Изглеа само ја не знам да готвам во него. Освен компир ништо не е вкусно... има некоја страна со рецепти?
Додека му свикнеш, јас на почеток ни компири не знаев да правам со него, првите 2,3 пати катастрофа беа Сега ми е десна рака, многу сум задоволна, е сега тоа долу решетката смени боја ама искрено не ми менува нешто а и да рикне решена сум одма ново да купам. Можеш и за риба, стек да го користиш, за колбаси, плескавици. Јас со него почнав стек да јадам инаку не јадев стек. Го осолуваш стекот што сакаш од зачини, го валаш во јајце па во презла, го премачкуваш со путер, јас обично ставам тенки резанки путер на месото и го ставам да се пече. Претходно исчукан стекот. Многу ми е вкусен, не е сув, сочен и мек е. Ќе го превртуваш и ќе внимаваш колку сакаш да е печен по вкус, ако повеќе сакаш да крцка нема да е толку сочен, ама секако презлата дава убав вкус па не мора да се препече. На 160 ст печам, за време си погледнувам колку сака да е печен.
Душата му ја извадив само на него готвам. Заборавив дека постои рерна. Печам сѐ, лебчето за Бадник го печев во него и убаво испадна,меко и вкусно. Лично, многу ми е практичен особено за приготвување храна за работа.
Zdravo na site Pisuva deka delimano air fryer-ot go nema na zaliha, a sakav da go kupam kako podarok za 8 Mart. No dole pisuva nema na zaliha javete se na brojot? Sto znaci toa? Dali samo online go nema ili? Ako nekoja od vas znae
Телефонски неможе т.е немале пристап да видат дали и каде имат залиха на одреден производ. Така ми кажаа пред некој некој за една моја нарачка. Во петокот бев у продавницата во Веро Џамбо и баш го гледав имаше , не верувам за еден ден да испродале се. Провери или најуаво ако најдеш бр од продавницата јави им се директно.
И мене компирот не ми излегува добро. Прв обид, не ставив масло, моја грешка. Втор обид, пак грд ми испадна иако ги намрсив компирите (језда и компирот не беше нешто нај нај, зш и во тава излегоа тапа). Пробав со замрзнати, океј беа, ама не како во зејтин во тава. Беше намален во фебруари, некои си 500-600 денари. Уште тестирам опции, ама до сега се' месо што ставив, супер испадна. Пробав си со свинско и со стек и со плескавици и со ослич. Топ! Исто готови мантии замрзнати супер испаѓаат. И готови переци замрзнати.
Како го печиш лепчето на колку степени и колку минути? Инаку за компирите, мене ми се ептен вкусни малце подварени колку да омекнат и после во фраерот.
Го имам одамна, на почетокот бев скептична и мислев дека воппшто не ми е функционален. Печам редовно во него, компир зимам замрзнат бидејќи ми е многу позгодно одма од пакетче на печење него да лупам и сечам ( мрза сум малце за тие работи). Месо правав стек, риба , колбаси..свинско ама тоа малку потешко оди па избегавам. Највеќе душата му ја вадам за појадок печам со силиконски калап вафли. Калапот ми е од Алиексперес. Печам кифли замрзнати полупечени што се ми е згодно, за некоја минута има топла кифла детето за на училиште. Печам зеленчуск, на пример брокула ко што не бара мн печење одлично испаѓа на пониска температура. Најбитно јајца варам за Велигден петка. Ги мијам јајцата влажни ги ставаат вантре и се пушта. Сето ова пто го набројав го правав со хартија за печење внатре, чиста работа. За брзинска работа е одличен.
Не пукаат? Само го премиваш јајцето и го ставаш внатре влажно, не додаваш вода? И колку јас истовремено ставаш?
Go nema nikade ne e dostapen steta a bas se zagreav da go kupam kako podarok Predlog drug air fryer? Od setec, iskustvo?
Не не пукаат, само ги мијам и така влажни ги ставам. Не додавам вода и колку збира 5-,6-7. Еве ти пробај со 2 за почеток и ќе знааш и на која температура ќе треба/
Јас го имам на тефал од технополис, мислам оти 5 илјади го земав ама поголем е од тој од делимано и не е пластика како играчка Прво влегов во топ шоп во капитол ама кога видов каков е се предомислив
Јас го имам тој на Делимано и сум ептен задоволна. Ем брзо ем вкусно ја приготвува храната. Особено пиците ми се допаѓа како излегуваат.
Дали ставате некоја подлога? Пишува да не се става алуминиумска фолија, но онлајн на видеа што гледам или ставаат таква или за готвење хартија. Не ми се дава 700 денари за тоа тавичето додаток (на делиманото), дали сте пробале и со други садови внатре? Знам дека е лесно за чистење, но сакам дополнително да си олеснам.