Мене исто на почеток ова ми падна во очи, немаше прекин на настава, децата не изгледаа воопшто вознемирени поради фактот дека е убиена нивна соученичка, плус од страна на соученик. Се зезаа и потсмеваа кога влегуваа полицајците во училница. Како обичен школски ден. Емпатија 0 И епизодата со психологот ме наежи, дете од 13г на таков начин да реагира со таков професионалец, колку сано успеа да ја вознемири. Колку време требало да биде под влијание на тие некои интернет трендови и ликови за да дојде до вакво однедување на 13г. Мислам дека сепак има подлога, некакво пореметување. На 13г да може да процени дека е девојчето ранливо и може да го искористо тој момент да проба да и се доближи, никако не ми иде. Син ми, кој има инаку 15г, ја изгледа пред мене во еден здив, ми кажа дека знае кој е Ендру Тејт (искрено прв пат слушам за ликов), ама дека го знае како некој "лик што бил голем на интернет ама нешто заглавил у затвор". Вика дека не го следел и не знае многу за што станува збор. Зборев и околу емотиконите кои се спомнуваа ми кажа дека не користеле не му се познати, не знаеше ни што е инцел. Е сега ова кажувам што ми пренесе, дал нешто скрил или не не бо момела со сигурност да кажам. Јас пробувам најмногу што можам да зборувам со него, но да бидам искрена од време на време му го приверувам телефонот, порали, инстаграм, тик ток. За однос кон девојчиња често верглам. Уплав имам и од булиинг, он е генерално мирен и повлечен и многу се плашев да не му се закачи некој на врат во школо, но од друга страна си има круг на друштво и некако доста добро се држат. Основно поминавме добро, ама ме плаши сега средно, нова средина, нови деца .... отодов офтопик малку. Инаку спомна некој за други серии кои би требало дс ги изгледааѕ родители на тинејџери, тука ќе ја одвојам 30 reasons why.
Ја изгледав и јас серијата, првенствено ме навлече што има само 4 епизоди што за мене е оптимално. Има добра поука, претежно за родители но и општо за сите. Ја покажува лошата страна на социјалните мрежи и влијанието врз децата. Оваа серија, според мене, е многу подобро направена од “13 Reasons Why“.
Сакам да споделам и видеото: Во моментов го гледам ама воопшто не се сомневам шо има да кажи Bryony Claire на темава до крај на видеото, „религиозно“ ја гледам. А, за 13 Reasons Why се шо имам да кажам е дека е една од најлошите серии кои се обидуваат да зборуваат за ментално здравје. Не се ни споредва со Adolescence.
Изгледа само јас не ја доживеав серијава. Ми беше тешка за следење, чудна, дали мојот фокус па не беше целосен.. Ја започнав бидејќи гледав дека остава силен впечаток кај многу гледачи.. но искрено не кај мене. Дури мислам и дека не ја ни разбрав. Не сфатив зошто ја уби, кои манипулаторни зборови употребуваше… Тотално ме изгуби серијава… Може и треба да ја пуштам повторно…
Ја изгледав серијава и толку многу имам да кажам, а мозоков толку ми е пача деновиве, што или нема да знам да се изразам или нешто ќе заборавам, па ќе се дополнувам. Да напоменам дека СПОЈЛЕРИ ИМАМ во мислењево, ако мисли модератор дека треба, нека напика во спојлер сè. Едит: го напишав мислењето пред да прочитам други мислења, затоа напикав во спојлер сè. Спојлер Прво, серијава е една од сериите кои ќе ги памтам засекогаш, толку е добра - а општо не гледам нешто серии многу, само вакви, до 10 епизоди најмногу. Толку убаво изградени карактери, а некако имам чувство дека многумина ќе се фатат во "замката" и нема да ја сфатат суштината на серијава и на пораката која ја носи. Прво, пораката воопшто не е булингот, иако е дел од целата приказна и "причина" зошто е дојдено до убиство. И девојката е жртва на булинг и самата врши булинг, ама не ја убива затоа, туку затоа што смета дека и кога е ранлива и никој не ја сака, повторно мисли дека е предобра за него и го одбива, односно ја убива затоа што е одбиен, а не затоа што е жртва самиот на булинг. Добро е што самата серија ни објаснува дека за да ја разбереме, мораме прво да знаеме што е маносферата (нешто што полицијата нели, прво не сфаќа) и дека мора да имаме некакво предзнаење за да разбереме која е комплексната динамика меѓу сите ликови. Детево не е само жртва на булинг (и тоа е, НО), од татко му учи (кој го смета за прав маж и го идеализира) да не знае како да се справи со фрустрацијата и избувнува - што го гледаме преку примери на таткото кога е тригернат во повеќе наврати. Не е агресивен тој кон семејството, но своите трауми ги нема решено и Е агресивен кон предметите, само што тука се жена му/ќерка му да го истрпат и да го смират, инаку одлично е прикажано губењето на контрола на таткото и дисоцијацијата што крајно преминува во себичност и малтретирање на жена му/ќерка му. Со тоа што син му го идеализира, ова однесување го смета за правилно, алфа мажествено, итн. Е сега, тоа што е жртва на булинг (веројатно, не знаеме) го тера да се приклони кон комрадињата од маносферата, кои, за жал, не само што меѓусебно се тапшаат по рамо колку се обесправени, поголемиот проблем е brainwashingot кој го вршат над млади момчиња. Токму јазикот кој го користи во третата епизода (со психологот) потекнува од онлајн "заедниците" и веројатно ми беше омилена епизода затоа што толку многу кажа, без да објаснува. Фактот што ЖЕНА беше психологот и жена во контрола на ситуацијата, апсолутно го направи поранлив и поподложен на outbursts кои ги имаше - нешто што го немал со претходниот психолог - маж, затоа што му е прифатливо да е друг маж во контрола. Главната порака на целата серија е штетноста не само на булингот (всушност, ќерката е жртва на булинг по убиството, па се справува сосема различно од синот со тој притисок), туку на онлајн просторот кој ги социјализира децата покрај семејството, школото итн. Не е споредна, помалку важна појава, активен учесник е во таа социјализација, повик е до државите кои каскаат позади со легислатива и превенција што воопшто доаѓа до децата. Освен тоа, добра поента е дека родителството бара тренинг, не е нешто што природно го знаеме, туку е нешто што се учи. Не да одржиме дете во живот, туку воспитувањето бара родителот сам со себе да решава свои трауми, свои заблуди, свои непознати, за да може да го разбере детето и правилно да го воспитува. Децата највеќе учат преку набљудување, не преку зборење. Девојката која е убиена, иако малку знаеме за неа, не е жртва само на убиство, туку е жртва на булинг (нејзината нјуд слика). Има уште слоеви целава приказна, сигурна сум дека мислењево ми е конфузно, ќе се дополнувам секако. Но, не се мрачни агли на интернетот. Од мрачни дупки и дувла (читај Редит) моментално се меинстрим "мислителите". Тик-ток ти е пример за платформа која воопшто не цензурира или филтрира вакви ликови, милион подкасти има на YT итн. Спојлер Мене во реален живот со возрасен маж ми се случи слично, можеби затоа и толку лично го доживеав сето ова. Односно, знам дека не сум "негов тип", но поради Х причини ме сметаше за психички слаба во дадениот момент и не можеше да прифати зошто го одбивам. Колку и да зборев пошто не ми е целта да го омаловажам дека не е грд (и не е), ниту имаат врска другите работи кои тој ми ги накалеми како причини, беше залудно, пак на крајот не разбра во што е проблемот и верувам ќе продолжи со исто сфаќање понатаму. Апсолутно ништо на мене не му се свиѓаше, од физички изглед до сфаќања, а сепак беше упорен и очекуваше дека "заслужува" да го сакам. Што кога сама го доживеав, сега уште потешко можам со било кого да се зближам.
Спојлер Ова баш ми се допадна, што и полицијата не беше упатена, и ние дознавме исто како и нив, односно ни беше објаснето. Нели, ние возрасните, на повеќето од адолесцентите, во Америка барем, сигурно не им требало објаснување. Ама, исто така, не беа прикажани нејзините коментари, беше само кажано дека се емоџиња, ама не какви. Иако, какви и да беа не би мислела дека нешто страшно мисли, исто како полицијата. На мрачните агли мислев на све што не знаеме, а се случува, еве ова е на инстаграм на пример. Од видеото погоре демон што го постирала ми се допадна премногу тоа дека машките треба да се научат да прифатат одбивање. Дека ако некој ги одбие не значи автоматски дека се грозни и немаат никаква вредност. И тука беше тоа, срамот на Џејми дека е одбиен, неприфатен, дури и кога мислел дека он на нејзе и прави всушност услуга. И од 13 причини уште имам трауми од една сцена, бррррр.
Спојлер Да, мислев не ги покажаа на сликите, нели кога го испрашуваа му дадоа слики од инстаграм со коментарите од Кејти, ама не покажаа за какви емоџиња станува збор. После беше јасно, кога син му ги објасни.
Инаку во контекст на темава, убава серија која ја гледам сега е босанската Знам како дишеш, кој има можност нека ја гледа, мене ми е убава од повеќе аспекти, посебно семејната динамика, но секако вредност има и политичката клима на Балканот. Допира слични теми во однос на мизогинијата, но исто така и јазот меѓу родителите и децата денешни, нешто што е поради брзината на развој на технологијата, толкав јаз меѓу генерации не постоел никогаш порано, повозрасните не го разбираат "јазикот" и светот колку и да се образовани и да се трудат.
Добро немате приметено дека и на форумов го прават тоа? Буквално језиво демнат некое девојче да отвори душа дека е ранливо и скршено и после ко хиени дека и се закачуваат на девојката? Во љубовни проблеми најмногу. Во секс теми па ако пише некоја, скраја да е да сподели некоја сексуална фантазија, нешто, оди после одбрани го инбоксот. И знам дека нема да се согласите со мене, ама девојчето не му правеше булинг него. Го нарече инцел. Исто како што јас таквите како него што таргетираат девојчиња кои се разочарани ги викав неебити на времето на форумов. Буквално јас сум била тука онлајн многу побрутална кога сум видела манијак отколку девојчето што беше кон овој.
Едит, да ставам во спојлер. Спојлер Не му вршеше девојчето булинг на него, туку останатите, претежно машки деца. Девојчето самото еднакво беше жртва на булинг, а коментарите кон него почнаа откако го има одбиено. Потоа тој почнува да ја следи и да ја замара т.е. да биде nice guy затоа што сега кога е "курва" и таков "грд" мора да може да ја има, чим е таа курвештија нема право да одбие "добро момче". Тој не ја брани од булинг, туку дополнително ја гледа како prey. Кога ја убива не е прв пат да го одбие, бог знае кој пат е, и не знаеме што и' кажува, ама веројатно нешто што доволно ја повредува и навредува бидејќи прва прави физички контакт, а тој ја демне. Само не сум сигурна и тоа ми фалеше во филмот, зошто другар му воопшто му дава нож. Инаку таа му ги остава коментарите затоа што тој ја вознемирува, нормално ни сама не знае попаметно да се одбрани. Едит: добиваме увид во карактерот на девојчето кое има за најдобра другарка девојка која апсолутно не е популарна, самата кажува дека убиеното девојче е единствената која не ја смета за "чудак", односно другарка и', исто така, е отфрлена од сите, а убиеното девојче е единствена која ја има прифатено. Инаку се согласувам дека на форумов има мажи кои се дефиниција за nice guys. Едит 2: Спојлер Накратко се спомнати убодните рани, односно КАДЕ се, со оглед дека и во вагинален предел ги има, јасно е дека е сексуална мотивацијата за нападот. Намерно ваквите детали, како и судењето се кратки и површни, колку да ни доловат поширока слика, но да не застраниме од главната поента.
Спојлер Му даде нож за да оди Џејми да ја исплаши и да престане со коментарите на инстаграм. Детето рече дека не мислел дека ќе ја повреди, само сакал да ја заплаши. И јас се согласувам дека нејзиното не беше булинг, беше одбрана. Пишав и во првите коментари.
И пак да се дополнам, реков, ќе ми истекнуваат работи, толку многу има слоеви сето. И секоја чест не само на глумците, туку на креаторите на серијава, не знам дали имаат и друго да се погледне. Спојлер Јазикот со кој се служи Џејми! Постојатно кажува "не направив ништо погрешно", не се брани со "не ја убив" или "невин сум" и слично, туку изборот на зборови кажува ТОЛКУ МНОГУ. Во своето сфаќање, Џејми нема направено ништо погрешно, односно, кучката си го добила тоа што го заслужува. Нормално, ни самиот не е свесен што кажува со одбраната, тој вистински верува дека не е виновен, дека постапката е оправдана.
Се на се светот на тинејџерите е застрашувачки , забораваме колку нам навидум мали работи во нивните глави изгледаат огромни и лесно се тригираат. Плус фактот дека се изложени на се и сешто со еден клик. Да го начекам у арните деновиве на само да почнам одоколу муабет, да пробам да видам како размислува за одредени работи. Не се баш лесни за муабет на тие години
Можеби малку е вон тема ама искрено фасцинирана сум како толку брзо го пронајдоа и затворија, кај нас сигурно 2 години ќе го тражеа. Сигурно малку е правено како на филм но, сепак..
Тоа е дел од пораката на филмот. Баш мислам дека е реалистично, затоа што сепак не е поентата да е Џејми 13 годишен убиец - гение, кој вешто осмислил убиство, па бега од полицијата, туку со намера е направено да е невнимателен затоа што 1. реагира од лутина и 2. не е баш свесен што прави и какви последици има тоа.
Спојлер И од страв моча кога влага полицијата, се плаши од игли итн. Добро е прикажано дека е дете, а не надреалистично паметен убиец.