Nisto. Kupeni zamrnati, gi staviv na program za zamrznato i za 20 min gotovi. Bukvalno nisto. A piperkite na program za zelencuk i tolku. Philips ima i aplikacija so recepti..
Некој да не го користи Prime на Delimano? https://www.delimano.com.mk/delimano-air-fryer-prime-aparat
https://mi-store.mk/product/xiaomi-smart-air-fryer-6-5-liter/ Другарка го има тој од 3.5л исто и таа е презадоволна.
Дали го има некој на Делимано air fryer-от, а да прави нешто друго освен полуготов помфрит. Мене дури ни замрзнатите поховани работи не ми ги прави добро, ни крцкави ни ништо, а не пак месо...
Не се разбирам баш, тој основниот. Пред неколку месеци беше 4.000 ден на акција. Мене ми е поклон инаку.
@nena2010 , за пиперките дали превртуваш на пола од времето за печење или само на програмата за зеленчук и толку? Кај мене е 16тина минути таа.
Јас имам и го користам многу ретко. Сум правела сурими, рибини стапчиња (фиш фингери), едни како крокети од компир, воглавно замрзнати работи. Од зеленчукот не бев задоволна како ми излезе, можеби јас згрешив нешто во правењето, но не пробав да правам пак.
Јас имам обичен Air fryer , не е некоја марка, па се поховано од замрзнативе правам во него (пилешки медалјони, крокети од компир, кромид) и крцкави ми се, печам и увијачи, стек, ражничи. Печам и пипер и домати за пинџур. Не собира многу, ама за едно јадење таман е.
копани,кокошка,свеж лосос ги праи крцкави од надвор внатре прсти да излижеш. мафините се вкусни замрзнато ,,поховано,,е убаво сланинка да ,,запечеш,,
Баш замрзнато поховано не ми е убаво, зејтинот го прави крцкаво но сочно. Ер фраеров ми ги прави крцкави, ама не и сочни. Да, можам пак да прснам масло, но не е тоа тоа со поховани работи. Сепак, за лиснати работи му давам 1000/10! И за сланинка!
Имам еден еир фраер и тоа не е некоја марка а душата му ја извадив се печам во него и солено и благо и лепчиња потпекувам и тортиљи, фали уште манџа да направам да можеше и тоа ќе правев.
Мене баш ми се сочни, не сакам упиени со масло, стекот ми е многу сочен, некои прскаат малку масло јас не. На скара посув ми е. Помфрит само од тој замрзнатиот и баш е вкусен. Само зеленчукот не ми е ок, пробав тиквички, како полуживи испаднаа, треба пак да пробам да ги ставам на појако, пипер и домати печам за пинџур.