Многу се мислам дали да земам ерфраер, ама ептен на нездрава храна сум свртена последниве години. Кои се главните недостатоци? Дали може да задоволи 4члено семејство?
Zemi nema da se pokaes, predobri se i za kratko vreme ke imas gotov rucek. Nedostatok e so za 4 cleno semejsto ke treba dva pati da stavas.
Шаоми имам јас. Делимано имав прилика 2-3 пати да го користам и позадоволна сум од Шаомито. Плус ми е што можам од сабајле да наредам храната во него, па уште додека сум на работа да си го пуштам преку апликација и дома кога стигнам ручекот ем спремен ем топол.
Здраво. Добив air fryer на подарок уште немам готвено во него, сакам да правам пирошки од оние во кам замрзнатите, купив и хартија за печење од онаа за air fryer дали користите хартија и дали ја ставате над решетката или одоздола, пример кога се прават колбаси за да биде како на скара а маслото да си течи долу... Благодарам
Мене пирошки во фрајер не ми испаѓаат ко што треба, мислам дека не се погодни за него. Ама пробај, види. Самата решетка во фрајерот е подигната малку, кај некои модели малку повеќе, па долу се собираат маснотиите. На твојот модел нема простор помеѓу дното и решетката? Еднаш печев со хартија внатре, ама свинско каре и месото остана полуживо, требаше многу повеќе печење. Воздухот нема како да циркулира со хартија, барем моето искуство е такво. Ама пробај, види.
Јас пробав со хартија ама искрено не ми се допага со хартија, јадењето е недопечено, помфритот исто, му треба воздухот одоздола да циркулира. Затоа ги баталив. Едно е само што не се валка толку многу па полесно се мие. Јас секако сум многу задоволна и го користам секој ден и покрај се, миењето ми е најмал проблем. Пробај види кај тебе како ќе биде. Јас го имам на Делимано тоа во првите што беше, и е најмало за жал. Сега читам некои нови има поголеми со тајмер. На филипс мислам или ксиаоми. Дали некој ги има овие поновите, да споделите искуство, со големина, како е јадењето, на мисла сум ново да купам поголемо затоа што кај нас ако не секој ден, преку еден ден се користи, па да ми скрати на време наместо два пати да го полнам, еднаш да биде.
Кај другарка пробав пирошки беа навистина убави се изненадив дека се од air fryer, затоа сакав да пробам, инаку од делимано е и има простор колку еден прст, истото го помислив за со хартијава дека нема убаво да се испечи, нема да допри топлиот воздух дирекно до храната.
Исто имам од делимано од 3.5л, за хартијата го помислив истото дека нема да врти воздухот што е логично храната да ја вади полу жива ама ете ги купив ке се најдат за друго
@anggell Јас имам шаоми и сум ептен задоволна. @Scorpion91 убаво да ги одмрзнеш па да ги ставиш да се печат. Ако ги стсвиш директ или полуодмрзнати не ми се ич убави.
Ослич филети сакам да правам, дали да си ставам замрзнати или прво да ги одмрзнам на опцијата за одмрзнување?
Испод 4.5 литри не ни помислувај да земеш. Сите се добри и едноставни, подесуваш температура и минутажа и забавата може да почне..
Стави ги слободно замрзнати на 180 степени, 20 минути, ако ги сакаш попечени провери ги и пушти ги на уште 5 минути.
Не јадам ослич, ама пример лосос когс ставам одмрзнат го ставам не ми се мафта ако не е доправен да го враќам пак назад. Снаа ми баш прееска зборевме одмрзнат ослич спрема.
Као е со потрошња на струја со фраеров од прилика знае некој. Јас денес зедов од нептун тефал,направив само помфрит не испадна лош,само незнаев дека може на сред печење да се меша,како го ставив после некои дваесет мин го извадов и само неколку компирчина беа поживи.