1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Air fryer-готвење со жежок воздух

Дискусија во 'Дом' започната од GirlyGirly, 17 јуни 2019.

  1. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Јас лососот котлети ги ставам на 18минути на 180 степени, јас делимано имам и супер испаѓаат. Да напоменам дека смрзнати ги ставам.
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    Na misla sum od koga..
    Pokraj sporet dali vredi ?
     
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Премногу, прво не треба да дремеш над шпоретот туку си вршиш свои обврски. Пример јас компири ставам и 20-30 мин си се прават во меѓувреме си правиш нешто друго или си ги чекаш. Јас имам дома вреди 10/10 за сите пари.

    https://www.neptun.mk/categories/APARATI_ZA_DOMAKINSTVO/KUJNSKI_APARATI/AIR_FRYER/PHILIPS-HD-9200-90 Јас го имам овој и го препорачувам, само што овој е за најмногу двајца мислам за готвење, ако ви треба за повеќе членови во фамилијата поголем.
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    Што друго имаш правено во него ?
     
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Пирошките не се добри во air fryer.
    И помфрит само замрзнат готов.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Стек, костени правев зимава исто таму, различни меса правиме
     
  7. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    Можам компири обични не смрзнати ? Тортиља?
    Се става зејтинче ?
     
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Да да можеш такви користиме и ние
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    24.224
    Тортиља можеш на 2 начини: едниот е да ја третираш ко подлога, си редиш пример салца, печурки, кулен, кашкавал, па ставаш уште една одозгора, ко сендвич ќе му дојде, така потпекуваш 5 до 10 мин, малце треба иначе тортиљата ќе загори; вториот начин е да направиш wrap и да го потпечеш, ќе се затвори убаво врапот за да не се расклопува, башка ако има кашкавал ќе биде внатре растопен, башка топол.
     
    На WORRIED.BT, bookslover и Hisha им се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    733
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Да, на истиов начин правиме и ние тортиља, некогаш ја потпекуваме празна некогаш со веќе неколку состојки. Ептен добро ги прави
     
  11. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.296
    Пол:
    Женски
    Звучи убаво, а и глеам има попуст на тој што ми го прати..
    Како ќе знам на колку степени е што? Или пишува ?
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.496
    Си пишува на фраерот. Јас лосос смрзнат правам,стек и тоа многу мек излага преубав, кременадли имам правено исто во фолија и супер излегоа. Искрено за роденденот на малиот спремив похованици за 30 возрасни и 20 деца за 2 часа. :)
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    17.981
    Помфрит од компири обични правам. Тенко ги сецкам, прскам еднаш масло, зачини, ги мешам и ставам да се печат.
    Пирошки исто, еднаш со распрскувачот ги прскам и се таман. Имав слика низ телефон. Да ја најдам ќе постирам. Eве ги во спојлер, ем крцкави ем растопен филот внатре баш се таман.
    1705764423303.jpg
     
  14. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    33.783
    Пол:
    Женски
    Компири пробав обични прв пат како недопечени беа, па ми кажаа замрзнат готов.
    Комшика исто тенки и на неа недопечени, треба да пробам до масло, јас само замрзнат во air fryer.

    А за пирошки лично јас немам правено во air fryer, ама пробав на друго место и како полуживи беа, инаку ќе пробам со масло да видам.

    Ама работата е за без масло, постари комшики па на се ставале масло, сакале мрсничко, јас не сакам мрсно.
    Убаво изгледаат пирошкиве.
    Вака пржени многу упиваат масло и мрсни се, ги цедам на хартија да ја упие маснотијата.
    Баш ќе пробам во air fryer, фала ти.
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    17.981
    @Anyshka и јас не ги сакам пирошките пржени на масло ама со распрскувачот доволно е еднаш од далеку да ги фати и таман се.
    Јес, да поентата е без масло се сложувам, ама на вкус и на изглед вака ми се каде каде поубави.

    И за компирот исто да ги фати од далеку прскам и промешувам и толку. :) Е од него немам слика, овие нарочно ги сликав, ради муабетот дека грди испаѓале. :lol:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.942
    Пол:
    Женски
    Дали некој правел зеленчук?
    Имам замрзната брокула, карфиол и морков па сакам да пробам.
     
  17. Dpokahontas

    Dpokahontas Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Брокулата најдобро е посебно да ја ставиш и да ја печиш заради тоа што многу брзо гори, а иначе од зеленчук имам пробано морков, прокељ, тиквичка и свеж не замрзнат компир. Се е многу убаво мене дури и компири свежи ми се повкусни од замрзнати. Само ги прскам со сосем маалце маслиново масло
     
    На eliesaab, Snowflake92 и Easter им се допаѓа ова.
  18. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Правел ли некој павлова торта во фраеров да сподели искуство? Јас правев ама ми изгоре :D Ја ставив 30 мин на 120с така стоеше сегде по рецептите.
     

    Прикачени фајлови:

  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.410
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски
  20. Barbara_barbs

    Barbara_barbs Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2023
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Правел ли некој кокошка ? Скептична сум дека внатре убаво ќе се испече месото..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.