Тоа ми е комплицирано. Бебешка каша во тенџере наједноставно се прави и најубаво. Може, до 200 степена загрева.
Како за прв пат денес го пробав, исецкав неколку моркови како компирчиња, ставив сол, вегета и мачку шарена сол, мачлу маслиново масло и за 15 минути на 180 степени имав супер ужинка, не се ни познаваше дека беа моркови, повеќе личеа на компирчиња, што мислам дека е супер штос за прибирливи дечиња.
Кои ви се најдобри рецепти во Air Fryer? Лупнав 100 евра и еднаш месечно го користам.. Стекот ми испаѓа вкусен, помфритот не ми се допаѓа баш. Што би ми препорачале?
Што му фали на делимано? Јас го имам и сум задоволна. Инаку види во Сетек, пред некој ден гледав таму, имаат добар избор. Тефал марка на пример.
https://www.mediamarkt.de/de/product/_philips-hd-9762-90-airfryer-xxl-avance-2494904.html Ваков од Бугарија земав на роднини свадба пошо не сакаа поклон во плик Жената рече дека е презадоволна..
Дали кога сакате да зготвите компир и морков треба ептен тенко да се исечени? Значи 3 пати стави-провери-врати правев и пак не испаднаа добро, како пресушени, а морковите внатре уште тврди беа, не како во рерна кога обично ги правам. И уште едно прашање, дали под решетката значи на самата фиока долу може да ставам хартија за печење за тука врз неа да истекува од храната и после полесно да се исчисти или не смее?
Јас помфритот го сечкам секогаш тенок, за полесно и побрзо да се зготви. Морков еднаш пробав сечкан на кругови, ама заедно со микс од зеленчук, сѐ друго се испече убаво, морковот си остана тврд, тешко и споро се готви.. Претпоставувам дека мора многу тенко. Едит: заборавив да кажам дека никогаш не успева вкусот на помфритот да е сличен на вкусот кога е пржен во масло или печен во рерна
На мојот има програма за готвење компир, ги сечам на средна големина и гледам да е само еден ред, да не е преполнета корпата и за 20 минути се готови. Си велам дека би можело да се стави хартија, долниот дел е само фиока нема ни греачи ни ништо тука долу.
Дечки, кажувајте како приготвувате храна во апаратов. Денес прв пат пробав со свинско (бут), само зачинети парчиња без масло, 20 мин на најјако - испаднаа супер. После пробав со компири, пробав прво само ги посолив, после 10 минути кога проверував дали се готови забележав дека делумно загоруваат на места, а повеќето остануваат живи, па додадов едно мало лажиче масло. Продолжив да ги правам уште 20 минути и добри 10% останаа живи, а остатокот започна да се препекуваат. Во превод, компирот ми испадна многу лошо. Има некоја финта или не иде компир во air fryer? Споделувајте рецепти, дајте идеи.
Ух, баш си го промашила „пржењето“. Прво, за да ти се испржат добро компирчињата секогаш пржи ги на средна температура. Затоа што така ќе се пржат многу поурамнотежено. Топлината не ја „гори“ површината туку продира и внатре. И, да, пржењетона компири во ер-фраер трае подолго отколку да ги пржиш „класично“, токму поради тоа што пржењето е на пониска температура и рамномерно распределено. Јас ги „пржам“ на 155/160 степени. Второ. Секако треба неколку пати да ги превртуваш. Да речеме еднаш на пет минути. Јас сигурно ги превртувам 5-6 пати. (и повеќе). Трето. Секогаш ставај масло. Тоа дека можеш да испржиш добро компири во фраер без масло е мит. Месо, секако можеш, затоа што месото веќе е мрсно. Плус, маслото им дава златеста боја. Се разбира, користи маслиново масло. И не мора многу. Маслиновото масло е многу здраво и им додава вкус на компирите. Четврто. Колку поголема количина компири пржиш толку повеќе време ќе ти треба и повеќе пати ќе треба да ги превртуваш, за топлиот воздух да ги „фати“ сите. Јас сигурно пржам 20+ минути четири-пет средни компири. Поголема количина уште повеќе. За ова ќе стекнеш осет после извесно време. Ти препорачувам да ги сечеш како помфрит, а не како тркалца. Така ќе изгледаат многу покомпактни, не се кршат и полесно се мешаат. Не ти препорачувам да комбинираш разни продукти во исто време, затоа што, на сите им требаат различно време на пржење. *** Додај сол, црвен пипер, маслиново масло, и оригано во компирчињата, имаат многу подобар вкус. Пробај вака, па кажи како ти излегле. Компирчињата во ер-фраер излегуваат добро.Ти треба само мало експериментирање со времето и температурата. Сите почнале како тебе! И да, ќе заборавев... Не очекувај ПРЖЕНИ пржени компирчиња. Очекувај нешто меѓу пржени и печени компирчиња, затоа што фраерот функционира на топол воздух. Но, како и да е, вкусот е убав.