Јас имам Делимано, air fryer, искрено си ја врши работата и храната е одлична, но воопшто не сум задоволен од квалитетот. Корпата веќе неможе да се измие добро, а долниот дел или садот како и да се вика се излупи. Скокни го делимано ако сакаш да го користиш редовно. Прпорака Philips или Tefal.
Здраво. Завчера ми стигна air fryer од делимано овај модел. Јас немам искуство со ниеден air fryer па затоа сакам да ве прашам тие што го користат дали назад кај што дува треба да има некој мирис на несогорено како на пластика? Завчера го пуштив 1 сат да согори така без храна вчера исто 1 сат без храна а денес кладов стек и после тоа компири ама пак осеќам некоја миризба од кај што дува. Дали некој од вас има искуство да ми кажи дали е ова нормално и колку време ќе биде вака?
Здраво феминки до сега сум немала искуство со air fryer но сакам да купам и гледам дека има толку многу модели и варијанти па ако може ваша препорака исто капацитетот да биде поголем фала виии Па ќе споделувате рецепти
подобро ти е мултикукер да земеш, повеќе опции на јадења можеш да зготвиш. Ја таков планирам да земам.
Големината на air fryer-ot ти зависи од тоа за колку членови ќе готвиш. Би ти препорачал да земеш од 6 или 8Л па можеби и 10Л, помал не. Јас имам од марката Електролукс, го купив од Техномаркет и презадоволен сум до сега.
Јас имам аир фраер и мултикукер на Тефал, ги користам секојдневно, задоволна ептен, моја препорака Тефал.
Air fryer од 5,5 литри за 4 члено семејство дали е доволно големо? Или секако на неколку пати треба да се прави што и да се прави? Го гледам Xiaomi Mi Smart Air Fryer 5,5 l, 1600W
Мал е 5.5L. Јас имам Xiaomi 6.5L, за копани, крилца, доволно е за 4 (собира најмногу до 1кг копани/крилца со често мешање), цела кокошка исто собира, а за други јадења од кои треба да се готват поголеми количини, мора на двапати.
Дали некој го има овој модел дали сте задоволни мојот е ваков денес го земав не ми е јасно во врска со резервоарот дали треба секогаш да е полн со вода или зависи што готвите поздрав
Здраво. Зедовме аир фраер. Денеска сакам да направам копанчиња, ако може да споделите искуства? Како што гледав на 190 степени се прави 10мин па после уште 10мин се вртат од другата страна. Обично кога сум правела во фурна на 200 степени ги имам правено од 40 до 50 мин