Дали сте пробале печени јаболка или тиква, како ќе испаднат? Гледав на YouTube некои рецепти. Сакам да пробам бидејќи и претходните години често јадевме меѓутоа печени во рерна. Е сега за 1-2 не ми се вклучува рерна, па можеби AirFryer-от би бил добра замена.
Благо немам правено во а.ф. Месото ако е стек или каре, малце со раце го подмачкувам со масло, додавам зачини и го ставам на некои 20-25 мин на најјако. Плескавици и ќебапи не подмачкувам, така ги ставам на некои си 15-20 мин, а панирано пилешко, нагетси, крокети и кромид, ги печам до кај 10 мин. Мантиите така замрзнати ги ставам право во а.ф. на 15-20 мин, а замрзнатите переци на само 2-3 мин. Исто така имам ставено обични кришки леб (со томатело, оригано, кашкавал), на 3 мин, крцкави испаѓаат.
Во air fryer имам печено поховани пилешки медалјони и излегоа многу подобро отколку пржени во масло. Е сега сакам да пробам да испечам пирошки и топчиња со компир и сирење . Ме интересира дали некоја од вас има пробано вакво нешто?
Јас правам топчиња од компир и супер излегуваат, баш како што велиш за похованите медаљони, многу подобро од пржени во масло.
1. Обично, на кругови само зачинети со сол, бибер и буковец, на хартија. 2. Полнети со пилешко, домати и кашкавал (поголеми тиквички ги сечеш на половина во должина, го вадиш колку може внатрешниот дел и го пржиш со кромид и пилешкото, ги полниш и горе ставаш и домат по желба, и откако ќе се испечат, додаваш и кашкавал за да се стопи) 3. Ги рендаш тиквичките, ги цедиш од вода, додаваш јајце, пециво, брашно и зачини и формираш ќофтиња, печеш на хартија пак.
Го хејтав фраеров кој со месеци така ми стоеше, ама деновиве се опседнав со печење 'брускети' во него Сечам парчиња лебче, ставам од горе разни зачини и семиња, малку маргарин и малку сирење, печам 2 минути на 200 степени и ептен се вкусни и крцкави.
Значи мафиниве во air fryer ми се погодија сон, како за прв пат. Матев две јајца па додадов 1филџан млеко( филџан од Браво кафе ), пола филџан зејтин, пола пециво, малку сол, вегета и др зачини, лажичка кечап, малку рендана салама и чаша ипол (голема чајна) брашно. На изглед не излегоа убаво оти ги печев во обични хартии оние за колачи ама претпоставувам дека во силиконските корпички ке бидат чудо.
Немаш потреба од многу масло во мафините. Инаку Еве да споделам и јас еден рецепт ако може да се каже за благи мафини. Се пасира банана се додава какао овесно брашно бело брашно млеко малку јајце мед наместо шекер и пециво може да се додаде и замрзнати малини јагоди било какво друго овошје мн вкусни се од око ставам немам посебна мерка. Смесата треба да е течна но густа.
Ме интересираат неколку работи: Дали можам да користам алуминиумска фолија и хартија за печење внатре? Дали можи да ја извам решетката и да готвам долу? Многу ми е конфузно зошто пиши дека можи торта да се прај ама со решетката внатре ( ко је се вади ама не знам шо улога има) и без хартија за печење, не сфаќам како би се извело. До сега само помфрит делкам. Конкретно го имам овој Star на Делимано.
Јас имам Pro, малце е поинаков од Старот, ама имам користено хартија за печење и месото остана полуживо за истото време за кое го печам без хартија. Дупките од подлогата се затвараат со хартија и воздухот не може да циркулира. Во секој случај можеш да ја користиш хартијата, а по некоја логика би можело и алуминиумска, зш фраерот е ко мини рерна. За торта мислам дека треба дополнителен дел, барем така е за Про моделот, има еден сад што се докупува. Језда мислам дека би функционирало и со било кој друг сад, ако имаш некој со соодветна величина. Иначе, имам користено малечок глинен сад (правев јајце на око со кашкавал) и супер опција е за да си направиш некој мини оброк.
Фала! Јас гледав рецепти на јутуб со силиконски модли, и баш думав да земам еден со соодветна големина за мини тортици, или работи шо можи ептен да ми закашкаат. За глинен сад ич не ми ни текна, а баш и имам. Исто и за додатоци, искрено сакам, ама превртив страната на делимано кога беше BF и не најдов. Па си викам нека помини 30ти и можи ќе вратат додатоците. Сем ако е до мене и не ги наоѓам. Знам пред некој месец гледав додатоци за пица и онака на wish list ми е тој додаток. Од тебе дознавам дека има и за торта. Додај и то на wish list.
Имам друг модел, но ставам хартија за печење наместо алуминиумска. И исто така ја имам извадено решетката за калап да ставам и беше ок. Сестра ми има на Делимано , не знам за модел. Но истото го има направено. Да се надополнам , бидејќи сега видов дека пиша за силиконки калап. Печам со силиконски калап вафли. Од али експес ми се нарачани калапите.Немало проблем никаков. Пробај.
Фала! Дур се опуштам можи и за ситници да прашвам вака, ама ко ќе се опуштам мислам дека нема толку да се стегам.
Јас на почеток почесто го вадев садот да не се запалило Сега мака немам. Можеш се да правиш во него. Ми беше многу згоден за на училиште за дететео за кифли, пирошки и сл и печев пред да оди од тие замрзнатите. Ем топло ем брзо
Баш имаше објавено beautyanica стори дека и се запалила хартијата во него, од тогаш ме исплаши и не ја користам веќе а претходно ми беше полесно за чистење со хартија..