Да, мислењето го напишав кога бев на пола од прва епизода. Ја изгледав целата од еднаш. Стварно интересно но, и многу жално. Точно и вистинито покажува какво детинство денеска имаат децата. Ова сето со телефоните ми е . Но, покажува исто дека како воспитанието од дома и случувањата од дома влијаат на децата. На Jamie татко му секогаш држел нервоза и на крајот ја испушта врз мајка му, жена, само што тој не стасол до толку големо ниво да убие некој. Исто, целото случување во школото не е за џабе ставено. Плус, баш по часот на историја, перфектно покажано во какба околина растел Jamie, разговорот со Ryan, исто. Серијата има многу добри детали кои според мене ја кристално чистат целата приказна.
Каме, зарем само тоа е причина некој да убие? Мене баш ова ми сигнализира дека нешто плус е во прашање, а не само булингот кој го трпел и одбивањето и маносферата. Немаше доволна самодоверба плус, ама ете не ми оди тоа дека баш заради тие околности ќе убие. Стојам на тоа дека во вакви случаеви секогаш постои и психичка подлага, односно дека кај детето нешто не е во ред. Јас, а и други мајки ќе се согласат со тоа. Не може дете од само некои околности да убие. Мора да постои плус нешто. Видете јас ви ја сфаќам поентата, се согласувам со се, ама на мене како родител ми фалеше објаснување од страна на психологот, што се случува со детето. Читав доста прилози по нет, особено за третата епизода. Он нема контрола на бесот, се губи, не е свесен што направил. Не можеме да кажеме ама задоен е со маносфера. Па побогу знаете колку вакви мажи познавам? И не знам кој некаде напиша дека починатото девојче има вина или му вршела булинг. Не, она е жртва. Апсолутно стои тука тоа, па нема зошто да се потенцира тоа секаде. Мене најмногу ме интересира личноста на убиецот. Зошто станува убиец. Зошто едно дете убива?
Зошто едно дете убива? Ваљда од истите причини од кои тодлер истрчува на улица. Од истите причини заради кои дете не може по закон да биде кривично одговорно. Не убива затоа што не е кривично одговорно, туку заради тоа што нема полна свест за своите акции и последици. А никој никогаш дома не не учел- немој да убиваш, не е добро Маносфера и потиснат бес-шио ми га Џуро. Јас не знам кој живеел со зен родители, ама за детски убиства првпат чув последниве години. I wander why?
Кога ми стивнаа впечатоците, јас не можам и да најдам вина во родителите баш. И дали можеле да направат нешто повеќе. Баш па ние сме генерации растени без некоја близина со родителите. Денешните деца се поотворени. Јас до ден денес не зборувам така со мајка ми, како што сега разговарам со син ми. И пак немаше волку убиства, немаше воопшто. Ама имаше други работи, имаше булинг, ама не се сеќавам да разговаравме за тоа. Некои работи ги прифаќавме како нормални. Сега на се гледаме малку поинаку. Маносфера охоо, мислам дека одма можам да набројам таков тип на мажи и тоа ќе најдам одма 10 ина. Затоа, јас не велам не, дека интернетот не си влијаае, само не можам да сфатам дека е до толку моќно тоа влијание за да го натера детето да убие? Пробувам ова да го обработам.
Мислам дека не им беше целта да ги окриват родителите. Да, си имале недостатоци, некои работи кои можеби биле "ситници" биле доволно големи да влијаат на кревката психа на едно дете. Но вака ако се види целосната слика, семејството е баш прикажано како просечно несовршено семејство, со некои трауми кои се влечат со генерации ама не доволно силни да бидат причина да земе дете од 13 години да убива. Па и во реален живот е така. Никогаш не е само една работа причина, секогаш се коцки кои се поклопуваат во право време и место. Спојлер Исто така, не е возможно да се биде присутен во животот на детето 100%, па мора и тоа дете да има некаква приватност нели? Полицаецот и неговиот син се исто така прикажани како да немаат блиска врска зашто татково е преокупиран со работа. Детево е исто како Џејми осамено, му вршат булинг, запознаен е со инцел културата, ама кај него не ја гледаме таа омраза и лутина. Ваљда беше така демонстрирано за да се покаже дека секогаш постојат нијанси и сиви зони, не делуваат исто исти фактори на различни луѓе.
Не, не е само тоа причина, но е во серијата прикажана многу добро цела динамика, изгледај ја уште еднаш, ќе видиш. Од дома (не, не се „нормално“ семејство - односно не се функционално семејство), до училиштето кое нема контрола над учениците, до маносферата (Џејми не успева да биде како татко му и бара утеха - односно бара татко - и наоѓа, но на погрешно место). Кај детето нешто не е во ред - навистина не е, но ако не пратиш во светски рамки, има масовни убиства ТОКМУ инспирирани од маносферата, која всушност ТАКА стана меинстрим. Мажите се' повеќе се депресивни и осамени (точно) но тоа го припишуваат на жените. Мајките како мајки, не се „пресудни“ - сите овие деца имаат мајки, сите мајки се шокирани од однесувањето, и не, не можеле да знаат - затоа што и сама на почетокот прочитај се - тебе семејството ти личи на „нормално“. Ако зборуваме за нормално како нешто што се случува - да, нормално е - ако зборуваме за функционално - не е функционално семејство. Точно - многу такви мажи познаваш - тоа е ПРОБЛЕМ. Проблем е затоа што девојчињата (и жените) повеќе НЕ ТРПАТ, баш и во серијава е тоа прикажано - мајката го ТРПИ однесувањето на таткото, но девојчињата НЕ ГО ТРПАТ однесувањето на младите момчиња. Односно, на младите мажи денес им е „ускратено“ да има кој да им ги истрпи фрустрациите и агресивноста. Ниту сме должни да ги трпиме, исто така. Станува убиец од иста причина зошто татко му ја срушил шупата, прави сцени кога комбето е офарбано, фрла боја на паркинг на маркет итн. - затоа што нема самоконтрола и не размислува за чувствата на другите. Колку што татко му размислуваше за чувствата на жена му и ќерка му во овие инстанци, толку Џејми размислува за Кејти и НЕЈЗИНИТЕ чувства. Не е целта да биде таткото „лош“, туку да ни прикаже слика на „нормални“ луѓе - кои самите се ранливи, кои сами своите трауми не ги имаат решено и татко кој не успева да се носи со фрустрациите. Едит: Јуле, оди прашај го маж ти дали знае што е маносфера, или некој повозрасен маж. Повеќето ќе имаат некакви патријархални сфаќања вистина, ама нема да имаат поима што е маносфера. Многу повеќе (и пострашно) е од однесувањето на таткото на Џејми.
@CameliaMiller затоа реков на почетокот дека разговорот со татко му ќе бил залуден и немало да го лоцира проблемот. Маж ми може ќе знае оти чита се и сешто, ама околината околу мене, не. За мене тоа воопшто не е нормално, однесувањето на таткото особено, па и на мајката, која гледа како да го смири само, без воопшто да реагира дека неговата реакција е погрешна. Ама семејството е функционално. Од една страна е. Нема насилство, има да испад на бес, ама ете еден да каже дека никогаш не избувнал. Не разбирам што подразбирате под функционално. Искрено. Или се очекува секое семејство да функционира беспрекорно, а патем да се заборави на секојдневните проблеми и обврски. Некогаш пукаш, ама да, треба да се канализира бесот. Кај татково не гледаме пречесто пукање, затоа и не може да речеме дека е таков. Обично во тој период машките деца во таткото гледат идол и чекаат потврда од нив, признание. Колку е само комплицирано. Затоа пак ќе кажам, сосема просечно семејство. Пропусти има, па и сами на крајот си признаа и прифатија, што сметам дека е многу добра порака. Не го отфрлија, туку се прашуваа дали како родители можеа повеќе. Јас затоа пораката од филмот ја доживувам поинаку. За мене сите опасности кои денес демнеат се подеднакво страшни. Свесна сум дека денес може моето дете да е жртва или он да врши булинг. И затоа серијата ја доживувам како извор на битни информации и насоки кои како родител би ми помогнале да приметам некое црвено знаменце. И затоа се прашувам дали од тоа може да стане убиец.
Се согласувам со првиот болд, татко му сам со себе си ги нема своите трауми решено, за да може да му помогне на Џејми. Втор болд - не е изолиран случај на избувнување, дел од карактер е, таткото секогаш кога е фрустриран се повлекува во себе и се однесува себично кон другите. Ние го гледаме само кратко, но мораш да извлечеш дека секоја фрустрација така ја „решава“. Пак ќе кажам, ниту е тој лош, напротив, тој прави се' што умее да биде добар татко, да не ги повтори грешките на неговиот татко. Меѓутоа, физичкото насилство не е единствен вид на насилство, а баш е добро покажано како и жена му и ќерка му изиграваат „тампон зона“ и едноставно го трпат и газат на јајца. Тоа не е ниту нормално, ниту функционално. Не е изолиран случај, туку цела семејна динамика е. Ниедно семејство не функционира беспрекорно, но фрустрациите не се решаваат со прифаќање на тој таков си е и готово. За проблемите се зборува и се бара стручна помош. И се согласувам со тебе, семејството е просечно, но далеку од функционално. Пример за агресија ти е и односот кон комшиката, итн. Знам дека ги гледаш околу себе таквите луѓе, сите ги гледаме. Само кажуваме дека тоа мора да се промени, не е нормално, не е во ред. Едит: пораката кон родителите е таа дека мора да имаат многу поголема контрола над децата и многу отворен однос со нив, бидејќи ако не си ти родител, ќе си најде „заменски“ онлајн, родител кој секако дека ќе го научи на деструктивно однесување. Серијава во последната епизода баш се потруди да покаже дека таткото не е насилник, лош, само е отсутен и несвесен, а кога син му не го „бива“ го врти погледот на страна, нели.
Може и од тој аспект да гледаме дека се што сметаме за нормално и просечно семејство, всушност не е. Ама од друга страна бараме утопија, оти да сите побараат помош и функционираат како што треба, би било идеално нели. Пораката токму и така ја сфаќам. Контрола, зборување и многу внимание. И родителот мора да биде овде за детето. Секогаш.
А, зошто е отсутен и несвесен? Зошто работи по цел ден за да може да си го обезбеди семејството. Зошто ако децата се осеќаат дека заостануваат материјално позади своите врсници, уште толку ќе се исфрустрираат. Зошто од родителите се очекува и финансиска стабилност и целосна посветеност на децата и никогаш да не избувнат итн. итн. И не се само машките деца фрустрирани, и женските се. И секој е повреден кога е одбиен или кога симпатијата не го третира како што сака. Секако, не смее да убива заради тоа. Поентата на серијата не е да се обвинува само машкото однесување, туку целосно "инсел" идеологијата. Која ете влијае и на тоа како девојчињата ги гледаат машките. И поентата е да се сврти внимание на тоа што се случува и до какви последици може да доведе, не да се осудува. Јасно е дека не е нормална и дека е брутална неговата реакција. АМА, никогаш не знаеме што му се врти некому во глава и како нешто што за некого е ситница влијае на дете кое е се уште во развој.
Па токму тоа го прикажува серијата, таткото прави што мисли дека е најдобро за семејството, нема задни/лоши намери. Има проблем со комуникација, е себичен и не размислува, меѓутоа не е “лош“ ниту тоа во било кој момент се инсинуира - напротив, последната епизода е баш создадена така да согледаме дека Џејми не е малтретирано дете од семејството, напротив. Серијата е така изградена за да ги видиме сите аспекти (семејство, школо, интернет, психолог) и намерно изоставува детали за самото убиство и судењето бидејќи не се целта и смислата на серијата. Инцел културата не е дел од културата на девојчињата, туку се жртви на истата, да не релативизираме. И жените и мажите се агресивни, разликата е што Кате Кане 100 пати повтори, од женска агресивност имаш повредено его, од машка агресивност нема да се разбудиш утре. Џејми ја убива поради повредено его, а самата е жртва на булинг, можеби требало да го запали школото или да пука масовно во сите (интересно, нема баш девојчиња пукачи во школо/трговски). Токсичната мажественост не е вина на девојчињата, на жените, ниту може да биде, ниту се причина за истата. Дисфункционалноста на целото општество е јасно прикажана, како и тоа дека децата се отрпнати на убиства и масакри.
И друго што ми остави впечаток е моментот кога зборува за тоа како многу луѓе мислат дека не ги бива за ништо. Тој изгледа како да се согласува со тоа – не само за другите, туку и за себеси и за мајка му, додека за сестра му не го кажува истото. Покрај презирот што го чувствува кон жените, затоа што не го перцепираат на начинот на којшто смета дека заслужува, мислам дека генерално презира секого што "не го бива" – вклучувајќи се и себеси. Ги дели луѓето на "слабаци" и "алфа", и од една страна, се мрази себеси, но од друга, го обвинува светот што не го сака, иако тој верува дека поседува врлини што другите не ги препознаваат. Всушност, бара одобрување – од светот, од психологот, од татко му. Ако тие би го прифатиле, можеби и тој би се прифатил себеси. И ова не е исклучок, сите сакаат да бидат прифатени и да добијат признание. Само во случајов довело до радикални последици.
Родителот мора да научи да го прифати детето какво што е, еве во примерот од серијава имаме омраза кон хомосексуалци низ речникот на Џејми. Што ако е хомосексуалец? Смислата е дека децата апсолутно ќе се разликуваат од родителите и често ќе ги предизвикуваат нивните сфаќања за светот (пример можам и јас да ти бидам и моите, многу сум различна од нив во многу аспекти и ЗНАМ дека не секогаш можат да разберат, ама ме прифаќаат и тоа беше трнлив пат), но кога ќе се фрустрираш од детето (како таткото со спортовите) не е начин да ја свртиш главата. Ниту е начин да ги учиме машките „да не плачат како девојчиња“, да не покажуваат слабости, да не умеат да вербализираат фрустрации итн. Ништо не е идеално, туку да, треба да очекуваме и да се стремиме да тренираме родителство, да бараме стручна помош и за себе прво, а потоа за децата. Превенцијата е најдобриот лек, а ако ние тераме низ животот ранети, никогаш нема да успееме да бидеме добар пример никому, колку и да сакаме да сме тоа. Може да зборуваме, ама дете учи од тоа што го гледа неспоредливо повеќе отколку од тоа што му се зборува. ЕДИТ И баш е тоа дел од целата поента, дека семејството не е ужасно, дека не ги запоставува децата, дека не ги малтретира физички, не ги вреѓа, дека родителите се нели, „нормални“. Баш баш баш е смислата да се предизвикаат родителите кои мислат дека се „нормални“ да се преиспитаат, како ги регулираат сопствените емоции и однесувања.
Го прочитав неколкупати тоа низ темава. И мене тоа ми е мн едноставно објаснување, што не навлегува доволно во проблемот, а не го ни решава. Така е да, скоро и да нема female school shooters, ама работата е да не доаѓа до вакви ситуации, а не само да се осудува машкиот пол. Таквиот начин на гледање на машкиот пол мене ми е подеднакво презирачки како што е мизогинистичкиот кон жените. Сметам дека создава дополнителен гап меѓу половите и води кон повеќе несреќи. Никој не рече дека токсичната мажественост е вина на девојчињата, но има некаков корен, а за тоа не може да е крив само еден Andrew Tate, туку веројатно и целото општество. Никој не станува токсичен од убаво, има причина зошто доаѓа до тоа и треба да се работи на искоренување на тие причини. Додека се деца, тинејџери. Откако ќе се веќе возрасни единки, тешко тоа да го смениш, од таквите е секако најдобро понастрана да се држиш. Освен сами ако си сфатат и си работат посветено да си го сменат тоа кај себе.
Па не е едноставен одговорот, ете и тема отворив, одговорот е генерално дека мажите го губат приматот, позицијата на моќ, привилегиите да се тие кои одлучуваат и за себе и за нас, и се случува она што секогаш кога една група која е во позиција на привилегија ќе почне да ги губи привилегиите за и на останатите да им биде добро - се чувствува загрозена. Можеш да го преведеш ова и во други ситуации, нека се расисти, пример - цела граѓанска војна имаа САД, нели? Кога оние со привилегии ги губат привилегиите се чувствуваат како да е тоа личен напад над нив, а не поправеден свет за сите. Машкиот пол предолго го имаше приматот, па тешко му е да се навикне на свет во кој ете, го нема. Одговорот, уште не сме го откриле. Ама не е одговорот да се вратиме на „старо“. Уште живееме во патријархат и сама си свесна дека тешко паѓа на доста мажи - една едноставна работа како задржување на сопственото презиме (без додавање на неговото) или давање И на нашето презиме на децата е тешка мисија, а зборуваме за нешто навидум површно.
Кај ти е отворена темата Камелија? Инаку, нема тај предмет дека некој губи примат и привилегии- уствари губиме сите ние, ама ај да ја видиме темата
Во Психологија, оти маносферата и се базира на еволутивната психологија, која денес (и подолго време) не се смета за релевантна/вистинита. Дај цитирај ме таму, ќе зборнеме и за антропологија и за сè, широка е темата.
Таткото во четвртата епизода Спојлер ми остави некако поинаков впечаток со лутината. Не тргна денот така, му беше роденден, требаше да биде добар ден. Потоа, го најде комбето ичкртано, и све почна некако да се насобира. Кога веќе зема и фрли со бојата врз комбето беше навистина на крајот на нервите. Ова, сакам да кажам, не беше некој обичен ден кај што го гледаме лут зошто е едноставно таков. Гледаме еден човек кој живее со сознанието дека синот му е убиец, живее со вината, живее со неговите сопствени трауми и целиот ден едноставно е против него. На кого не би му се насобрало? Жена му и ќерка му мислам дека повеќе се обидуваа некако да го спасат денот, отколку што навистина толку одеа по јајца околу него. Жена му отворено зборуваше со него, не ми делуваше дека се плаши од него. Не мислам дека некако неговата лутина придонела за Џејми да е таков, мислам дека недостатокот на блискост и комуникација имаше голем удел. Можел да збори со Џејми, можел да му каже што он проживеал. И да имал излив на бес, можел потоа да го искористи тоа за да се доближи до Џејми и да му покаже колку се труди да се промени, да не биде како неговиот татко, како што тоа го објасни на жена му. Многу би сакала да имаше уште епизоди со работење со психолог на пример, да видиме како Џејми дојде до тоа да се изјасни како виновен. Што влијаеше на тоа, што толку се промени во тие месеци додека беше таму? Ќе беше интересно. Инаку, читам сакале и втора сезона, како антологиска да биде, со друга приказна. Ако е вака квалитетно направена, може.
Ја изгледав цела, многу добра серија. Се е пишано само ќе додадам дека мајката ми изгледа како да го запоставила повеќе детето, тој го одбира таткото пред неа, го цени повеќе , се огледува на него, сака да биде како него, но со чувствата и емоциите мајките повеќе влијаат кај децата а неа интересот и е дали јадел, колку јадел, не како е и шо чуствува. Од таму тој ја чуствува таа омраза према жените и неговата агресивност спрема секоја жена, оти не знае што е љубов.
Епизодата разговорот со психологот... Се наежив на моментот кога почна да вика,бесно. Уф. Не трепкам на серијава. Ќе пишам пак, да ја догледам и 4та епизода вечерва. Се фасцинирав од 3та епизода па мораше да пишам