Топло- ладно од Air fryer. Како за прв пат, топ испадна. Е нема шеќер во прав, брзав да сликам од после ставив
2 jajца , 2 лажици шеќер, 1 лажица путер, 60 гр. чоколадо за готвење, 2 лажици брашно. Јајцата и шеќерот ги матиш, путерот и чоколадото ги растопуваш, додаваш брашното во путерот и чоколадото, на крај ги додаваш во смесата со јајцата и шеќерот. На 180 степени, 5 минути.
Дали некоја има искуство со фирмата Silver Crest? Ги има во Лидл а последно почнаа и по нашиве продавници. Поголем капацитет се а поефтин. Затоа сум малце скептична.
Не даваат гаранција, купи неодамна пријателка, онлајн, односно преку фб. Како марка се доста солидни, од мое искуство од други апарати од истата марка, која всушност ја има само во Лидл и еве од прекупци.
Како марка е океј, директно од ЛИДЛ, а вака од препродавачи не знаеш шо ќе ти се погоди, некогаш само на слика ист е, а во живо сосема друг апарат. Едно време и јас бев со намера да земам ваков од страна на фб, ама се предомислив откако на блиска пријателка на мајка ми, апарат купен од фб страна им напрај спој и им се запали.
Па и мене некако ми мириса дека некоја лоша кинеска копија од продавнициве кај нас, нема шанса за 2600-3000 денари по 8l i 12l да продаваат, кога нормалните цени се од 4-5k нагоре за 3-4l капацитет. Сепак, предложете некој со поголем капацитет а поразумна цена. Делимано го користам веќе неколку години, супер задоволна сум, но сега ми треба поголем
https://www.neptun.mk/categories/AIR_FRYER/BEKO-FRL-2244-B Мислење за овој air fryer? Дали некој го има?
Млади компири испаѓаат топ, конечно научив како да ги правам. Малце со масло и сол, количина за двајца ставам 25 минути на 180 степени со повремено протресување. Лососот 15 минути 6 парчиња, со тоа што на 7-8 минути ги превртев на другата страна. Брокулата беше замрзната, па прво во микро ја ставив неколку минути, па во фрајерот уште неколку. Едвај чекам да излезат они најмалечките компирчиња, тие се највкусни во фрајер.
Аир фраер е за печења да, како фурна. Сум печела месо, компири, мафини ,колбаси, зеленчук, се што би печела у фурна. Мулти готвачот мојот е со опција под притисок готвење и побрзо се завршува се, за манџи најчесто, супи, сосови, чорби. Брзо и лесно се завршува без да висиш над него.
Здраво женски, ве молам за препорака Xiaomi или Philips Air fryer? Исто сакам да прашам дали после долго време користење, се случило кај некоја бел air fryer да смени боја (од топлото)?
Јас имам Шаоми и топло го препорачувам. Од септемврито го имам и ако не секој ден, тогаш секој втор ден работи и презадоволна сум. Голем плус ми е што може со апликација да го поврзеш, да си наместиш се внатре и да си го пуштиш од телефон, дома кога ќе стигнеш се ти е топло и спремно за јадење Бел е, нема боја до сега сменето, а маста му ја имам извадено, за викенди се случува по цел ден да брчам во него Плус на апликацијата имаш и рецепти да знаеш. @emkaemka мислам го има исто на Шаоми па, нека сподели и таа импресии.
Јас да се самоцитирам, веќе месец ипол како го користам air fryerот на Nutribullet, презадоволна сум секој ден го користам и сè печам во него, од замрзнато , мафини, компири, риба....