќе јаде, како помина во школо? Добро. И ајт во соба, цел ден е таму, немаш поима што прави, немаш поима со кого се дружи, немаш поима за што зборува, што го интересира... Сакав да кажам дека можеби би разговарал со татко му да имаа таков однос, би му се отворил, дека мисли дека е грд на пример, дека му е тешко, во најмала рака би му се испуштил некој мизогин коментар, па таткото би увидел дека нешто не е во ред. Би се рекол, чекај малку, што всушност збори, гледа и прави детево? Сепак, не зборуваме за 20 годишен или нагоре, тоа е само 13 години дете.
     
    На CameliaMiller, M&M, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.836
    Допаѓања:
    41.007
    Пол:
    Женски
    Исто така, нешто што не се спомна,
    мислам дека има мал акцент - ама битен - на односот измеѓу Џејми и татко му. Не е прикажан како лош отсутен татко, ама дефинитивно тоа што имал испади на лутината му влијаело на детето.
    Кога вика дека мислел дека татко му се срамел од него е исто важно, зашто баш машки кои немаат доволно емотивна поддршка и се сметаат за недоволно мажествени се таргет на сите овие интернет инфлуенсери.
     
    На Lella, theunforgiven, FriendOfDorothy и 7 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.832
    Велите дека скроз небитен е извештајот, ама тогаш ако детето психички било здраво, немало да убие. Он не може да ја сфати тежината на делото и што направил се до крајот од разговорот. Се фокусирате на маносверата што е ок ама според мене, други фактори се повлијателни за да го изврши делото. Плус разговор со татко му, дали мислите човек од таа генерација ќе сфати дека нешто не е во ред со син му? Па цел Балкан функционира така.

    Јас повеќе би се задржала на неговата личност, пораметувањето кое очигледно го има и неразговарањето со родителите и булингот.
    Тие се сосема обично семејство.
    Сестра му е сосема друга. Убаво прашуваат како ја одгледавме нејзе? Исто како и него. Скроз на место одговор, само што имаме два лика, со скроз поинакви околности и лични карактеристики.

    Во врска со убиената девојка, она никако не е виновна, она е жртва.

    Доаѓаме, односно јас доаѓам до заклучок дека небитно за каков облик на булинг станува збор, тоа и те како влијае врз детето. Многу е битно какви предиспозиции постојат и во која насока ќе се развива понатаму. Едни ќе убијат, други ќе бидат убиени, трети ќе се самоубијат, четврти ќе се изборат и ќе продолжат понатаму.
    Затоа школите и родителите се тие кои треба и мора што реагираат и превенираат.
    Значи да знаеме што се случува во таа соба, макар би проверувале и чепкале по телефони и компјутери. За жал, знам не е во ред, ама времето е такво што таква контрола некогаш е неопходна.
     
    На An-na и M&M им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    62.658
    Пол:
    Женски
    Жени кога се жртви на сексуално насилство, на јавни соби, на булинг, најлошо нешто што може да го напраат е да одбиваат мажи како Џејми кои мислат дека тие жени се толку очајни што нема шанси да ги одбијат. Како смее таа курвата од која сите имаат видено голи слики, да го одбива него, најс гај. Или да направат одбрамбен механизам и да пробаат некако да им вратат на мажите.

    Мажи кога се жртви на булинг гледаме што е најлошо нешто што може да го напраат. Да убијат ладнокрвно. Епа не е исто.

    Едниот продолжи да живее и да ја има привилегијата да се буди секој ден, а девојката не.

    Одлична е серијата, браво за тоа што го спомнаа најголемиот злосторник и уништувач на еден куп млади машки, Ендру Тејт. Браво и за полицајката, го кажа тоа што јас го зборам на форумов години наназад, а тоа е дека после сите го гледаат него, тој е херој за едни, крвник за други, ама е во центар пажња. Жртвите се само една реченица во црна хроника.

    Машкото во продавницата беше исто така многу добар лик, уште едно дете задоено со омраза од Тејт, темпирана бомба која може да пукне во било кое време.
     
    На Lella, DragonFly22, kolovoz и 12 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам на ова, во која продавница?
    Според статистиките машките се склони кон физичка агресија, женските кон вербален булинг. Секако женските пак се на крајот попогодени жртви, некој ќе ја убие, она инцел ќе го нарече.
    Инаку, оставаме ова под нос да ни се случува, не знам како се сите слепи и за машки и за женски деца. Уште сцената од школото ми е во глава, ниту силеџиите, ниту жртвите психички нити се, нити ќе бидат како што треба.
    И никому ништо. Серијата ќе се заборави, булингот ќе земе замав, ќе читаме црни хроники и така.
     
    На KateKane и JuLleE им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    154.057
    Пол:
    Женски
    Ќе ја догледам па ќе ги дочитам коментарите.
    Ја почнав, мислев дека е обична крими серија но од втора епизода видов дека треба во мир и тишина да ја догледам без прекинување.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    62.658
    Пол:
    Женски
    Кога купуваа боја во последната епизода, машкото што му продаде боја на таткото беше ист како Џејми, буквално темпирана бомба. Нели го советуваше да отвори сметка каде ќе може да се донира за некој скап адвокат.

    Се согласувам иначе со се што напиша, меѓутоа пак ќе кажам, не е ист исходот кај мажи и кај жени од овој нов катастрофален тренд. Едните ја имаат таа привилегија да живеат, другите не.

    Не знаат професорите како да се носат со новиве трендови и онлајн врбувања, искрено ни јас не би знаела. И мене можеби една од највознемирувачките сцени ми беше во школото, затоа што еве јас да се најдам во иста позиција како професорите, нема да знам како да реагирам. Имав можност за доедукација и да одам да предавам со мојава струка, неќам едноставно, не се осеќам способно да изменаџирам тинејџери.

    А и родителите ми се допадна како ги претставија, буквално нормални луѓе, кои не се лоши, меѓутоа не се ни толку присутни. А не се присутни оти таткото се убиваше од работа. Исто тоа се една генерација колку нашиве, што не знаат со емоциите како да се носат. Некни кога се случи пожарот, татко ми ми се јави сабајлето испаничен до максимум. Дента плачел. И тоа е втор пат да го видам да плаче, а инаку не знае како да си ги искаже емоциите, учен цел живот од дедо ми дека треба да е прав маж и да не плаче и да биде силен. Јас да бев машко не знам што ќе излезеше од мене, еве најискрено. Не дека татко ми е злобен, или не е добар татко, туку едноставно е од различна генерација со скроз различно воспитување.

    Да се вратам на серијата, одлична е, ќе кажам уште еднаш и се надевам ќе прават уште повеќе вакви за дигање на свест и на родители и на млади луѓе кои се жртви на сериозни сексуални манијаци кои им продаваат животни филозофии.
     
    На rainbowec, Nausicaa, Pixi5 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.832
    Кате, затоа пишав погоре и да седнел да разговара со татко му, немало ни да го разбере, ниту пак нешто да влијае во однос на маносверата.
    Ама може пак, ќе увидел дека син му нешто го мачи, некој алрам, што и да е. Но да бидеме искрени и јас сум растена од таков татко кој е учен да не искажува емоции.
    Поинаку се воспитувани, а од нив сме ние воспитувани. Од една страна јас не се сеќавам да сум разговарала со моите како што сега правам со син ми, ама зборуваме за други времиња. И се додека трае таа транзиција, ќе постојат вакви разлики во одгледувањето.

    Како ми легнуваат впечатоците, сфаќам дека семејството е сосема нормално, обично. Ваљда можеле повеќе, ама може и не можеле. Тоа е кога ќе ти чукне на врата, си велиш можев. Претходно не.

    Инаку од некое досегашно искуство, машките се почести жртви на булинг. Знам нема да се согласите со мене, ама се.
    Особено на вербален. И потешко се носат со истиот.

    Имам син, син ми има другари. Не знаете колку е тешко да се одгледува денес дете. Во светот на интернетот.
    Претешко.
     
    На M&M, Bozica1980 и joy1 им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    62.658
    Пол:
    Женски
    Јуле јас сто пати сум го кажала тоа дека дете да износиш на прав пат е можеби најтешката работа од се. Еве ти си пример дека за доброто на твоите деца си направила еден куп жртви, си отишла на подобро место барајќи си го местото под сонцето. Ама дека можеш да го изолираш детето од токсични "алфи" на интернет не можеш. Можеш да зборнеш со него, ама не можеш да го стаиш во бабл да не е свесен за Ендру Тејт. Можеш само да го учиш дека тој човек не е во право.

    За булингот јас и ти нема никогаш да се согласиме, и тоа е во ред. Ама девојчето не му правеше булинг него. Таа му ја имаше посочено неговата мизогинија, и го одби. Имаше увидено колку е саатот, дека сака да ја купи со муабетот дека е најс гај, а уствари тој го праи тоа што го прават илјадници мажи, а тоа е ловат жени во фрагилно психичко здравје за да ги придобијат и да ги имаат. Истово и на форумов се случува, сум приметила неколку пати како мажи тука ќе се закачат на некое разочарано девојче со тој муабет, ама не се сите машки исти, јас не сум таков, се со цел таа девојка да ги одбере нив. И јас сум се пуштила овде на таквите, што ме праи мене тоа? Були? И сеа ако ми се закачи некој кој не ми буди атракција и го одбијам, па ако ми го акне ножот дали тоа е equal реакција? Секако дека не.

    Фрустрацијата кај детето е добиена од микс на два света. Еден од родители кои го учеле да се однесува нормално, а друг од Ендру Тејт кој ги вика машките како него бета. И сега тој и вика на психологот јас бев добар, не ја пипкав иако можев, а други машки ќе го направеа тоа. Што значи дека со тоа што тој праи bare minimum веќе се смета супериорен и најс гај. Примети како тој вика не напраив ништо лошо, место да рече не ја убив.

    И да, ќе ви треба на вас мајките огромна сила и трпение да ги научите вашите синови дека со самото тоа што нормално се однесуваат со жени не значи дека им следува награда. Едноставно тоа е минимум што може да го направат. Бомбардирани се со маносфера, затоа се потребни многу разговори.
     
    На Lella, Nausicaa, sparklie и 9 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.832
    Не реков дека булингот доаѓа од девојчето туку од другите деца во школото. За остатокот се согласувам, машка логика, кога е најранлива, јас ќе идам. Јас и пишав дека он не е свесен што направил, дека ја убил. Затоа мислам дека кај детево има и некое психолошко пораметување. Не се станува убиец само ако го следиш Тејт.
    Детево инаку имало промени во однесувањето цела година. Значи нешто со него се случувало.

    Не мора да се согласуваме нели, секој си има свој став и мислење. И убаво е да има ваква дискусија, да се разгледа проблемот од повеќе аспекти.
    Јас еве се ставам на местото и на неговите родители. Што ако мојот син го стори тоа?
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.250
    Допаѓања:
    67.794
    Пол:
    Женски
    Џули, булингот, колку што прочитав статистики е застапен скоро па исто кај децата, без разлика на пол. Разликата е, како што пишав, девојчињата вербално, машките агресивно го изразуваат. Што е крајно поразително. Мразам да зборам кога ние растевме како беше, имаше и тогаш силеџии, нормално, ама не се сеќавам секое второ да беше. Сега некако така испаѓа, повеќето се, отколку што не се. Што е стварно страшно.

    Ти се ставаш на местото на неговите родители, ама на крајот на денот нивното дете е живо. А другите родители? А нивното дете?
    Имаме неколку проблеми, го имаме интернетот, не смееме да замижиме на она што го прават таму, мораме да имаме близина со децата и да им го следиме однесувањето. Го немаме луксузот кој го имаа нашите родители, на кои им беше важно само да сме најадени и неискршени негде по улиците. Зашто ете ги последиците. Сите родители и на машки и на женски деца. Само од различен аспект се пристапува на проблемот. Мизогинијата мора да се запре некако, не знам како, ама мора да се разговара со децата, а не да го препуштиме воспитувањето на ендру тејт и на интернетот.
     
    На dunika, CameliaMiller, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    62.658
    Пол:
    Женски
    Иначе не да барам влакно во јајцето, ама според мене уште поголема филмска магија ќе беше ако воопшто не го покажеа лицето на девојчето.

    Исто како што е во вистинскиот свет, жртвите се само уште една статистичка реченица во црна хроника. За некое време освен семејството и родителите, никој не се ни сеќава на нивниот лик.

    Офтопик, ама Северина го има направено тоа што го зборам во спотот кој и е како минифилм за muskarcu samo treba kurva. Каде прикажан е само нејзниниот лик како жртва, а не на мажот кој уствари е крвникот. Изгледајте го ако не сте го изгледале.
     
    На CameliaMiller, M&M, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.832
    Реин прво се ставаш на местото на родителите на жртвата, тоа некако природно ни иде нели? Ама дали некој се става на местото на родителите на сторителот?
    Не.
    Се ставам за како што реков, што ако моето дете убие, каде сум јас овде како родител?
    Затоа секогаш во вакви ситуации се ставам на двете страни.

    И не знам запнавте дека со следење на Тејт и слична содржина, се станува убиец? Не би рекла.
    За да убиеш некого треба многу околности да влијаат.
    Вие сте само сконцентрирани на Тејт и неговото влијание. Во ред, држи и вашето, ама детево убива. Зошто? Како јас како родител можам да спречам мое дете да не убие, како да му помогнам на мое дете ако е мета и жртва на булинг? Тоа се клучни прашања, оти за жал не можеме да го забраниме и контролираме пристапот до интернет, ама може да превенираме некогаш. Ние, прво ние како родители мораме да забележиме дека нешто не е во ред со нашето дете, а после и училиштето.

    Во филмот имате семејство кое не гледа ништо и школо кое скроз потфлило како образована институција.
     
    На Biljarkata и M&M им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.832
    Јас го знам спотот, да така е, стои тоа, ти ја сфаќам поентата. И?
    Имаш куп балкански мажи што размислуваат вака? И го следат Тејт и Бака Прасе. И дали сите тие се убијци? Дали нивните деца се убијци? Не.
     
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    62.658
    Пол:
    Женски
    Дури и еден е too many Јуле. Ради Бака Прасе инфлуенсерка се самоуби. И уште е популарен и идол кај младите.

    Како да не сфаќаат што значи смртта. Затоа и психологот во филмот го праша детето, дали му е уствари на него јасен концептот на смрт, дека девојчето нема уште еднаш да се разбуди.

    Ама Тејт, Бака Прасе и како нив сличните се богатат врз тоа и си уживаат во милиончињата, дури млади машки уште повеќе се мачат со наоѓање на девојки или пак ќе завршат во затвор ради глупа идеологија.

    Не мора да се убијци за да имаат неисполнет живот, и тоа е доволно лошо. А лошо е оти следат такви испрдоци од луѓе. Наше е да се трудиме да ги едуцираме поинаку.
     
    На defocus, kolovoz, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.240
    Допаѓања:
    258.832
    Точно. Ама тоа успева кај што има полабилна психичка подлога. Затоа тука се битни прво родителите. Мораш и треба да си свесен дали кај детето нешто се случува.
    Тоа се приметува, секое дете дава знаци дека нешто му се случува. Дали е жртва дали е сторител.
    И тука е клучно да како родители одиграме исправно.
    Реков, секој еден од нас мора постојано да влегува во собата на нашите деца.
    Потоа школите. Они имаат клучна улога оти добар дел што се случува меѓу младите, е таму.

    Ние некни имавме предавање во школото за насилство кај децата и како да препознаеме.
    Вакви предавања, работилници мора да се зголемат, само работа и работа. И надзор и воспитување.

    Како и да е, не сме свесни во каква опасност ни се децата денес. За жал.
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.836
    Допаѓања:
    41.007
    Пол:
    Женски
    Дали ви имаат искочено видеа на инстаграм и тикток од Балканов, каде што некои мажи им поставуваат прашања на машки деца на претежно таа возраст, тинејџери, во однос на жени и врски и сл.? Ако сте ги виделе видеата многу е воочливо со каков тон и какво понижување зборуваат тие деца за девојчињата, секако на шала.
    Ај што на Балканов владее мизогинија, па и плус на тоа што се следат ликови како Бака Прасе и Тејт - резултот е тоа што се создава основа да децата од мала возраст копираат лоши примери.
    Не, не велам дека сите се радикализирани од мали, НО шансите се големи да впијат тоа што не треба. Булингот без разлика кон кого е насочен, пак произлегува од таму, не од ширење толеранција.

    Ама што да се каже кога на феминизмот се гледа како ширење злобна пропаганда, а останатите пропаганди совршено се поклопуваат во biasot кој веќе постои во наши услови.
    Можеби на форумов сме прогресивни, се дружиме со исто такви луѓе, ама надвор од тој меур луѓето не приметуваат ништо погрешно што се случува во светот.

    Серијава одлично илустрира тоа. Иако да бидам искрена, можеа да навлезат и уште подлабоко.
     
    На Nausicaa, sparklie, staycalm и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Епизодата со психологот е искрено едно од најдобрите нешта во ТВ индустријата, ever.

    Инаку покрај другите работи, мислам дека е многу добро како и до кој степен ја напишале фамилијата како фактор за однесувањето на Џејми. Во првата епизода таткото, ни е претставен како грижлив, љубезен лик кој на сите им се обраќа со "love" и е смирен, потоа Џејми открива дека татко му некогаш има проблеми со лутина. Во реален живот, 99.9% од времето ја имаме само првата слика за другите луѓе, и потоа ни е чудно кога се случуваат инциденти.

    Она што ми беше интересно, е што го немаше тој шокирачки момент дека таткото е насилник спрема својата жена или деца или дека е педофил или дека му има направено некоја сериозна траума на Џејми заради која он има последици, иако како гледач, голем дел од мене се прашуваше дали тоа е работата.

    Но, остана на тоа дека се просечно несовршено семејство, и тоа е толку добро, бидејќи се потенцира колку се важни некои навидум ситни работи како тоа дека татко му има само машки пријатели и каков траг оставило на Џејми тоа што татко му пробал да го носи на спортови иако него не го интересира тоа. И кога завршува 3тата епизода и почнува наредната, многу ги приметив тие некои мачо карактеристики кај таткото - колку е набилдан, како оди доминантно, тетоважата итн., тие некои баш машки карактеристики за кои Џејми веројатно сметал дека не може да ги постигне. И паралелите меѓу таткото кога е агресивен, го фрла точакот, фарбата и однесувањето на Џејми со психологот. Иако во моментите кога таткото го прави тоа, му ја осеќаме болката и зошто почна да се дере и да фрла работи, но тоа не менува дека Џејми од него има научено како да (не) се справува со лутина.

    Ох, исто моментите кога таткото ќе е фин спрема некого и потоа тивко ќе ги извреѓа, особено спрема комшиката кога вели дека е дебела крава или нешто така. Што вака гледано, не е многу сериозно, но верувам дека намерно ги прикажаа тие некои работи за да појаснат од каде се можел Џејми да ги превземе неговите ставови спрема жени.

    Исто ми беше убаво напишано тоа дека таткото се потрудил да го прекине ланецот од татко му, во врска со тепање со каиш, а сепак направил други пропусти во спротивниот смер како недоволно пажња. И тие детали во комбинација со што се случува во школото се сите фактори што придонеле кон Џејми да е таков каков е.

    Исто многу добра поента што многу родители треба да ја сфатат е дека децата не се исти и не можат и не треба да се воспитуваат на ист начин. Џејми ете бил осетлив на тие некои "ситници" кои во друг случај не би биле до тој степен проблематични.
     
    На Lella, LovelyGirl3, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    62.658
    Пол:
    Женски
    Освен што фамилијата ја претставија многу точно и интересно, да не се повторувам со @Srckata28, и јас го мислам истото. Јас и друго приметив.

    Дека односот спрема учениците е сосема различен, односно кон девојчето сите беа забезекнати од тоа зошто го нападна другарот, а никој не си стави прст на глава дека тоа девојче си ја изгубило најдобрата пријателка и тоа на брутален и свиреп начин. И се обраќаа како на малоумна, само професорката проба да седне човечки да разговара со неа. Другите беа во прашалници зошто е агресивно девојчето (?!). Од друга страна кон машкото другар беа толку фини, па тука со меко со него, па демек има другар што е убиец и како ќе влијае тоа врз него, па му објаснуваа фино кои се последиците од тоа што се случило, а уствари тој беше соучесник во цело дело. Кон него беа 10000 пати потолерантни него спрема девојчето.

    Исто така кога таа професорката ги најавуваше полицајците, го кажа само мажот, полицајката комплетно ја заборави, па само него го гледаше кога тие зборуваа. Приметете како него го слушаат сите, а полицајката кога збори не.

    Буквално една убава слика на патријархат, а од маж е снимена серијата што позитивно ме изненади.
     
    На Nausicaa, CameliaMiller, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.