Здраво, го порачав овој Air Fryer од А1 со бонус. Го има некоја пробано? Добар е, да не направив грешка?
Здраво, одговоров е одамна ама ако видите случајно за пирошки сакам да пробам од готовите колку време отприлика да ги наместам за во ерфрајер? Со оглед дека ми е нов осврн компири друго не сум пробала за правење
Јас на потенко како помфрит ги сечкам, во посебно ги посолувам и со некоја капка маслинов зејтин, убаво мешам и на 180 с. Ги протресувам одвреме навреме. За да се направат убаво не го преполнувај садот. Кај нас дома често се прави, преубав е вака.
Нема, кој и да ти каже спротивно, ќе те излаже. За да испаднат крцкави, треба компирите да се потенки и наредени во еден слој без преклопување, со малку масло секако, оти во спротивно испаѓаат како варени.
Ќе ставам чечкалици над компирите, а на другиот крај на чечкалиците ќе ставам од тоа хартијата за ерфраер и на неа ќе наредам уште еден слој од компирите. И така наместо за 1 саат, ќе јадам за 20 минути.