Јас од тему нарачав. Код KU51505 @Waverly Raven едит, сега гледам имало и reusable опција со дупки: AU106257 Ова ќе си нарачам нареден пат
Ам сори Среќа шо не отворив нова. Туку коа веќе си тука, да те прашам Истиот фраер го имаме, како го печеш стекот (кога е цело парче) на колку степени и колку минути? На новиов шаоми ми загорува од горе цело време... И на 195 и на 185 Исто така, прашање бр. 2, дали печеш на двата слоја, фактички 1 слој долу 1 горе на грилот, и на која програма најчесто?
Веројатно во сетингс треба да влезиш дали Фаренхајтови или Целзиусови степени да е единица. На ова заокруженото да не се менува време и температура само? Што модел е?
На интернет барав. Вика дека треба да ти е уклучено у струја, али да не работи. И после ова да го држиш копчето неколку секунди. Упатство имаш ли? Прочитај на него што пишува.
Нема ни една година фраерот.не го користам многу и сега кога ја миев решетката гледам се излупила на неколку места.внимавам кога правам во него само со силиконска лажица користам и пак ова се случило. Вака сигурно е штетно да се готви и незнам дал ке ми признаат уште е под гаранција и си викам џабе фрлени пари.
Го имам на Делимано, првиот што излезе, го користиме најмногу за помфрит. Сега кога веќе има поголеми сакам да го сменам затоа што решетката веќе почна боја да ми пушта колку и да ја стругам, како изгребана е и сакам поголем. Вака помфрит правам на неколку пати. Од кој сте задоволни да е голем и убава да е храната. Не ме интересира дали преку телефон може да се уклучува кога не сум дома затоа што уред ни во лудило не би пуштила кога не сум дома. Го гледавме со мм на Тефал ама сепак сакам искуство и на други.
Пилешкото(копани поточно) дали убави сочни и меки испаѓаат или се посуви ? Сакам да го пробам за тоа но некако ми е страв да не се како суви
Јас го имам xiomi моделот кој тука се спомнува. Најголемиот 6,5л. Супер е. Правам и беровски компир во него. Многу е вкусен. Сочни се. Внатре се сочни, надвор крцкаци. Премачкани со сенф и зачини. Правам и кокошка во фолија. Исто е вкусна.