Во право си, еве, како корисник, потврдувам. Мојот ер-фраер има максимална големина. Можеби, евентуално паралелно да зготвиш дел од храната во фраерот, додека на класичен начин да подготвиш друг дел, па така да има за четворица.
И моите купија од фраеров од Делимано, за проба, испечив кокошка, ама искрено не ми излезе нешто уау, ја печев нешто повеќе од 40 минути, ама ни крцкаво беше ни бутур, исто и компири испечив, ама искрено повкусни ми се јадењата ко што си ги правев во обична рерна
Имам и ја праено кокошка, повеќе и' треба од 40 мин. Ама не ми се допадна ни мене толку, поубава е во рерна. Ама затоа друго месо одлично прави. И класичен стек и паниран, и свинско каре, и плескавици и ќебапи. А компири до сега као помфрит не ми успеале, ама затоа овие малецките млади топчиња компирчиња испаѓаат совршени. Со мноооогу малку масло, чисто колку да не се суви скроз.
Ич не ми е по ќеф готвењето во ова чудово За мене лично, се ми е повкусно во обична рерна, ама тоа е.
Не е таков Го нема веќе на страната на техномаркет сега проверив ама неможам да прикачам слика овде Тефал 4.2л е корпата XL величина Така го пишува После 8 месеци колку што го имам рерна имам пуштено 2 3 пати Мн е практичен
Овој да не е? Стварно сакам да земам, и маж ми дака да се обучи зашто слабо време ќе имам за готвење па бар он да може да користи.
Да, тој е Многу е едноставен Горе температура се мести напреф на колку време Има и упатство за кое колку време се пече
Си го земав оној со коцкаста корпа, зашто као има опција и за грил (таа решетката само се врти обратно), а собира исто. Треба да ми стигне наредна недела, па да прашам за книга/сајт за рецепти? И некои почетнички совети?
Не не, во него имаше како додаток не беше плус А и назад имам ставено од една бугарска страна со рецепти линк, ако ти треба некој превод пиши ми слободно
Не му го зедов редот за готвење на чудово и не Еднаш испечив кокошка со 300 маки, и така стоеше фраерот еден месец, и ај пред некој ден ќе печам тиквички, ги ставив без ич масло, ги вадам и цели живи и суви, ај им ставив некоја капка масло и ништо, пак беа ужасни и суви. Кај грешам не знам, нерви искинав, џабе се дадоа 6000 денари
Глеј, не е џабе, и јас се разочарувам кога сакам да правам работи во фраерот ама едноставно не му се прават, затоа прави само работи кои се тенки и низ кои топлината може да допре целосно. Цели кокошки, торти, манџи, големи лиснати работи и такви ствари не доаѓаат во обзир, само тенко сечени и мали работи. И маслото го прскам кога веќе е загреан фраерот, одма се скрцкавуваат.
Ич не ми е по ќефот, затоа и така си стоеше месец и кусур, ќе се расипи од некористење Кокошката беше нецел килограм и требаше да ја испече убаво ама едвај со 300 обиди, а компирите и тиквичките беа тенки, ама ги пресуши и излегуваа живи и на крај ги направив во обична рерна, друго ништо немам пробано. А на рекламите се е сјајно и бајно, па дури и без ич масло храната излегувала крцкава, аха, да
Правам мафини во него, помфрит, похован кромид, похован стек, обичен, свинско месо, ролат со месо, копаните се преубави крцкави, пирошки, модар патлиџан, поховани тиквички, лиснато, пиците од кам, риба, др не ми текнува Месото поубаво и посочно е од рерна Побарај рецепти на интермет може нешто ќе ти се допадне