Баш ќе пробам и јас, а скрос размрзнати се? Дали имаш пробано така и друго месо, кокошка? Зедов поголем па да го испробам
Само копанчиња така и крилца исто... Да скроз одмрзнати и пред тоа ги оставам малку со вегета маринирани да постојат. Кокошка јас немам пробано ама кај снаами така ја прават на 200 степени 1 час печење и била одлична,исто ја прават директно на печење без варење и за риба исто така е одличен
Риба често готвам, стек исто, претходно имав помал и маста му ја вадев, сега овој поголем се надевам ќе ми се погоди.
Дали фраерот може да се мие во машина? Го мијам со сјај, ама маж ми печеше месо во него и не го измил одма.
Јас не го мијам во машина,кога е така засушено туривам сјај и жешка вода да постои така некое време и после се мие лесно
Јас на почеток малку ги варев, па печев. Сега во последно само печам, но претходно маринирам барем 3-4 сати или преку ноќ. Маринирано пилешко месо ми е врв, но барем 30мин пред да печам го вадам месото на собна на температура и многу подобро и еднакво се печи. За цело пиле, еднаш сум печел, но претходно го извадив ‘рбетот на пилето и го сплескав за подеднакво да се испечи. Печев 45-50 мин на 200, претходно маринирано.
Риба (ослич) како правите? Кога и да правам во фраерот мноогу повеќе мириса рибата, и за јадење и додека се готви.
Да ти кажам право и мене ми испаѓа така,и посува е некако ич не ме бендисува.. не знам дали има некој поинаков начин на правење за да е убава
И јас го мијам со сјај. Ставам жешка вода и сјај и така стои 10 минути. Ама ова што е запечено никако да се измие. Така е кога маж ќе се пикне во кујна Еднаш го ставив во машина, ама не се изми убаво. Со какво сунѓерче го миете?
Ослиќ филети имам правено, ги премачкувам со мешавина од маслиново масло, зачини, лимон, лукче и ги печам 20-30 минути ако е многу долго суви се. Исто вака правам и лосос филети.
Се се прави. Јас нема што немам направено. Лазањи, зеленчуци, мафини, се. Господска работа. Рерна многу ретко користам.